Промовирани огласи »

Технолошкиот гигант Apple се соочува со можна истрага на Нов Зеланд по извештајот дека во таа земја не платил данок најмалку 10 години.

Apple избегнал да плати данок и покрај заработените милијарди долари, пренесуваат медиумите.

Истрагата на весникот New Zealand Herald откри дека тамошниот огранок на Apple од 2007 година данокот од 37 милиони новозеландски долари, или 24 милиони евра, наместо на Нов Зеланд, го платил во Австралија.

Компанијата на новозеландскиот Apple е регистрирана во Австралија, а овие две земји имаат договор според кој даноците се плаќаат во само една од нив.

Apple соопшти дека работел според законот, но сепак се најде на удар на новозеландските политичари.

Некои даночни аналитичари го нарекоа договорот необичен, бидејќи австралиската даночна стапка за корпорациите е 30 отсто повисока од онаа на Нов Зеланд.

Apple последните години се соочува со притисоци заради префрлање на профитот во оф-шор зоните, заради што се водат постапки во рамки на Европската унија(ЕУ).

Промовирани огласи »

Предлог- протокол за социјален напредок ќе презентира денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

– Протоколот е клучен документ-платформа за обезбедување на социјалниот напредок во Македонија и е од фундаментално значење за подобрување на состојбата на работниците, информира ССМ.

Документот е изготвен во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија, а што го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Промовирани огласи »

Кога Мурат Карлеоглу (30), земјоделец од турската провиниција Ајдин, се враќа од нивата, цело село знае за тоа. Имено, тој потрошил 7.000 турски лири (приближно 1.800 евра) за најсовремено музичко озвучување кое го вградил во својот трактор.

Селанецот е главна атракција на нивата, каде што малку веселба никогаш не пречи никому. Тракторот модел „Маси Фергусон 266-Ге“ и претходно имал доста солиден стереосистем, но ексцентричниот фармер не бил задоволен од „количината“ децибели коишто тој ги произведува, па затоа решил да го надгради со звучници со поголема моќност, грамаден субвуфер, поддржан од уште помоќни засилувачи.

Интересот на медиумите го натера Мурат да подразмисли и за бизнис можностите, кои му ги отвора популарноста. Тој во една прилика изјави дека има идеја да го издава својот трактор под наем, за свадби и други свечености.

Промовирани огласи »

Поголемиот дел од активниот ден го поминуваме на работа, а тоа значи дека најчесто јадеме два оброка на работното место, или барем ручекот.

Во напорите да живееме здраво, а тоа значи и да се храниме здраво, одржувањето на квалитетот и буџетот може да биде тешко. Меѓутоа, не е неостварливо. Како и за сите важни работи во животот, треба да се одредат приоритети и да се биде организиран. Хранете се здраво и квалитетно, додека истовремено не го надминувате буџетот, со носење храна на работа.

Ако секој ден купувате кафе и готова храна на паузата за појадок или ручек (или и двете) ќе трошите повеќе пари: најмалку 300 денари за јадење „од нога“, а можеби и двојно повеќе ако седнете во ресторан на пауза за вистински оброк. Исто така ризикувате едноличност и низок квалитет на двата многу важни оброци во денот, бидејќи најчесто имате ограничен избор, или уште полошо, брза храна.

Кога еднаш ќе се организирате и ќе воведете ред и навика, сѐ е полесно.

Верувајте, ако можев јас да се организирам, најверојатно може и секој од вас. Пред еден месец почнав да го применувам методот на планирање на оброци за на работа однапред и резултатите се очигледни: здрава и балансирана исхрана, помалку стрес и помал буџет.

Планирајте однапред

Може да подготвите три до пет оброци однапред за работната недела или да ги спремате вечерта, зависи како ви одговара повеќе. Тоа нека биде храна што брзо и лесно се подготвува и транспортира: тестенини со зеленчук и сос, парче месо со зеленчук, ориз со риба, салати, тостови или wrap сендвичи. Дел од овие јадења може да ги чувате во фрижидер, дел во замрзнувач. Ако имате микробранова печка на работа, уште подобро, ќе може и да го згреете јадењето. Снабдете се со квалитетни садови со добар капак, со капацитет колку што е вашиот просечен оброк. Не заборавајте грст јаткасти плодови или овошје за ужина.

Бидете креативни

Можеби звучи како голем предизвик, но планирањето и подготвувањето на оброците ќе ви стане забавна навика. Подгответе си кафе по свој вкус и набавете си интересна термос-шолја што може да ја понесете со себе.

Смути напивките се здрави и хранливи, а може да ги направите вечерта претходно или за 5-10 минути пред да тргнете на работа. Понесете го вашиот омилен вкус во шише, чаша или штосна тегличка со рачка.

Експериментирајте, пробувајте нови рецепти, читајте блогови за готвење, разменувајте идеи со колегите. Може да се договорите со колега или колешка наизменично секој ден да носите храна за двете/двајцата. Балансираната исхрана наскоро ќе се преслика во балансиран живот.

Заштеда на буџетот

Одредете кој е буџетот што може да си го дозволите за храна додека сте на работа. Согласно вашите можности и вкусови, пресметајте колку ќе ве чинат намирниците за подготвување на оброците во една недела. Планирањето на оброците пред сѐ ќе значи голема заштеда и разликата во трошењето ќе ја забележите уште првиот месец.

Чувство на исполнетост

Кога ќе го доведете во ред прашањето на исхраната, пред сѐ ќе имате големо чувство на исполнетост. Контролата што ќе ја преземете врз трошењето на парите и организирањето на здрав начин на живот ќе ви дадат елан за работниот ден и за нова работна недела. На овој начин нема да чувствувате грижа на совест кога одвреме-навреме ќе се почестите ручек во ресторан со колегите. Бидете упорни и креативни и резултатите нема да заостанат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »