Промовирани огласи »

Благодарејќи на бројните мерки на централните државни банки, криптовалутите земаа нов залет и повторно станаа популарни, пишува Маркет Инсајдер.

Европската централна банка, ФЕД и Банката на Англија најавија купување на хартии од вредност, па исплашените потрошувачи и инвеститори се вртат кон Биткоинот.

Во само еден ден, неговата продажба порасна дури 23 отсто. Другите криптовалути, како етерум во истиот период пораснале преку 15 проценти, додека Коибејз, Битстамп и Битфинекс заедно пораснале 19 отсто.

– Кога станува збор за биткоинот, можеме да речеме дека крипто-кралот гори“, смета Наеем Аслам, аналитичар на Аватрејд.

Тој рекол дека земајќи во обзир дека цената пораснала преку 6.000 долари, што е важно ниво на отпорност, неговата популарност ќе продолжи да расте.

Промовирани огласи »

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција кажа дека платите на функционерите ќе бидат сведени на минимум.

-Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.

Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе зимаат плата од 14. 500 денари за април и мај.

Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, рече Заев.

Промовирани огласи »

Банките да обезбедат исплата на пензите до 28 март, им препорача Владата на вчерашната седница.

Владата ја разгледа и усвои информација за исплата на пензии за март 2020 година на предлог на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, се вели во соопштенето.
Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обратила до Македонската банкарска асоцијација, со барање поради вонредната состојба со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година. 

По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март, се вели во владиното соопштение.

Промовирани огласи »

Пакетот на можности за привремено олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците, коишто веќе се соочуваат или во наредниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во намирувањето на своите обврски кон банките и штедилниците, предизвикани од состојбата со коронавирусот, овозможен со вчерашните регулаторни измени може да е многу поповолен од мерка за замрзнување на кредитните обврски, доколку ефективно се примени, вели гувернерката Анита Бежовска-Ангеловска.

„Покрај одложувањето на обврската за плаќање којшто според одлуката што ја донесовме може да биде и подолго од три месеци, се овозможува и промена на другите услови – каматната стапка, вкупниот рок на достасување на кредитот итн., а го променивме и рокот за нефункционалните кредити. Оттука, пакетот што е содржан во донесената одлука е многу поширок“, објаснува гувернерката.

Ова таа го истакна во изјава за Канал 77. Таа и посочи дека можностите за промена на договорните услуги се однесуваат на сите кредитни услуги, вклучително и на кредитните картички и дозволеното пречекорување, односно минусните салда.

„Банките и штедилниците се мотивирани на засегнатите кредитокорисници да им ги понудат поволните можности за промена на постојните договорни услови. Очекуваме банките и штедилниците активно да ги користат можностите дадени со одлуката што ја донесовме вчера, бидејќи и во нивен интерес е да помогнат компаниите да го пребродат овој шок и да можат да опстанат на долг рок и да имаат капацитет за да можат понатаму да ги сервисираат обврските“, кажа Ангеловска-Бежоска.

Во изјавата, таа одговори и на актуелното прашање зошто централната банка не донесе одлука за запирање на наплатата на кредитите во следните три месеци.

„Народната банка нема законска надлежност да пропише неплаќање на обврски кон банките и штедилниците. Максимумот што можевме да го направиме го остваривме со регулаторните измени донесени вчера – остваривме максимално релаксирање на регулаторните услови за да се намали финансискиот товар на граѓаните и компаниите“, посочи гувернерката.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »