Промовирани огласи »

Четиригодишниот Роман од Велика Британија го спаси животот на својата мајка користејќи ја апликацијата Siri, личен помошник кој им помага на корисниците, за да се поврзе со брзата помош.

Со соопштението од лондонската полиција е наведено дека 4-годишниот Роман на 7 март си играл со помалиот брат во куќата, кога забележал дека неговата мајка лежи на подот. Отишол кај неа, но таа не реагирала. Кога сфатил дека на мама ѝ треба помош, Роман го зел нејзиниот iPhone, го отклучил со притискање од палецот на телефонот и ја употребил апликацијата Siri за да повика брза помош.

После тоа, откако стапил во контакт со операторот, им ја дал адресата. Полицијата и брзата помош биле на местото после тринаесет минути. Жената ја нашле во несвест, ѝ пружиле прва помош, па откако се вратила во свесна состојба, ја пренесле на болница.

Полицијата објави и аудиозапис од разговорот со четиригодишниот Роман со цел да укаже на важноста за учење на детето за постапки при ситуација за итна помош.

„Многу е важно вашето дете да знае која му е домашната адреса и како да повика полиција или брза помош во итни ситуации“, изјави главниот инспектор Ад Аделекан.

Промовирани огласи »

Компанија е во потрага по некој кој би можел да патува низ светот и да престојува во луксузни домови вредни милиони долари.

Најдоброто? Платата изнесува 10 илјади долари, плус покриени патни трошоци. Компанијата „Third Home“ е во потрага по некој кој ќе може да ја работи оваа „тешка“ задача цели три месеци.

Кандидатот мора да разбере и цени луксуз, да има одлични вештини за пишување и искуство во патување.

Можете да понесете и сопатник, но компанијата нема да ги плати неговите, односно нејзините трошоци, туку само вашите.

Пријавите траат до 30 овој месец, а компанијата бара луѓе кои се слободни да патуваат во периодот од крајот на летото до крајот на есента, под услов да имаат важечки пасош, да не се плашат од авион и да имаат искуство на социјалните мрежи.

Промовирани огласи »

Kако може да ги подигнат парите заштедени во вториот пензиски столб, веднаш или во иднина, прашувале многу од осигурениците што овие месеци го добиваат таканаречениот зелен плик од едно од двете приватни пензиски друштва.

Од фондовите велат дека не е новина граѓаните да бараат информации како да си подигаат парите од приватниот пензиски столб и дека поради неинформираност често прашуваат кога ќе може да ги користат овие средства. Во KБ Прв пензиски фонд и во НЛБ Нов пензиски фонд на крајот на февруари членуваат 432.722 луѓе. Вториот пензиски столб е задолжителен, а парите може да се подигаат со исполнување на условите за пензионирање, односно со навршени 62 години за жени и 64 години за мажи и со минимум 15 години работен стаж, но и без толкав стаж, но со навршени 65 години старост.

Нејасности

Деновиве е поголем интересот на граѓаните за повлекувањето на парите поради тоа што друштвата имаа рок до 31 март да им ги испратат на осигурениците годишните извештаи за нивната лична сметка во зелениот плик. Пликот се добива или електронски или на домашна адреса. И 11 години откако функционира, дел од нив сепак не знаат кога ќе може да ги користат овие пари.

- Во периодот кога ги испраќаме годишните известувања имаме зголемена комуникација со членовите на задолжителниот и доброволниот пензиски фонд. Членовите најчесто бараат општи информации за пензиското осигурување, голем дел од нив прашуваат кога можат да ги користат средствата од вториот столб, вршат проверка на членството во задолжителниот или доброволниот фонд, бараат информација како да ја проверуваат својата пензиска заштеда, како да извршат поврат на персонален данок во доброволниот пензиски фонд - велат од НЛБ Нов пензиски фонд.

Од KБ прв отворен пензиски фонд велат дека годишниот извештај покрај информација за пензиската заштеда содржи информација и за инвестиционото портфолио на фондовите.

- Во пликот има информација и за остварениот принос, вредноста на сметководствената единица, како и извештај за наплатените надоместоци и провизии од страна на друштвото. Kако и секоја година така и оваа, регистриран е зголемен обем на комуникација со членството во овој период по доставувањето на годишните извештаи, и на сите прашања одговараме во најкраток можен рок - велат од KБ Прво пензиско друштво.

Во сигурни акции

Инаку двете друштва што управуваат со фондовите во приватниот задолжителен пензиски столб располагаат со 811 милиони евра. Толку се уплатените и оплодени пари на сите осигуреници. Уплатите што преку државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување завршуваат во приватните фондови ги оплодуваат за одреден принос. Во услови на продолжена политичка криза и економска стагнација дома, од фондовите велат дека првите два месеца имаат солидна заработка.

- Остварениот принос на фондовите од почетокот на годината е солиден со оглед на растот на акциските пазари во странство, како и солидниот раст на акциите што котираат на Македонска берза, но и фиксниот принос, кој фондовите го остваруваат од своите инвестиции во државни обврзници и банкарски депозити по повисоки камати од актуелните. Сепак, очекувањата за зголемена ранливост на пазарите до крајот на годината се рефлектирани во неутралното позиционирање на фондовите кон акции и акциски фондови дома и во странство - велат од НЛБ Нов пензиски фонд.

И во KБ Прво пензиско друштво оценуваат дека минатата година била добра, а се надеваат на позитивни трендови и годинава.

Илјада станаа 1.800 денари

Kолкава е личната заработка на секој осигуреник за 11 години колку што постојат приватните пензиски друштва, најмногу покажува вредноста на таканаречената сметководствена единица, која на почетокот имаше вредност од 100 денари. На крајот на февруари во двете друштва нејзината вредност е над 180 денари. Па ако имате уплата од 5.000 денари како придонес, а вредноста на единицата е 100 денари, тоа значи дека имате 50 сметководствени единици, односно дека поседувате 9.000 денари.

Промовирани огласи »

"И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“, вели Иван Карадак авторот на „Хихирику“, чија емисија од утре заминува во историјата.

Најстарата, единствена и уникатна сатирична емисија, своевиден бренд на Македонското радио, „Хихирику“ која над 40 години е најслушана и ги засмејува граѓаните во недела во 11 часот, од утре нема веќе да се емитува. Обид, поради немање пари да се затвори емисијата имаше и во 2014 година, но по реакции во јавноста, МРТ успеа да ја спаси. 

Овој пат, вели Иван Карадак, нејзиниот креатор, не се враќа повторно: „Претерано понижувачки е сето ова. Во средата ја снимивме емисијата, во петокот требаше да ја монтираме, и тогаш ме викна Главниот уредник и ми рече, ‘ако сакате монтирајте, ама и не морате’. Од Главната дирекција на Радиото не ме ни удостоија да ме поканат и да ми кажат во што е проблемот. Наводно, од Министерството за финансии нема одобрено средства за сите хонорарни соработници во МРТ“, ни рече Карадак.

Тој вели дека со Ѓокица Лукаревски како водител, немаат земено хонорар од јули 2016 година, а оти останатите актери не се исплатени последниве три месеци, и додава:„Откако ми отидоа Дади и Унџел, и Мешко во Америка, останавме Чоре, Ванчо, Гоце, Кате, Стојна, техничкиот снимател и јас. Во ‘Хихирику’, за овие 40 години поминаа најголемите комичари во земјава од Прличко, Тодорче, Мајсторот, Ценче Трпкова. Во оваа земја не знаеме ништо да чуваме што е вредно, нашиот код е самоуништување. Полека губиме се“, разочарано вели Карадак.

Големиот мајстор на сатирата вели дека таа е коректор на власта, па која и да е и  дека е здрава за секое општество: „И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“.

Иван Карадак е во пензија 7 години и оттогаш емисијата за хумор и сатира „Хихирику“ има третман на надворешен проект. Тој вели дека ќе одмори, зашто за сиве овие години месечно пишувал од 44 до 55 скеча, 60 афоризми и по 4 сатирични песни и безброј сонгови. Само заради слушателите вели, можеби би се вратил повторно во Македонското радио, ако се смени целата раководна структура.

Извор - Sdk.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »