Промовирани огласи »

Kако може да ги подигнат парите заштедени во вториот пензиски столб, веднаш или во иднина, прашувале многу од осигурениците што овие месеци го добиваат таканаречениот зелен плик од едно од двете приватни пензиски друштва.

Од фондовите велат дека не е новина граѓаните да бараат информации како да си подигаат парите од приватниот пензиски столб и дека поради неинформираност често прашуваат кога ќе може да ги користат овие средства. Во KБ Прв пензиски фонд и во НЛБ Нов пензиски фонд на крајот на февруари членуваат 432.722 луѓе. Вториот пензиски столб е задолжителен, а парите може да се подигаат со исполнување на условите за пензионирање, односно со навршени 62 години за жени и 64 години за мажи и со минимум 15 години работен стаж, но и без толкав стаж, но со навршени 65 години старост.

Нејасности

Деновиве е поголем интересот на граѓаните за повлекувањето на парите поради тоа што друштвата имаа рок до 31 март да им ги испратат на осигурениците годишните извештаи за нивната лична сметка во зелениот плик. Пликот се добива или електронски или на домашна адреса. И 11 години откако функционира, дел од нив сепак не знаат кога ќе може да ги користат овие пари.

- Во периодот кога ги испраќаме годишните известувања имаме зголемена комуникација со членовите на задолжителниот и доброволниот пензиски фонд. Членовите најчесто бараат општи информации за пензиското осигурување, голем дел од нив прашуваат кога можат да ги користат средствата од вториот столб, вршат проверка на членството во задолжителниот или доброволниот фонд, бараат информација како да ја проверуваат својата пензиска заштеда, како да извршат поврат на персонален данок во доброволниот пензиски фонд - велат од НЛБ Нов пензиски фонд.

Од KБ прв отворен пензиски фонд велат дека годишниот извештај покрај информација за пензиската заштеда содржи информација и за инвестиционото портфолио на фондовите.

- Во пликот има информација и за остварениот принос, вредноста на сметководствената единица, како и извештај за наплатените надоместоци и провизии од страна на друштвото. Kако и секоја година така и оваа, регистриран е зголемен обем на комуникација со членството во овој период по доставувањето на годишните извештаи, и на сите прашања одговараме во најкраток можен рок - велат од KБ Прво пензиско друштво.

Во сигурни акции

Инаку двете друштва што управуваат со фондовите во приватниот задолжителен пензиски столб располагаат со 811 милиони евра. Толку се уплатените и оплодени пари на сите осигуреници. Уплатите што преку државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување завршуваат во приватните фондови ги оплодуваат за одреден принос. Во услови на продолжена политичка криза и економска стагнација дома, од фондовите велат дека првите два месеца имаат солидна заработка.

- Остварениот принос на фондовите од почетокот на годината е солиден со оглед на растот на акциските пазари во странство, како и солидниот раст на акциите што котираат на Македонска берза, но и фиксниот принос, кој фондовите го остваруваат од своите инвестиции во државни обврзници и банкарски депозити по повисоки камати од актуелните. Сепак, очекувањата за зголемена ранливост на пазарите до крајот на годината се рефлектирани во неутралното позиционирање на фондовите кон акции и акциски фондови дома и во странство - велат од НЛБ Нов пензиски фонд.

И во KБ Прво пензиско друштво оценуваат дека минатата година била добра, а се надеваат на позитивни трендови и годинава.

Илјада станаа 1.800 денари

Kолкава е личната заработка на секој осигуреник за 11 години колку што постојат приватните пензиски друштва, најмногу покажува вредноста на таканаречената сметководствена единица, која на почетокот имаше вредност од 100 денари. На крајот на февруари во двете друштва нејзината вредност е над 180 денари. Па ако имате уплата од 5.000 денари како придонес, а вредноста на единицата е 100 денари, тоа значи дека имате 50 сметководствени единици, односно дека поседувате 9.000 денари.

Промовирани огласи »

"И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“, вели Иван Карадак авторот на „Хихирику“, чија емисија од утре заминува во историјата.

Најстарата, единствена и уникатна сатирична емисија, своевиден бренд на Македонското радио, „Хихирику“ која над 40 години е најслушана и ги засмејува граѓаните во недела во 11 часот, од утре нема веќе да се емитува. Обид, поради немање пари да се затвори емисијата имаше и во 2014 година, но по реакции во јавноста, МРТ успеа да ја спаси. 

Овој пат, вели Иван Карадак, нејзиниот креатор, не се враќа повторно: „Претерано понижувачки е сето ова. Во средата ја снимивме емисијата, во петокот требаше да ја монтираме, и тогаш ме викна Главниот уредник и ми рече, ‘ако сакате монтирајте, ама и не морате’. Од Главната дирекција на Радиото не ме ни удостоија да ме поканат и да ми кажат во што е проблемот. Наводно, од Министерството за финансии нема одобрено средства за сите хонорарни соработници во МРТ“, ни рече Карадак.

Тој вели дека со Ѓокица Лукаревски како водител, немаат земено хонорар од јули 2016 година, а оти останатите актери не се исплатени последниве три месеци, и додава:„Откако ми отидоа Дади и Унџел, и Мешко во Америка, останавме Чоре, Ванчо, Гоце, Кате, Стојна, техничкиот снимател и јас. Во ‘Хихирику’, за овие 40 години поминаа најголемите комичари во земјава од Прличко, Тодорче, Мајсторот, Ценче Трпкова. Во оваа земја не знаеме ништо да чуваме што е вредно, нашиот код е самоуништување. Полека губиме се“, разочарано вели Карадак.

Големиот мајстор на сатирата вели дека таа е коректор на власта, па која и да е и  дека е здрава за секое општество: „И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“.

Иван Карадак е во пензија 7 години и оттогаш емисијата за хумор и сатира „Хихирику“ има третман на надворешен проект. Тој вели дека ќе одмори, зашто за сиве овие години месечно пишувал од 44 до 55 скеча, 60 афоризми и по 4 сатирични песни и безброј сонгови. Само заради слушателите вели, можеби би се вратил повторно во Македонското радио, ако се смени целата раководна структура.

Извор - Sdk.mk

Промовирани огласи »

Старата изрека „облеката го прави човекот“, никогаш не добила поголема потврда од денешниот корпоративен свет, во кој треба да бидете особено внимателни при изборот на облека, ако веќе сакате да оставите добар впечаток. Всушност, облеката многу влијае како ве перцепираат на работното место и може да одигра улога во вашиот напредок.

Според истражувањето на Center of Professional Excellence во рамки на колеџот Јорк, дури 2/3 од испитаниците изјавиле дека облеката игра огромна улога кога е во прашање напредокот на работното место.

Познати брендови

Скапите и познати брендови имаат психолошко влијание врз оние кои ве набљудуваат затоа што се поврзуваат со асоцијации како што се статус, финансиска состојба, успех и интелигенција.

Ако веќе сте во позиција да си го дозволите ова, немојте никогаш да претерувате и да почнете да носите облека многу поскапа од онаа на вашите претпоставени. Практиката на многу директори на компании е при средбата со работници и останати вработени да се облекуваат скромно за да остават впечаток на приземна личност.

Конзервативно безвременско одело

Денешната мода не е премногу наклонета кон оделата, но одредено работно окружување самото по себе подразбира вакви модни парчиња. Во корпоративниот свет треба да оставите сериозен впечаток, но тоа не ве спречува да ставите некој детаљ кој ќе ја разбие монотонијата.

Секогаш во тренд

Буквалното следење на модните трендови не остава премногу добар впечаток за вас. Ако постојано се појавувате облечени во најнова мода оставате впечаток дека повеќе се грижите за својот изглед отколку за својата работа.

Лежерна облека

Некои луѓе едноставно не можат да се замислат себеси облечени по некој строг код како што се одела или било кој друг вид на деловна облека, па се облекуваат лежерно. Но, многу често околината таквите не ги сфаќа сериозно и истите оставаат впечаток дека не се грижат премногу за работата.

Провокативен изглед

Запрашајте се себеси следново, дали ако треба од работа да одите директно на излегување ќе треба да се пресоблечете? Ако одговорот е не, тогаш сериозно сте претерале во изборот на облека за на работа. Сексапилот изразен со вкус е умешност. Длабокото деколте и краткото здолниште пак се извонреден приказ за невкус.

Промовирани огласи »

Пред повеќе од 30 години неколкумина Македонци од струшко-охридскиот регион во САД започнале бизниси што до денес успешно работат. Нивните компании се со седиште во сојузната држава Њу Џерси, а последниве години го прошируваат бизнисот и во Македонија. Меѓу вработените кои бројат околу 200, голем дел се токму Македонци.

Најразработен и најголем по обем бизнис во кој се ангажирани Македонците е во областа на градежништвото.

Најголем бизнис тука е градежништво. Покрај градежништвото имаме неколку ресторани, сали за секакви свечености и работиме со недвижнини. Имаме и други помали бизниси кои функционираат во партнерство со други и би кажал дека повеќето од нив се од истиот крај на Македонија - вели директорот на градежната компанија APS Contractors, Inc од Њу Џерси, Гоце Блажески.

Крсте Блажески е еден од партнерите и воедно менаџер на хотелот Дрим во Струга. Тој раководи и со компанијата за испораки на пратки со голем обем, US International Wholesale, која од САД испорачува директно во Македонија со компетитивни цени. За почетоците на неговото работење во САД со него разговаравме во седиштето на компанијата во Њу Џерси.

Во 95–та, 96–та година отворивме прв сервис кој и ден денеска работи и дава услуги на македонските државјани во Америка да можат да испратат било какви пакети, вклучително автомобили и бродови, до Македонија, каде што нивните блиски и тие самите можат да ги подигнат. Тоа е единствена компанија за таа дестинација, вели Крсте Блажески.

Но, освен во градежништвото, Гоце Блажески својот ангажман го посветува и во областа на угостителството и тоа во срцето на Големото Јаболко.

Доколку сакате да го пробате македонскиот ајвар и македонското домашно сирење, и тоа во срцето на Њујорк, во единствениот македонски бар, тоа e, Мезе Бар.

Овој бар претходно работеше под името Балканика, за потоа да прерасне во модерен бар во кој служи храна од современа и традиционална балканска кујна.

 Дојдовме со идејата да го креираме Мезе Бар како проект кој ќе ги вклопува модерните американски коктели заедно со балканската кујна. Ова е единствен локал од ваков вид во срцето на Њујорк. Се наоѓаме само на три блока од Тајмс Сквер, вели Борис Митрески, менаџер на Мезе Бар, Њујорк.

Во Њу Џерси живее една од поголемите заедници на иселеници од Македонија. Њујорк со околината ги привлекува со развиената економија и особено со градежниот сектор каде работат голем дел од доселениците. Во САД, според последниот попис, има околу 60.000 луѓе кои се изјасниле за Македонци, но се верува дека оваа цифра е многу поголема, и според некои проценки се движи околу 200 илјади.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »