Промовирани огласи »

Венко Филипче, министерот за здравство, информира дека се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. 

Со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус, објави министерот.

Во расчистувањето на теренот помогна армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство кои овозможија пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби заради побрзо справување со коронавирусот.

Промовирани огласи »

Поранешниот премиер Зоран Заев синоќа во интервју за емисијата „360 степени“ изјави дека во македонскиот буџет недостигаат две милијарди евра, при што додаде дека тоа не треба да се крие и дека тоа треба да го знаат граѓаните. И Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер за економски прашања во владата на Заев ја потврди катастрофалната кондиција во која се наоѓа буџетот на Македонија.

Заев прогнозира дека реализацијата на буџетските приходи ќе биде околу 30 – 40 проценти, што значи дека ќе недостигаат 60 проценти од планирана наплата во буџетот.

Мерката која ја предлагаме за кратење на платите на администрацијата можеби и нема да биде доволна затоа што недостигаат некаде околу две милијарди и 200, тоа се 60 отсто“, рече Заев. Тој додаде дека во моментов владата има усно одобрение за добивање на кредит во износ од 600 милиони евра, но тоа е малку затоа што до 2,2 милијарди имаме уште 1,6 милијарди евра. Но понудата на пари веќе не е така голема затоа што поголемите пари веќе ги земаа поголемите држави, рече Заев.

И Анѓушев прогнозира катастрофална состојба со буџетот на Македонија и дека буџетската дупка ќе биде две милијарди евра. Тоа значи дека државата во наредните месеци ќе има проблем со исплата на плати на администрацијата.

Во интервјуто за ТВ 21, Анѓушев вели дека мерката сите во администрацијата да земаат плата од 14.500 денари во април и мај, може и нема да може воопшто да се спроведе затоа што можеби ќе нема и за тоа пари во буџетот ако државата не преземе итни мерки.

Промовирани огласи »

Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс, порачува Народна банка денеска по гласините дека еврото е поскапено во однос на националната валута. Цената на еврото останува 61,69 денари и нема индиции дека тоа ќе се промени.

„Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути. Единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ние како централна банка ја објавуваме на нашата веб-страница –www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари“, информираат од НБРМ.

Од таму апелираат на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации, бидејќи со произволно толкување на информациите во врска со домашната валута може да се креира негативни ефекти за нашата економија. 

„Апелираме онлајн-платформите да не се користат како релевантен извор на информации и нивното прикажување на виртуелни пресметковни курсеви да не се смета за релевантен податок. Овие платформи не ја прикажуваат вредноста по која странските валути се купуваат на домашниот пазар, односно кај банките и менувачниците“, додаваат од централната банка.

Девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен, а девизните резерви се на двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година, порачува Народна банка.

„Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен!“, се вели на крај.

Промовирани огласи »

Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Covid-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Безансон, Филип Имбер.

– Може да се излекувате од вирусот, но сѐ уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. Тоа се случува кај носителите на хепатитис Б и Ц. Ова значи дека може да имате антитела против вирусот, но во исто време и самиот вирус, истакна Имбер на брифинг на Асоцијацијата на странски дописници на ОН во Женева.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, досега во светот има над 22.000 починати лица од новиот корона вирус.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »