Новиот клинички центар ќе го гради конзорциумот предводен од Италијанската Инсо системи заедно со македонските Гранит и Бетон. Телевизја 24 дојде до документ кој покјажува дека понудата на конзорциомот веќе е вреднувана како најповолна.
„Комисијата за евалуација препорача доделување на тендерот на Инсо СПА и Гранит и Бетон како понудувачи со најниска цена кои ги поднеле комплетно бараните документи за тендерот.“
На одлуката е потпишан претседавачот на комисјата за евалуација Јован Грповски. Од министерството за здравство ниту ја потврдуваат, ниту демантираат информацијата.
Останува нејасно како паднала одлуката конзорциум предводен од фирма со негативен бонитет, спротивно на тендерските услови да го гради мега проектот Клинички центар.
Според официјалните извештаи што ги објавивме во 2015 година Инсо групата има нето загуба од над 1,7 милиони евра. Во исто време бројките на поединечниот финансиски извештај на Инсо спа, кој е дел од групцијата регистрираат минусно салдо на нето финансиската позиција од 49,1 милиони евра и нето профит од 900 илјади евра.
Одлуката на комисјјната за евалуација ги мобилизира останатите учесници на тендерот. Дел од нив веќе побарале увид во документите дознава телевизија 24 и најавуваат жалби.
Мега тендерот што го бутка техничкиот министер и пратеник Никола Тодоров од самиот старт го следат низа на контроверзии. Од избор на локација, на два пати менуван предмер, па се до пробиени суми за изградба.
Тодоров за неполни два месеци со различна сума во јавноста. „74 милиони евра е буџетот за Клинички“ – изјави Никола Тодоров пред два месеци.
„Инвестицијата само за градба ќе чини околу 70 милиони евра“ – изјави Тодоров минатата година.
По ваквото лиферување на сумите експертите побараа постапката да сопре.
„Не треба да се продолжи тендерот, треба да се застане тука и да се повлече и да се почне од почетокот откако ќе се направи добра проценка и добра финансиска консктрукција“ – вели Слаѓана Тасева од Транспарентност Интернешнл – Македонија.
Антикорупционерите алармираа дека техничка влада не смее да турка ваков грандиозен проект тежок 70 милиони евра.
„Не може еден министер во заминување да може да доделува таков проект“ – изјави Ариф Муса, антикорупционер во 24 Отворено пред два месеци.
За новиот клинички беа предвидени 70 милиони евра, пари обезбедени од кредит од Банката за развој на Советот на европа, но сите три компании кои доставија понуди го пробија овој буџет за неколку милиони евра. Тодоров тврди дека пари ќе се најдат, иако во буџетто за 2017 година не се предвидени нови суми за овој објект.