Промовирани огласи »

На фирмите кои ја затаија државната помош дадена како поддршка поради корона – кризата Владата им дава шанса до денеска да им ги исплатат парите на своите вработени.

Тоа досега го направиле 160 работодавачи од вкупно 570 колку што броеше првичниот список на неплаќачи. Ним државата ќе им прогледа низ прсти.

Од Генералниот секретаријат на Владата велат дека во понеделник ќе ја достават листата до Основното јавно обвинителство за фирмите кои според ажурираниот список на Управата за јавни приходи до утре нема да исплатат плата на вработените, а на кои им била исплатена финансиска помош.

„360 степени“ ја праша Владата зошто иако се завршени сите рокови за исплата и беше најавувано дека од фирмите ќе се бара одговорност, на газдите сега им се остава простор да ја исправат грешката.

„Владата стои позади политиката опомена па казна. Нашата цел е сите граѓани да ја добијат помошта од државата што им следува. Ако сепак некои фирми и покрај јавниот притисок и опомените не извршат уплата и со последниот зададен рок, ќе одговараат пред законот“, одговорија од Владата.

Последниот ажуриран список од УЈП брои 413 фирми кои заклучно со 4 август не ги исплатиле платите на вработените.

„Листата на фирми кои не исплатиле плата на своите вработени секојдневно се ажурира и истата се доставува до Генералниот секретаријат на Владата. Заклучно со плаќањата до 04.08.2020 година, за април не исплатиле плати 172 фирми, а за мај 241 фирма на кои им била исплатена финансиска помош, а не исплатиле плата на вработените“, наведуваат од УЈП.

Промовирани огласи »

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување се објавени на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Промовирани огласи »

Цената на златото постави нов рекорд. 

Цената на унца злато за еден ден скокна за еден отсто.

Златото забележа добивка и покрај малото засилување на доларот.

Вредноста на златото порасна над 30 отсто оваа година.

Таа скокна на 1.985 долари за унца, со што го сруши претходниот рекорд од 1.920 американски долари поставен во септември 2011 година. 

Fortrade, за секој кој е заинтересиран да научи како да тргува со цената на златото на берза преку Интернет (т.н. CFD) или едноставно сака да ги прошири своите знаења, подготви бесплатен водич „Како да тргуваме со цената на златото преку Интернет“.

Златото веќе долго време се смета за безбеден финансиски рај.

Благородниот метал доби на цена и поради новите тензии меѓу САД и Кина, и покрај тоа што двете страни ја имаат првата фаза од трговскиот договор.

Промовирани огласи »

Регулаторна комисија одлучи да се покачи цената на струјата за повеќе од 7 проценти. Ова покачување се однесува на домаќинствата односно обичните граѓани а не и за големите компании.

За поскапувањето на струјата, претседателот на Регулаторната комисија го истакна следното:

Одлуката за зголемување на цената на струјата е донесена врз основа на детални анализи и дополнителни податоци добиени од енергетските компании.

Според него, граѓаните треба да имаат разбирање за ова поскапување бидејќи барањата на енергетските компании детално биле анализирани и побарани биле дополнителни податоци, бидејќи доколку ги прифателе нивните барања, тогаш цената ќе се зголемела за 25 проценти.

Неколку стотици граѓани излегоа да го искажат својот револт од последната одлука на РКЕ да ја покачи цената на електричната енергија за 7,4 %. Организаторите велат дека нема да запрат. Најавуваат дека следната недела ќе се одржи протестен марш со блокирање на дел од главните сообраќајници низ градовите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »