Промовирани огласи »

Пред катастрофалниот земјотрес, Скопје беше мирно и мало место каде владееше прекрасна хармонија и скромен живот. Сепак земјотресот промени се за само неколку секунди - така велат нашите баби и дедовци кои живееле и биле млади во тој период.

Погледнете ги сликите од неколку локации во центарот на градот во тоа време.

Камениот мост

Улица Македонија

Плоштад Пела

Панорама на центарот на Скопје

Промовирани огласи »

Во селото Хопеман кое се наоѓа во Шкотска, локалните жители ги “заплашуваат“ возачите на свој начин поради тоа што не возат со онаа брзина која е пропишана. Во ова село дозволената брзина е 40 километри на час но  повеќето возачи не ја почитувале оваа брзина.

Поради тоа локалните жители се обиделе на друг начин да ги вразумат несовесните возачи.

Тие облекуваат зелено елече и земаат фен за коса и го насочуваат кон возилата.Кога возачите поминуваат во ова село претпоставуваат има сообраќајна контрола па поради тоа ја намалуваат брзината.

Откако оваа информација се проширила низ социјалните мрежи и други граѓани започнале да го применуваат овој метод.

Но информацијата стигнала и до сообраќајната полиција па излегле во пресрет на граѓаните и сега поставиле повеќе контроли на патиштата.

„Тоа беше нашата цел. Ги облековме нашите деца и им дадовме фен и стоевме на улица и правевме “контрола“ заедно со децата бидејќи сакаме да покажеме дека најважно за нас е сигурноста на нашите деца“, изјавила Кармен Гилес, која е мајка на три малолетни деца.

Промовирани огласи »

Четиригодишниот Роман од Велика Британија го спаси животот на својата мајка користејќи ја апликацијата Siri, личен помошник кој им помага на корисниците, за да се поврзе со брзата помош.

Со соопштението од лондонската полиција е наведено дека 4-годишниот Роман на 7 март си играл со помалиот брат во куќата, кога забележал дека неговата мајка лежи на подот. Отишол кај неа, но таа не реагирала. Кога сфатил дека на мама ѝ треба помош, Роман го зел нејзиниот iPhone, го отклучил со притискање од палецот на телефонот и ја употребил апликацијата Siri за да повика брза помош.

После тоа, откако стапил во контакт со операторот, им ја дал адресата. Полицијата и брзата помош биле на местото после тринаесет минути. Жената ја нашле во несвест, ѝ пружиле прва помош, па откако се вратила во свесна состојба, ја пренесле на болница.

Полицијата објави и аудиозапис од разговорот со четиригодишниот Роман со цел да укаже на важноста за учење на детето за постапки при ситуација за итна помош.

„Многу е важно вашето дете да знае која му е домашната адреса и како да повика полиција или брза помош во итни ситуации“, изјави главниот инспектор Ад Аделекан.

Промовирани огласи »

Компанија е во потрага по некој кој би можел да патува низ светот и да престојува во луксузни домови вредни милиони долари.

Најдоброто? Платата изнесува 10 илјади долари, плус покриени патни трошоци. Компанијата „Third Home“ е во потрага по некој кој ќе може да ја работи оваа „тешка“ задача цели три месеци.

Кандидатот мора да разбере и цени луксуз, да има одлични вештини за пишување и искуство во патување.

Можете да понесете и сопатник, но компанијата нема да ги плати неговите, односно нејзините трошоци, туку само вашите.

Пријавите траат до 30 овој месец, а компанијата бара луѓе кои се слободни да патуваат во периодот од крајот на летото до крајот на есента, под услов да имаат важечки пасош, да не се плашат од авион и да имаат искуство на социјалните мрежи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »