Промовирани огласи »

Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 9,18 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 5,00 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4,50 денари за литар и ќе се продава за 52 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 денари по литар, и ќе изнесуваат 45,50, односно 34,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 3,195 денари з акилограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува  и ќе изнесува 18,738 денари.

-Ова се моменти кои во историјата на тргувањето со нафтените деривати не се паметат. Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со Ковид 19 донесе силни намалувања на цените и кај нас. Континуираното темпото на силен тренд на намалување на нафтените деривати е рекордно од кога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има надлежност да утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, изјави посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Со денешната одлука, додаде, повторно драстично ги намаливме цените на нафтените деривати што е потврда дека Методологијата по која се формираат цените на нафтените деривати ги штити интересите на потрошувачите.

-Сакам да потенцирам дека единствено РКЕ е надлежна за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и секој понеделник носи одлука. Сериозно ќе ги разгледаме можностите за одговорност на лицата кои од позиции во институциите шират шпекулации за цените на нафтените деривати пред официјално да се објават. Упатувам апел во оваа вонредна состојба сите да сме одговорни. Секоја шпекулација може да се одрази врз економските текови кои се хипер сензитивни во овој период, посочи Бислимоски.

Промовирани огласи »

Благодарејќи на бројните мерки на централните државни банки, криптовалутите земаа нов залет и повторно станаа популарни, пишува Маркет Инсајдер.

Европската централна банка, ФЕД и Банката на Англија најавија купување на хартии од вредност, па исплашените потрошувачи и инвеститори се вртат кон Биткоинот.

Во само еден ден, неговата продажба порасна дури 23 отсто. Другите криптовалути, како етерум во истиот период пораснале преку 15 проценти, додека Коибејз, Битстамп и Битфинекс заедно пораснале 19 отсто.

– Кога станува збор за биткоинот, можеме да речеме дека крипто-кралот гори“, смета Наеем Аслам, аналитичар на Аватрејд.

Тој рекол дека земајќи во обзир дека цената пораснала преку 6.000 долари, што е важно ниво на отпорност, неговата популарност ќе продолжи да расте.

Промовирани огласи »

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција кажа дека платите на функционерите ќе бидат сведени на минимум.

-Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.

Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе зимаат плата од 14. 500 денари за април и мај.

Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, рече Заев.

Промовирани огласи »

Банките да обезбедат исплата на пензите до 28 март, им препорача Владата на вчерашната седница.

Владата ја разгледа и усвои информација за исплата на пензии за март 2020 година на предлог на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, се вели во соопштенето.
Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обратила до Македонската банкарска асоцијација, со барање поради вонредната состојба со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година. 

По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март, се вели во владиното соопштение.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »