Промовирани огласи »

Министерството за здравство ги задолжи здравствените домови во целата држава да отворат стоматолошки пунктови, но само за болка што не се трпи. Посебно во Скопје ќе работат само дежурни ординации во Јане Сандански, Ѓорче Петров и Бит Пазар за пациенти со неколкудневна забоболка, акутна инфекција или пак крварења.

Приватните стоматолошки ординации нема да работат, односно периодов ги ставаат во мирување а ќе се активираат како ресурси во системот доколку има потреба. Здружението на приватни стоматолози ја поздрави Одлуката на министерот за здравство за времено прекинување на редовната работа на стоматолошките ординации поради пандемијата со COVID -19 .

„Сосема е извесно дека во доста здравствени домови постојниот број на тимови кои пружаат итна стоматолошка заштита во нормални услови нема да можат да ја извршуваат работата во ново настанатата состојба и потребата од ангажирање и на тимови од ПЗУ ќе биде неминовна. Согласно Законот, во услови на вонредна состојба министерството може да ги ангажира сите постојни кадровски потенцијали таму каде што е најпотребно. Затоа , почитувани колеги да бидеме спремни да помогнеме на Здравствените домови со својот кадар , па и со своите ординации ако за тоа добиеме налог од Министерот . Впрочем за вакви мерки и вакво приспособување на работата на стоматолошката служба, ЗПЗСУ ПДДМ се залагаше и јавно предлагаше уште пред десетина дена“, се огласија од таму.

Во стоматолошката комора веќе ги добиле протоколите како ќе се примаат и третираат пациентите. Пунктовите се опремуваат со заштитна опрема за стоматолозите, дезинфекциски средства и се што е потребно за заштита на кадарот и пациентите од корона вирусот. Се планира сите градови да се оспособат за прием на итни пациенти. 

Промовирани огласи »

Интернет супермаркетите во Македонија се оптоварени со онлајн-нарачки со вонредната состојба што ја погоди и нашата земја и превентивните здравствени мерки кои имаат влијание како на начинот на купување, така и на самата хипер-побарувачка за одредени производи. Доколку нарачата сега достава до вашиот дом, производите најверојатно ќе ви пристигнат дури пред или на почетокот на април.

Paket.mk е интернет супермаркет кој  овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава. Сервисот е едноставен за користење, но во овој момент велат од таму дека побарувачката е зголемена за седум до осум пати повеќе и дека последните што нарачале ќе ги чекаат своите производи до следниот понеделник.

- Во овој момент потребен ни е десет пати поголем капацитет за да можеме веднаш да ги услужиме купувачите без да чекаат толку време. Инаку, до сега стандардно клиентите беа ценовно сензитивни со брз начин на живеење. Но во последно време имаме многу нови купувачи, а и самиот обем на она што се купува во една нарачка е зголемен и се купува речиси се што нудиме, вели Драган Јосифовски, управителот на Paket.mk.

E-commerce проектот на Paket.mk трае две години, а Јосифовски вели дека добро нешто што може да се извлече од актуелната ситуација со кризата е тоа што ги натерала потенцијалните купувачи да научат дека може да се купува и преку интернет.

- Во овој период нарачките се смирија до извесен степен, за разлика од изминатите недели кога наголемо се трупаа залихи. И покрај тоа, ние го шириме нашиот капацитет. Имаме 20 работници, а во моментов бараме дополнителна работна сила. Работиме 24 часа во три смени, а доставата барем до сега беше од 10 до 22 часот. Сега работите се сменија со новите мерки и ние чекаме да видиме што ќе ни се дозволи, а што не, дополнува Јосифовски.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на население за време на викендот во период од 16 до 05 часот, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Билетарници

*Од 7.30 до 13 часот во сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.

*Од 7.30 до 14 во сабота ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.

*Во недела, од 7.30 до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.

Центри за персонализација

*Од 7.30 до 14 часот во сабота ќе работат центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар.

Во недела ќе бидат затворени.

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје https://www.facebook.com/jspskopjee/ ), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

ЛИНИИ НА ЈСП СКОПЈЕ-ПОСЛЕДНИ ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ

ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ

Сабота (28.03.2020 год)

Линија 18 14.35 ч од Тр.центар 15.10 ч од Визбегово

Линија 18а 8.35 ч од Тр.центар 9.10 ч од Визбегово

Линија 118 14.05 ч од Визбегово 14.40 ч Тр.центар

Линија 31 14.20 ч од Д.Лисиче 15.05 ч од Тр.центар

Линија 32 14 ч од Љубин 15.05 ч од Тр.центар

Линија 33 14.20 ч од Д.Лисиче 15.05 ч од Дом на печат

Линија 47 14.10 ч од Љубанци 14.20 ч од Тр.центар

Линија 51 14.15 ч од Тр.центар 14.55 ч од Студеничани

Линија 52 14.30 ч од Тр.центар 14.55 ч од Ржаничино

Линија 53 14.30 ч од Тр.центар 14.45 ч од К.Бања

Линија 56 14 ч од Тр.центар 14.10 ч од Бојане

Линија 58б 11 ч од Брзовец 14.30 ч од Тр.центар

Линија 58а 13.10 ч од Св.Петка 14.10 ч од Тр.центар

Линија 58 14.20 ч од Д.дол 15 ч од Тр.центар

Линија 60 13.50 ч од Тр.центар 14.30 ч од Матка

Линија 160 12.50 ч од Дексион 13.30 ч од Матка

Линија 61 13.50 ч од Побожје 14.45 ч од Тр.центар

Линија 62 13.25 ч од Огњанци 14.30 ч од Тр.центар

Линија 63 13.20 ч од Тр.центар 14.10 ч од Мралино

Линија 63а 14 ч од Тр.центар 14.50 ч од Ајватовци

Линија 164 14.30 ч од Волково 14.50 ч од Никиштани

Линија 65 13.10 ч од Раштак 14.30 ч од Тр.центар

Линија 165 15.05 ч од Брњарци 15.30 ч од Стајковци

Линија 66 12.40 ч од Тр.центар 14 ч од Бучинци

Линија 66а 12.40 ч од Тр.центар 14.20 ч од Дељадровци

Линија 67 13.50 ч од Тр.центар 14.50 ч од Зелениково

Линија 68 14.40 ч од Тр.центар 14.20 ч од Сушица

Линија 70 14.05 ч од Батинци 14.45 ч од Тр.центар

Линија 71 13.40 ч од Бањани 14.30 ч од Тр.центар

Линија 74 12.50 ч од Д.Количани 14.30 ч од Тр.центар

Линија 81 14.20 ч од Тр.центар 15.05 ч од Горњани

Линија 180 6.30 ч од Драчево 7.05 ч од Цветово

Линија 163 14.25 ч од Драчево 15.10 ч од Илинден

Недела (29.03.2020 год)

Последните термини на поаѓање на линиите 18, 60, 63, 63а, 65, 66, 67, 70, 71 и 165, се исти како и во сабота. Линиите 13, 17, 21а, 35, 42, 51, 61, 62 и 164 не сообраќаат.

Линија 31 15 ч од Д.Лисиче 14.20 ч од Тр.центар

Линија 32 6 ч од Љубин 15.05 ч од Тр.центар

Линија 47 14.55 ч од Љубанци 14.10 ч од Тр.центар

Линија 52 14 ч од Тр.центар 15 ч од Ржаничино

Линија 53 14.10 ч од Тр.центар 13.45 ч од К.Бања

Линија 56 14 ч од Тр.центар 13 ч од Бојане

Линија 58б 11 ч од Брзовец 14.30 ч од Тр.центар

Линија 58а 14.10 ч од Св.Петка 13 ч од Тр.центар

Линија 58 14.20 ч од Д.дол 13.30 ч од Тр.центар

Линија 160 12.50 ч од Дексион 13.35 ч од Матка

Линија 66а 11.30 ч од Тр.центар 12.40 ч од Дељадровци

Линија 68 13 ч од Тр.центар 14.25 ч од Сушица

Линија 74 12.50 ч од Д.Количани 12.30 ч од Драчево

Линија 162 14.55 ч од Петровец 15.10 ч од Огњанци

ГРАДСКИ ЛИНИИ

*Сабота (28.03.2020 год)

Линија 2 14.40 ч од Автокоманда 14.40 ч од Сарај

Линија 2А 14.24 ч од Железара 13.35 ч од Сарај

Линија 3 14.30 ч од Панорама 14.20 ч од Сп.сала Јане Сандански

Линија 3Б 13.20 ч од Кв.пазар 14.10 ч од Панорама

Линија 4 15.05 ч од Хром 15 ч од 11 Октомври

Линија 4А 14.43 ч од Усје /

Линија 5 15.04 ч од Н.Лисиче 14.58 ч од Дексион

Линија 7 14.59 ч од Г.Лисиче 14.50 ч од Карпош 3

Линија 9 14.36 од Кл.центар 15.12 ч од Ск.север

Линија 13 14.40 ч од К.Вода 15.15 ч од Железара

Линија 15 14.22 ч од Н.Лисиче 15.06 ч од Карпош 4

Линија 15А 14.44 ч од Н.Лисиче 14 ч од Карпош 4

Линија 16 14.43 ч од Пржино 14.50 ч од Железара

Линија 17 13.05 ч од Островска 13.45 ч од Музеј на сов.уметност

Линија 19 14.36 ч од Карпош 4 15.21 ч од Ш.Оризари

Линија 21 14.50 ч од Тр.центар 14 ч од Бардовци и болница

Линија 21А 15.15 ч од Тр.центар 14.35 ч од Бардовци

Линија 22 15.05 ч од Тр.центар 14.55 ч од Лепенец

Линија 22А 13.55 ч од Кл.центар 14.44 ч од Лепенец

Линија 24 15.02 ч од Припор 15.10 ч од Тафталиџе 2

Линија 27 14.45 ч од Дом на печат 14.05 ч од Вардарска

Линија 28 15 ч од Тафталиџе 2 14.30 ч од Мак.село

Линија 35 14.35 ч од Н.Лисиче 13.55 ч од Ст.Север

Линија 41 15 ч од Тр.центар 15. ч од Драчево Типо

Линија 42 15.05 ч од Железара /

Линија 50 15 ч од Хиподром 15.20 ч од Кл.центар

Линија 57 15.10 ч од Радишани 14.42 ч од Козле

Линија 59 14.35 ч од К.бара 13.50 ч од Карпош

Линија 65В 15.16 ч од Тр.центар 15.08ч од Стајковци, Бр.пат

*Недела(29.03.2020 год)

Последните термини на поаѓање на линиите 4, 4А, 8, 16, 21, 27, 28 и 59 се исти како и во сабота.

Линиите 13, 17, 21А и 42 не сообраќаат.

Линија 2 14.35 ч од Автокоманда 14.45 ч од Сарај

Линија 2А 13.11 ч од Железара 14.05 ч од Сарај

Линија 3 15 ч од Панорама 15 ч од Сп.сала Јане Сандански

Линија 3Б 13.18 ч од Кв.пазар 14 ч од Панорама

Линија 5 15.07 ч од Н.Лисиче 14.49 ч од Дексион

Линија 7 14.42 ч од Г.Лисиче 14.59 ч од Карпош 3

Линија 8 15 ч од Љ.пат 15 ч од Влае

Линија 9 15.06 од Кл.центар 14.31 ч од Ск.север

Линија 15 14.55 ч од Н.Лисиче 14.15 ч од Карпош 4

Линија 15а 14.20 ч од Н.Лисиче 15 ч од Карпош 4

Линија 19 14.20 ч од Карпош 4 14.12 ч од Ш.Оризари

Линија 22 15.05 ч од Тр.центар 14.55 ч од Лепенец

Линија 22А 15.03 ч од Кл.центар 13.50 ч од Лепенец

Линија 24 15.10 ч од Припор 15.10 ч од Тафталиџе 2

Линија 41 15.12 ч од Тр.центар 14.52 ч од Драчево Типо

Линија 50 15.08 ч од Хиподром 15.20 ч од Кл.центар

Линија 57 15.11 ч од Радишани 14.54 ч од Козле

Линија 65В 14.53 ч од Тр.центар 15.06 ч од Стајковци Бр.пат

ЛИНИИ НА ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ:

*Сабота(28.03.2020 год)

Линија 9 14.52 ч од Кл.центар 14.59 ч од С.Север

Линија 11 14.25 ч од Тр.центар 14.25 ч од Рашче

Линија 11а 14 ч од Тр.центар 13 ч Свиларе

Линија 12 14.40 ч од Шишево 15.05 ч од Ск.саем

Линија 19 14.45 ч од Карпош 4 15 ч од Ш.Оризари

Линија 20 15 ч од Тр.центар 15 ч од Ш.Оризари

Линија 22 14.53 ч од Тр.центар 14.26 ч од Лепенец

Линија 23 14.54 ч од Ченто 14.54 ч од Дом на печат

Линија 45 15 ч од Тр.центар 15 ч од Ченто

Линија 47а 13.30 ч од Тр.центар 14.15 ч од Љуботен

Линија 52 13.20 ч од Тр.центар 14.20 ч од Ржаничино

Линија 55 14.50 ч од Арачиново 14.50 ч од Тр.центар

Линија 61 15.30 ч од Тр.центар 14.45 ч од Побожје

Линија 63 14.10 ч од Тр.центар 13.20 ч од Мралино

Линија 73 14.20 ч од Усје 15 ч од Ск.саем

*Недела (29.03.2020 год)

*Последни поаѓања на возилата на линиите 9, 11, 11а, 12, 20, 45, 47а и 63 ќе бидат во истиот термин како и во сабота.

Линија 73 нема да сообраќа.

Линија 19 14.40 од Карпош 4 15 ч од Ш.Оризари

Линија 22 14.45 ч од Тр.центар 14.35 ч од Лепенец

Линија 23 14.55 ч од Ченто 14.55 од Ченто

Линија 52 13.10 ч од Тр.центар 14.20 ч од Ржаничино

Линија 55 13.55 ч од Тр.центар 14.30 од Арачиново

Линија 61 13.50 ч од Тр.центар 14.45 ч од Побожје

Преглед на останатиот возен ред е достапен на веб страницата http://www.jsp.com.mk/ Дополни информации можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224.

Одделение за односи со јавност 

ЈСП Скопје 

Промовирани огласи »

Вирусот корона со себе донесе уште една епидемија која што на површина ја извади сета лажна блескавост на власта за македонската економија. За само две недели недостасува половина државен годишен буџет, вели во своето видеообраќање Игор Божиновски, од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кризата е голема, застанува извозот од Македонија, застанаа нарачките од домашните фирми, полека запираат погоните на македонските компании. Македонскиот работник повторно е загрижен за иднината на својата работа. И со право. Македонското стопанство дневно губи милиони евра, а работите не одат на подобро. Во отсуство на вистински мерки на власта, мораме самите да си помогнеме. Едноставно е, купувајте македонски производи.

Македонија произведува се што е потребно сега за домаќинствата, храна, пијалоци, средствата за лична хигиена, се што ви треба за надминување на состојбата за време на самоизолацијата. Во нашите маркети ќе најдете се што ви е потребно, а е направено во македонски компании од македонски работници, Со нашиот избор за купување на македонски производи ние заштитуваме работни места за вредните работници.

Вашиот избор нека бидат македонски производи, бидејќи македонската економија, македонските компании, македонските работници тоа го бараат од нас.

Сега е вистинскиот момент да си помогнеме самите, побарајте го знакот за квалитет на производите, за да ја заштитиме економијата, за да ги зачуваме македонските компании и работните места на македонските работници. Купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија, порача Божиновски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »