Промовирани огласи »

Агенцијата за електронски комуникации спроведе јавна расправа за воведување на 5Г технологија во Македонија. Двата постоечки оператори поради кризата, се за одложување на постапката на доделување радиофреквенции за 5G за догодина, додека компанијатаЕОЛО смета дека таа треба да се спроведе во најскоро време. Ставот на Агенцијата како и коментарите на:Intracom Telecom, НЕОТЕЛ, Македонски Телеком, А1 Македонија и EOLO S.p.A. се достапни на веб-страницата на АЕК.

Во анализата АЕК најавува дека постапката за доделување одобренија за 5G технологијата ќе почне до крајот на тековната година и ќе се одвива преку аукција, при што ќе се понудат поединечни одобренија. Од таму појаснуваат, дека операторите не се заинтересирани за целиот опсег туку за дело од опсегот па затоа и такви одобренија ќе се доделуваат.

Во Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) е наведено АЕК да распише тендер до крајот на 2020 година. Со започнување на постапката се зголемува и можноста за зголемување на конкуренцијата и од други заинтересирани страни, а секако и дека трет мрежен оператор е и една од целите на АЕК.

Промовирани огласи »

Мирјана Јовановска-Стојановска, претседателката на Комората на психолози, смета дека во овој момент оптимално решение е децата од 1 септември да продолжат со онлајн настава.

Како што вели таа за МИА; онлајн наставата има свои предности, бидејќи децата ќе можат од дома, во една сигурна средина да учат и да ја следат наставата, а од друга страна, смета дека ќе има помалку социјализација, децата нема да имаат директен контакт ниту со наставниците, ниту со врсниците да го совладаат подобро материјалот.

„Ќе изгубат, нема да добијат некои работи, но од друга страна ќе го зачуваат здравјето, животот на своите блиски, на луѓето на кои им треба помош“,нагласува таа.

Промовирани огласи »

За Британците Македонија е најевтина земја во Европа, сосе кафе, теретана и деловен ручеk. 

Македонија е најевтината земја во цела Европа за Британците да се преселат, според истражувањето.

Врз основа на 11 „типични трошоци“, анализата на  „Ocean Finance “ покажа дека нашата земја е најприфатлива на целиот континент, со просечна цена на живеење за  само 8,484 фунти годишно.

Земени се в предвид трошоците за изнајмување, комунални услуги, Интернет, намирници, транспорт, членство во теретана, чаша кафе, деловен ручек, пивце, паб оброк и ноќна ноќ.

Британците, чии животни трошоци се  30,276 фунти годишно, би можеле да заштедат неверојатни 21.792 фунти годишно со преселување овде. 

Промовирани огласи »

А1 Македонија ги известува своите корисници дека како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат да ги вршат уплатите за своите сметки преку експозитурите на банката и поштенските единици на Македонска пошта која ја извршуваше оваа услуга во име на банката.

Сметките за услугите на А1 Македонија можат да бидат уплатени онлајн, преку веб страницата на А1 Македонија, преку апликацијата Мојот А1, во секој продажен салон од мрежата на А1 Македонија и во експозитурите на останатите банки.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »