Пасошите во целиот свет пристигнуваат во многу нијанси, но во само четири основни бои, сина, црвена, зелена и црна. Како што јави Business Insider, постојат неколку причини за тоа.
Сини: Се верува дека оваа боја ја избираат новата лига на нации, која ги вклучува: Индија, САД и Канада и јужноамериканските држави, како и Австралија.
Црвени: Црвената боја се поврзува за комунизмот и за источниот блок, па оваа боја и натаму ја имаат земјите кои имаат комунистичко минато, Кина, Србија, Летонија и други.
Зелена: Во овој случај религијата има клучен збор. Зелената се врзува за муслиманскиот свет, па земјите како што се Саудиска Арабија и Пакистан ја избираат оваа боја, додека африканските нации како што се Нигерија и Сенегал имаат вакви пасоши поради припадноста на Економската заедница на западноафриканските држави, чија заштитна боја е зелената.
Црна: Оваа боја најмалку се користи, а освен африканските пасоши на Замбија и Ангола, познат е и новозеландскиот пасош, затоа што црната е национална боја.
Како што се истакнува, САД ги тестирале сите четири бои, додека Канада имаше привремени бели пасоши, а причината беше техничката, најлесно било да се набават такви примероци.