Промовирани огласи »

Дали наставата ќе се одвива со скратени часови или во некои од училиштата ќе се оди етапа по етапа сето тоа ќе биде прилагодено на моменти. Битно е да се сфати дека ние ќе мора да живееме со вирусот, социјалниот момент кај децата и нивното школување ќе треба да биде поставен од авторитети. Секој момент на одложување на започнување на училишната година во иднина ќе не чини поскапо, изјави д-р Ангелчо Андоновски, директор на детската болница Козле во „Ја сакам Македонија“.

На прашањето за која возраст ќе бидат задолжителни маските во училиштата, Андоновски вели дека се уште се водат дискусии, и дека за најмалите најважно ќе биде одржувањето на дистанцата.

Се уште сме во дискусии за тоа какво модел ќе се прифати во однос на носењето маски во училиште. Пред се потреба е една едукација почнувајќи од најмалите за нив најважно е да се одржува дистанцата. Првачињата во оваа ситуација ќе бидат изоставени, носењето маска за нив ќе биде додатна психолошка бариера. Додека кај децата над 10 годишна возраст маската ќе биде задолжителна, објасни Андоновски.

На прашањето како на дечињата од шест години ќе им се објасни дека не треба да се групираат и да одржуваат дистанцата, Андоновски вели дека ќе има список на задолжение по протоколот кој ќе мора да се контролираат.

Прво училиштата ќе мора да ги исполнуваат поставените услови за да започне школската година, треба да има задолжен човек на самиот влез кој ќе ја мери температурата, ќе треба да има и човек кој ќе биде задолжен за да ја следи ситуацијата и се да се спроведува според протоколите, вели Андоновски.

Конечната одлука за тоа какво модел ќе се примени за старт на школската година ќе се знае по 10-ти август.

Промовирани огласи »

Пандемијата доведе до скок на вредноста на биткоинот. 

Биткоинот првпат од 9 август 2019 година достигна 12.000 долари. 

Ова го покажуваат податоците на берзата за криптовалути Коиндеск (Coindesk).

Според аналитичарите побарувачката на биткоинот е поврзана со финансиската криза предизвикана од пандемијата со новиот коронавирус.

Вредноста на биткоинот, како и на златото, се зголемуваат за време на криза, бидејќи луѓето се обидуваат да се заштитат од падот на вредноста на националните валути.

Цената на златото веќе има историски раст, унца злато се тргува за скоро 2.000 долари.

Германците најмногу купуваат злато, повеќе и од Кинезите. 

Тие купуваат затоа што се плашат од инфлација. 

Промовирани огласи »

Kазни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата се нашле на неа и тогаш ги исплатиле платите на вработените, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето на Телевизија 24. 

Таа изјави дека за работодавците кои земале државна помош, а не ги исплатиле платите на вработените, ќе има кривична одговорност.

„Законот за даночна постапка како процес на еден вид присилна наплата овозможува најпрво да се поднесе опомена, но тоа не значи дека ние ќе застанеме тука. Дел од овие пари доаѓаат и од Светска банка и тие ја следат будно оваа ситуација. Владата ќе преземе соодветни чекори и оваа листа ќе ја испрати во Обвинителството и ќе има кривична одговорност. А покрај тоа што ние ќе направиме присилна наплата, во самата уредба стои дека тие пари ќе треба да ги вратат сите тие средства коишто ги зеле“, вели Лукаревска.

Владата пред неколку дена објави листа со 708 компании, кои добиле државна помош, но не ги исплатиле платите на вработените.

Имаше фирми од цела Македонија од различни дејности. 

Промовирани огласи »

Пропаднаа надежите за посета на грчките плажи, откако вчера Грција донесе одлука да не ги отвори границите со соседите. 

До 15 август нема патување во Грција. 

Грција ја продолжи забраната за воздушни и морски врски со Северна Македонија, Турција и Албанија до 15 август, објави грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас.

Грчката Влада презема дополнителни мерки како задолжително носење на маска во затворени простори, забрана за посети во домови за стари лица и болници, најмногу 100 лица на свадби, на крштевки и на погреби, забрана за одржување на панаѓури, забрана за стоење во ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонските граѓани претходните години беа чести гости во Грција. 

Сега пандемијата ги поремети плановите, и за Македонците остануваа опцијата да летуваат во Албанија или Турција. 

Во Грција 206 луѓе починаа од вирусот, а заразени се 4.400. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »