Промовирани огласи »

Намалената изложеност на тутун во дел од производите кои се пласираат на пазарот не ги прави безопасни или пак помалку штетни за здравјето на граѓаните. Ова во соопштение до медиумите го истакна Светската здравствена организација директно посочувајќи го простот на iqos уредите кои на пазарот се промовираат како поздрава замена за цигарите кои имаат помалку штетно влијание на здравјето.

СЗО во соопштението ја искористи можност да ги потсети земјите кои се членки на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО за нивните обврски согласно конвенцијата. Загреаните производи од тутун се производи од тутун, што значи дека оваа рамковна конвенција целосно се применува и на овие производи,  велат од Светската здравствена организација.

Во соопштението објавено од СЗО се вели дека кај уредите кои се замена за стандардните цигари има помало присуство на одредени аеросоли во споредба со стандардните цигари, но истражувања покажуваат дека во друга група на аеросоли состојбата е спротивна. Сите производи од тутун преставуваат ризик за здравјето и во таа насока Светската здравствена организација побара целосно спроведување на рамковната спогодба за контрола на тутунот.

Реакцијата од Светската здравствена организација доаѓа како одговор на одлуката на американската Агенција за храна која на почетокот на овој месец донесе одлука со која се дозволува рекламирање на овие производи на пазарот во САД. Но при по донесувањето на оваа одлука тие изјавија дека таа не значи дека овие производи се помалку штетни за здравјето од стандардните цигари.

Промовирани огласи »

Ќе го искористи ли нашата земја периодот на кризата од корона вирусот за да го поправи впечатокот врз странските туристи е прашање што заслужува внимание ако се земат предвид нивните оцени за Македонија од изминатата година. Имено, според анкетата на Државниот завод за статистика странските посетители на граничните премини лани најниско ги оцениле патната мрежа и хигиената.

Според тоа, во овој период на застој на странските туристи поради кризата би требало да се работи на подобрување на овие и на другите сегменти кои се оценуваат за во иднина да го подобриме впечатокот за нашата земја.

Промовирани огласи »

Граѓаните се жалат на фејсбук и до медиумите, ама никој до сега не пуштил реакција до Управата за јавни приходи, а откако беше сменета пресметката за повратот на ДДВ. Со измените некои граѓани изгубија по неколку стотици денари од претходното тримесечје односно за месеците април мај и јуни, затоа што промената важи до 12 јуни. Од Управата за Фактор велат дека нема реакции и нема тужби иако беа најавени. Велат дека Уредбата со промената ја донела Владата и согласно таа уредба новата пресметка важи и за јуни односно од 12 јуни. Не се планира надоместување на парите.

Согласно промените и Уредбата враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра се врши во висина од 20 проценти, а за останатите добра и услуги се врши во висина од 10 проценти од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечната фискална сметка .

Од УЈП велат дека со оваа уредба се поттикнува потрошувачката на македонски добра и услуги, а дека Управата само ја прилагодила апликацијата МојДДВ.

„До Управата за јавни приходипо повод новата пресметка за враќање на делот од данокот на додадена вредност за македонски производи 20 проценти односно 10 проценти за останати производи не се пристигнати  реакции ниту пак тужби, велат од УЈП.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 20.07.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,060 ден/кг.

Од 28.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,060 (денари/килограм)

извор: Makfax

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »