Промовирани огласи »

Поради растечкиот број на невработени во кризата, владејачката ЦДУ/ЦСУ планира да ја намали понатамошната миграција на работна сила. Намалувањето ќе биде извршено на основа на одлуката од 2016 година за олеснување за граѓаните од Западен Балкан.

Работните групи од владејачката фракција се согласиле олеснувањата, кои истекуваат кон крајот на годината, да ги продолжат за две години, но се согласиле и во врска со намалувањето на можноста неквалификуваната работна сила да може да ги користи истите, пишува Welt am Sonntag.

Правилото за работници од Западен Балкан е воведено пред пет години, откако властите ги наведоа земјите од Западен Балкан како безбедни земји на потекло со намера да се намали масовната имиграција преку системот на азил.

Податоците на Eurostat покажуваат дека Германија им е најомилена на македонските државјани кои се решаваат да побараат подобри услови за живот и работа во странство. Па така, на први јануари лани во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани.

Промовирани огласи »

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Грција од среда отвора седум гранични премини на копнените граници со Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Во однос на нашата земја, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премина.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче не може да каже точно кога би биле отворени градинките, но како што вели, тоа сигурно нема да биде во скоро време, поради порастот на бројот на заболени.

 -Тешко е сега да кажеме точно време тајминг кога би се отвориле меѓутоа засега сигурно не, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашањепо посетата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, каде сега се примаат пациенти со КОВИД-19.

Тој потенцира дека одлука да се направи скрининг на вработените била донесена во период кога стостојбата со коронавиусот дозволувала да се размислува за отворање на градинките.

-Во моментот кога беше одлучено да се прави скрининг на вработените во градинките, состојбата беше таква што тие можеа да се отворат и заради тоа беше направен. Но со зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи сега во овој момент не е време да се отворат градинките, заради тоа што децата апсолутно се големи трансмитери на вирусот кон членови на своите семејства, рече министерот за здравство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »