Промовирани огласи »

Лични карти ќе се издаваат и на денот на изборите. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, во периодот од 7 до 19 часот.

Од МВР потенцираат дека целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас. 

Во среда ќе гласаат нешто повеќе од 1.8 милиони гласачи. 

Ќе се гласа од 7 до 21 часот. 

Промовирани огласи »

Делницата Штип – Крупиште, која е дел од експресниот пат во изградба Штип – Кочани, е пуштена за сообраќај, информираа попладнево од Јавното претпријатие за државни патишта.

– Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми)-Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација. Обезбедуваме модерна, сигурна и безбедна врска со Источниот регион, се вели во соопштението од ЈП за државни патишта.

Промовирани огласи »

Веќе нема да има ограничувања за угостителските објекти. 

На 76- та седница, Владата донесе одлука со која се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска. 

„Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство“, информираат од Владата.

На седницата беше заклучено Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји.

  

Промовирани огласи »

Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина деанар по литар и ќе изнесуваат 63,5, односно 53 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за еден денар по литар и ќе чинат 61,5 и 53,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 26,585 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените  референтни цени на светскиот пазар во последните седум дена кај бензинот во просек за околу 3,81 отсто и кај дизелот за околу 3,84 отсто, како и за 0,507 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »