Промовирани огласи »

Пропаднаа надежите за посета на грчките плажи, откако вчера Грција донесе одлука да не ги отвори границите со соседите. 

До 15 август нема патување во Грција. 

Грција ја продолжи забраната за воздушни и морски врски со Северна Македонија, Турција и Албанија до 15 август, објави грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас.

Грчката Влада презема дополнителни мерки како задолжително носење на маска во затворени простори, забрана за посети во домови за стари лица и болници, најмногу 100 лица на свадби, на крштевки и на погреби, забрана за одржување на панаѓури, забрана за стоење во ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонските граѓани претходните години беа чести гости во Грција. 

Сега пандемијата ги поремети плановите, и за Македонците остануваа опцијата да летуваат во Албанија или Турција. 

Во Грција 206 луѓе починаа од вирусот, а заразени се 4.400. 

Промовирани огласи »

Годинава пад на вкупната економија од 3,4 проценти, но во следните три години раст на БДП од над 4 проценти предвидува Владата во најновата Фискална стратегија што беше усвоена во вторникот. Фактор открива детали од плановите кои се носат во услови на пандемија на Ковид-19 и присутна непредвидливост на понатамошниот развој. Клучни ризици се времетрањето на кризата, што негативно ќе се одрази и на македонската економија, но во основното сценарио, ефектите од здравствената криза се сметаат како привремени. Во новата Фискална стратегија има анализа на сите буџетски ставки, проекции за странските инвестиции, извозот, но не и за јавниот долг. Тие ќе биле презентирани во новата Стратегија за управување со долгот.

„Во посткризниот период мерките ќе бидат насочени кон стимулирање на приватната потрошувачка на граѓаните и дополнителна поддршка на стопанството за заштита на ликвидноста и работните места, зголемување на конкурентноста, продуктивноста и модернизирање на опремата и процесите. Приоритетите на среден рок ќе бидат насочен кон зголемување на конкурентноста на економијата и вработеноста, создавање на поволна деловна клима, поддршка и развој на малите и средните претпријатија, унапредување на социјалната сигурност и заштита, развој на иновативната дејност, како и поддршка на економијата со значителни инвестиции во инфраструктурни проекти, стои во стратегијата.

Владата планира намалување на вкупните расходи, а ќе се намалува и буџетскиот дефицит - односно од 6,8 проценти од БДП во 2020 година на 3,2 отсто во 2021 година, 2,2 проценти од БДП во 2022 година и 2 проценти од БДП во 2023 година. Минусот ќе се фианнсира со нови позајмувања во странство и дома.

Приходите пак кои доста беа погодени во кризата се планирани на 30 отсто од БДП во следните години. Владата планира реформи и во даночната и во пензиската сфера, но нема прецизни детали за тоа. Сепак останува идејата за праведен данок иако прогресивното оданочување сега е ставено во мирување

Во стратегијата стои дека останува повратот на ДДВ кај физичките лица.

Заклучно со март државниот долг изнесува 4.57 милијарди евра, односно 41,8 проценти од БДП. . Вкупниот јавен долг го вклучува државниот долг и долгот на јавните претпријатија и трговски друштва во доминантна или целосна државна сопственост до 31 март е 5.56 милијарди евра, што претставува 50,7 отсто од БДП. Во стратегијата нема проекции за следните години.

„Со настапувањето на Ковид-19 кризата, се зголемија потребите за финансирање што резултираа со поголемо задолжување на меѓународниот пазар на капитал. Притоа, зголемените потреби за финансирање проследени со намалените проекции за економски раст, го зголемија индикаторот јавен долг/БДП кој на крајот на 2020 година, кој заради зголемените финансиски потреби и намалениот економски раст ќе биде повисок од планираниот во ревидираната Фискална стратегија 2020-2022 година. Подетални проекции за движењето на државниот и јавниот долг ќе бидат презентирани во Стратегијата за управување со јавен долг за 2021-2023 година, стои во стратегијата.

Повеќе на Фактор

Промовирани огласи »

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците.

Според Царовска, моментно се испитуваат сите правни можности.

-Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

Царовска потсети дека вчера Генералниот секретаријат на Владата писменио злезе со официјален став околу направениот пропуст на компаниите. На веб страницата на Владата беше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со КОВИД-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За „Фактор“ откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст.

Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа. Основно е да се прави поголема контрола, децата да бидат на некој начин редуцирани во групите, во однос на ова, приватните градинки практично целосно ги исполнуваат критериумите, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »