Промовирани огласи »

Научниците ги пресметаа економските последици од коронавирусот. 

Австралиското истражувачко собрание ARC финансира огромна меѓународна студија за влијанието на пандемијата врз глобалната економија, во која се вклучија бројни научници од целиот свет под водство ја Универзитетот на Сиднеј.

Студијата објавена во списанието PLOS ONE покажува дека КОВИД-19 предизвикал штета од дури 3,8 трилиони долари и довел до бројка од 147 милиони невработени луѓе. 

Најпогодена е индустријата за транспорт, а големи последици трпат и секторите трговија, туризам, енергија и финансии, особено во Азија, Европа и во САД.

Студијата укажува на тоа дека единствената позитивна страна на пандемијата се одразила на околината, па затоа дојде до најголемиот пад на емисијата на стакленички гасови во историјата на човештвото. 

Околу 2,1 трилион долари се загуби од неисплатување плати, а 536 милијарди долари се загуби настанати поради падот на меѓународната трговија.

Глобалната економска ситуација  ќе се одрази на квантитетот и на квалитетот на извршената работа, како и на ранливите групи вработени како што се мигрантите и неквалификуваните работници. 

Во светот има над 13 милиони заразени. 

Промовирани огласи »

Лични карти ќе се издаваат и на денот на изборите. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, во периодот од 7 до 19 часот.

Од МВР потенцираат дека целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас. 

Во среда ќе гласаат нешто повеќе од 1.8 милиони гласачи. 

Ќе се гласа од 7 до 21 часот. 

Промовирани огласи »

На денешата 76-та седница Владата  ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19.

– Владата го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец, соопштија од владината прес-служба.

Промовирани огласи »

Делницата Штип – Крупиште, која е дел од експресниот пат во изградба Штип – Кочани, е пуштена за сообраќај, информираа попладнево од Јавното претпријатие за државни патишта.

– Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми)-Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација. Обезбедуваме модерна, сигурна и безбедна врска со Источниот регион, се вели во соопштението од ЈП за државни патишта.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »