Xperia серијата на Sony е проширњна со моделот L1 кој ќе треба да се наметне во средната класа со перформанси кои одржуваат ниво, а притоа цената е доста прифатлива за поголем дел од пазарот, особено во Европа.
L1 располага со одличен 5,1 инчен екран со HD резолуција, а работи на со помош на четири-јадрен процесор од1,5 GHz. Смартфонот е надополнет со 2 GB RAM меморија и 16 GB интерна меморија која што може да се прошири со microSD мемориска картичка.
На задната страна од телефонот се наоѓа камерата со резолуција од 13 мегапиксели (f/2.2), додека предната камера за „селфи“ има резолуција од 5 мегапиксели. Телефонот има и DualSIM поддршка, опремен е со USB-C конектор и батерија со капацитет од 2620 mAh и Stamina режимот на Sony за заштеда на енергија.
„Xperia L1 е паметен телефон кој што го обединува практичниот формат и функционалноста. Комбинира исклучително квалитетен екран и флуидни перформанси со препознатливиот дизајн на Sony. Ова е телефон со кој што ќе можете гордо да се пофалите“, изајви Тсотому Сато, директор на глобалниот маркетинг на производите во Sony Mobile Communications.
Xperia L1 пристигнува на пазарот во црна и бела варијанта, додека пак розовата варијанта ќе се продава само на некои пазари ширум светот. Продажбата на телефонот започнува во април, а за цената е познато само тоа дека ќе биде „прилично ниска“.