Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,00 денар/литар.

Промовирани огласи »

Секој работник има уставно и законско загарантирано право на одмор, но дали знаете што колку минимум денови годишен одмор ви следуваат?

“Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена“, стои во членот 137 од Законот за работни односи, со потенцирање дека со колективен или договор за вработување може да се продолжи до 26 работни дена.

Законот, исто така, предвидува и дека празниците, саботите, неделите и слободните денови, отсуства поради боледување, како и други случаи на оправдано отсуство од работа, не се пресметуваат во деновите на годишниот одмор.

“Работникот кој за првпат заснова работен однос, се стекнува со правото на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеци, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од полното“, стои во член 139 од Законот за работни односи.

Инаку, законодавецот утврди дека работникот има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по два дена за секој месец работа: ако во календарската година во која случил работен однос не се стекнал со правото на целосен годишен одмор и му престанал работниот одмор пред изминување на рокот, по истекнувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор.

Годишниот одмор по правило може да се користи во текот на календарската година. Може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни денови.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни денови годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30-ти јули следната година.

Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го користи до 30 јуни идната календарска година.

“Годишниот одмор се користи земајќи ги предвид потребите на работниот процес, како и можностите за одмор и рекреација на работникот водејќи сметка за неговите семејни обврски. Работникот има право еден ден од годишниот одмор да го искористи на ден којшто сам ќе го определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три дена пред користењето“, стои во членот 144 од Законот за работни односи.

Промовирани огласи »

Microsoft објави дека ќе ги затвори сите свои продавници и ќе има само онлајн продажба, како дел од својата стратегија за промена во делот на малопродажбата.

Како што се наведува, компанијата нема да отпушти вработени во текот на оваа програма. Наместо тоа, вработените во продавниците ќе преминат на работа во корпоративните згради на компанијата.

Microsoft исто така наведува дека ќе ги зголеми инвестициите во Microsoft.com како и во продажбата на Xbox и Windows.

Технолошкиот гигант додава дека неговите продавници се затворени од март поради пандемијата на коронавирусот, а дека неговите вработени успеале да обезбедат онлајн поддршка за клиентите.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавачите согласно Колективните договори да исплатат регрес за годишен одмор на почетокот на јули кога и најголем дел од работниците го исполнуваат условот за добивање регрес за годишен одмор со работење најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

– Бараме и останатите работодавачи согласно Гранските или Колективните договори на ниво на работодавач да го сторат истото на почетокот на јули. Со оглед на можноста од користење на ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите кои ги додели Владата и исплатата на К-15, македонските работници особено оние со пониски примања ќе можат да си дозволат годишен одмор за своето семејство, а со тоа ќе бидат поддржани и туристичко-угостителски објекти низ државата кои во изминатиот период беа најпогодени поради нивното неработење, наведува ССМ.

ССМ апелира, работниците, средствата од ваучерите како и регресот за годишен одмор да ги искористат исклучиво во туристичко-угостителски објекти во кој има организирано синдикат и каде што не се кршат правата на оваа категорија на работници, а со тоа, како што велат, да придонесеме и спречиме, несовесни работодавачи да ги злоупотребат нашите пари и истовремено да ги кршат работничките права на нашите колеги.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »