Промовирани огласи »

Учениците се подалеку од враќање во школските клупи. Капиите на училиштата најверојатно ќе останат затворени и по 1-ви септември, судејќи по објавениот документ од Министерството за образование, кој предвивува организирање на далечинска настава во новата учебна година.

Насловен “Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во земјава”, во документот меѓудругото се бараат измени во законската рамка.

Ќе се доуредуваат работните должности на наставниците, начинот на кој ќе ја користат информатичката технологија, а законите ќе претрпат промени и во начинот на организација на наставата и во оценувањето на учениците.

Лоцирани се и најголемите предизвици кои треба да бидат надминати во следниот период. Околу 30 илјади ученици немаат компјутер во своите домови, па заедно со недоволната дигитална писменост, се наведува дека претставуваат најголема пречка за квалитетна онлајн настава.

Концептот за далечинската настава ќе се базира врз домашни документи, но и странски искуства. Појдовна основа ќе биде “Стратегијата за образование 2018-2025”, во која учењето од далечина нема добиено преодна оценка:

“И покрај тоа што за сите основни и средни училишта се обезбедени персонални компјутери достапни за сите ученици, примената не е доволно ефективна. Недостасуваат стандарди за користење во образовниот процес, а сите наставници не се доволно обучени”, се вели во овој документ.

Од останатите новини кои би ја прателе наставата од септември, се препорачува поголема вклученост на родителите во целиот процес, како и можност за одржување на онлајн час со две паралелки одеднаш.

Од МОН наведуваат дека Бирото за развој на образованието до петок ќе прима предлози и сугестии во врска со организирањето на далечинското учење.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на малопродажните цени на сите нафтени деривати се зголемија за 0,50 денари.

Промовирани огласи »

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари,  кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни. 

Како што информираат од Министерството за финансии станува збор за Валентина Ѓуроска, Нацо Запров, Јуле Тасевска Марков, Наталија Грчева, Сузана Антовска, Слаѓана Јовческа, Виолета Георгиева, Славица Димоска, Сузана Димитрова, Ивица Јаначков, Наталија Велиновска, Влатко Масалковски, Мухамед Мамуди, Јасмина Каранфиловска и Ванчо Ѓорѓевски. 

Тие беа извлечени во саботата, во вечерниот термин на Канал 5 ТВ. Петмина од наградените во петтото коло се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Битола и по еден од Прилеп, Гостивар, Охрид, Крива Паланка, Струга и Тетово.

Од Министерството за финансии велат дека во останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди. 

Инаку граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари. Извлекувањето на втората премија, ќе се одржи во декември, а ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари, како што беше првично планирано. -Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. 

Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување на одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, велат од Министерството за финансии. 

Притоа 9,7 милиони денари од наградниот фонд, како што посочуваат, ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки. Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда. Во првото полугодие годинава скенирани се над 85 милиони фискални сметки.

Промовирани огласи »

Град Скопје денеска го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните ќе може да аплицираат и  онлајн.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција  и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди.

- Согласно со условите на овој јавен повик се отвора можноста за над 5.000 граѓани на Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ. Сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот имаат право да учествуваат на повикот. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата – изјави Салиху.

Тој додаде дека на овој повик новитет е условот граѓаните доброволно да ја достават (без надоместок) постојната печка на дрва, јаглен, нафта или на  мазут на локација која дополнително ќе им биде соопштена.

- Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите. Со субвенциите за овие уреди создаваме услови за поголем број граѓани да се одлучат да инвестираат во нов начин на греење, со кој ќе се намали загадувањето на воздухот, ќе се намалат трошоците за греење, а ќе се подобри нивото на комфор и удобност во нивните домови - нагласи Салиху.

Доколку  се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

o  Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 40.000 денари годишно;

o  Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 37.000 денари годишно;

o  Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 18.000 денари годишно.

Според  анализата на  годишно ниво ќе се  заштедат од околу 19.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 22.000 денари во однос на загревањето со термо печка.

Новитет на овој повик е и можноста граѓаните за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата да аплицират он лајн.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк  https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »