Промовирани огласи »

Шпанија има потреба од келнери кои би работеле во Валенсија, кои би го знаеле шпанскиот јазик.

За работниците се обезбедува сместување и храна. Се обезбедува плата плус бонуси ако работниците добро се покажат. 

На Шпанија и недостигаат квалификувани работници. 

Оваа земја ќе профитира од нападите кои ја зафатија Турција, и ќе и требаат 40.000 работници во туризмот. 

Шпанските работодавци веќе бараат работници преку огласи во странство. Дел од работниците ќе бидат регрутирани од Хрватска, а платата за нив ќе изнесува 6750 куни. 

Промовирани огласи »

Германскиот производител на спортски автомобили во просек профитира 17 250 долари (16 00 евра) на секое продадено возило, пресмета Блумерг.

Порше во 2016 година на купците им испорачал малку повече од 238 000 автомобили, додека просечен профит по возило е зголемен за 9% во однос на 2015 година.

Колку за споредба, сопственикот на Мерцедес, компанијата Даимлер, имала чиста заработка од околу 5000 долари по продаден автомобил во годината која е зад нас, а слична заработка по испорачано возило има и Бе -Ем – Ве.

Порше во последните три години ја зголемил годишната продажба на автомобилите за дури 47%, благодарение пред се на новиот модел, кросовер Macan.. Околу 40% од сите продадени Порше возила ја носат ознаката Macan.

Произведувачот од Штутгарт во просек своите автомобили ги испорачува по цена од 99000 долари (околу 92000евра).

Промовирани огласи »

Станува збор за соработка со организацијата RED и борбата против СИДА. Компанијата со продажбата на сите уреди во црвена боја ги донираше сите пари, кои вкупно изнесуваат 130 милиони долари. Телефоните не се разликуваат од класичните седмици освен црвената боја, а ќе се продава со капацитет од 128 и 256GB.

За корисниците што планираат да го купат најмалиот и најевтиниот iPhone SE, од компанијата пристигна добра вест, зголемена е досегашната количина на меморија, така што во понудата за иста цена ќе бидат достапни модели со 32 и 128GB меморија.

Промовирани огласи »

Ким Скот е поранешна директорка на Apple и Google, а сега отворила фирма преку која нуди различни тренинзи и совети за директори на различни компании. Авторка е и на книгата „Radical Candor: Be a Kick-Ass Boss Without Losing Your Humanity“, а еден од најкорисните совети кои ги дава е како да ја извлечете потребната информација од вработениот.


Еден од проблемот при односот и комуникацијата со вработените е што тие на прашањето „Дали сѐ е во ред“ ќе одговорат дека сѐ е во ред, иако во реалноста работата е многу поразлична. Мислењето на вработените е исклучително важно, бидејќи токму нивното мислење може да ја кочи работата и развојот на фирмата.

Ким советува дека во такви ситуации треба да се примени правилото 6 секунди непријатна тишина – кога вработениот кажува дека нема проблем и сѐ е во ред, шефот би требало да молчи 6 секунди, кои ќе направат да изгледаат како да се многу подолго. Голема е веројатноста многу луѓе да не го издржат тој „тивок притисок“, па на крај ќе кажат што е проблемот и што е она што им пречи на работното место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »