Промовирани огласи »

Новата цена на електричната енергија ќе се зголеми од 7,5 до 8 проценти, а евтината тарифа нема да се укине и граѓаните ќе можат да ја користат и во следниот период, објави „Сител“ повикувајќи се на неофицијални извори.

Според информациите на „Сител“, државните електрани побарале 10 проценти зголемување на цената на електирчната енергија, а преносниот систем МЕПСО пријавиле зголемени трошоци за околу 70 проценти.

Според некои информации, пак, цената на парното ќе се намали.

Одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги донесе денес.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 2 Aвгуст (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Промовирани огласи »

Забрана за играње на подиум, растојание меѓу масите и столчињата и статична музика. Угостителите вчера на состанокот со Комисијата за заразни болести повторно побараа да им се  дозволи организирање на свадбени и други прослави според строго утврдени протоколи. Велат дека со одредени ограничувања гостите ќе бидат целосно безбедни, а доколку не им се дозволи ќе бидат принудени целосно да го затворат бизнисот.

„Туристичко угостителската комора уште на почеток на јули изготви предлог-протоколи со кои се предвидува работа во контролирани услови. И, иако тие предлози беа оценети како прифатливи во Комисијата, сѐ уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно, како и досега, ќе се соочуваме со приватно, во сопствена режија, организирање прослави без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време, за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи“, велат од туристичко угостителска комора при ССК.

Во слендите два дена се очекува Комисијата да одлучи дали ќе дозволи рпослави или не.

И музичките работници очекуваат Комисијата да даде дозвола за  организирање на музички настани во угостителксите објекти, како надвор така и во внатрешните делови. Во нивниот допис потенцираат дека во целост ќе ги поддржат активностите на пазарниот инспекторат доколку никој ги прекршува протоколите за време на музички настан во објектите.

Пред извесно време пак се дозволи да се прават концерти, но со орагничен број на луѓе, со задолжително носење на заштитна маска и онлјан продажба на карти.

Промовирани огласи »

Грција размислува да ја отвори границата со Северна Македонија. 

Владата го разгледува прашањето поврзано со можноста за отворања на копнените граници за државјаните на соседните земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас ја потврдил информацијата на МИА.

„Ова е елемент што се разгледува во овој момент на состанокот што е во тек и одговор на ова прашање ќе има кога ќе заврши состанокот. Прашањата што се поврзани со административни одлуки преку заеднички министерски одлуки, што се издадени, а истекуваат во следните денови, исто така ќе се оценат, за да се дадат соодветни насоки, за нивно обновување или прекинување“, е одговорот на Пецас.

Одлуката донесена на 15 јули 2020 година, со која грчките власти објавија забрана за влез на грчка територија на лица од конкретните земји, меѓу кои од од Северна Македонија важи до утре.

Советот на ЕУ објави ажуриран список на трети земји чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ од 1 август, во кој повторно не е вклучена ниту една земја од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »