Промовирани огласи »

Супер вести од Huawei, секој корисник, кој ќе го купи новиот модел во периодот од 1 – 15 април, добива подарок -надворешна батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод.

Oд Huawei најави дека започнува пред-продажба во Македонија на новиот модел P10, со подарок луксузна кутија со додатоци. Прелиминарните нарачки почнуваат од утре, 1 април, и ќе траат до 15 април во мрежата на мобилниот оператор Македонски Телеком и синџирот продавници Neptun. Така најстраствените корисници ќе се здобијат први со возбудливиот нов модел, уште пред неговото официјално трговско деби на 15 април. Покрај оваа можност, корисниците ќе бидат изненадени и со подарок стилски комплет со додатоци како надворешен батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод.

Huawei P10 пристигнува во Македонија со исклучителни технички и уметнички фотографски карактеристики – нова двојна главна камера од Leica (20 мегапиксели монохроматски сензор и 12 мегапиксели RGB сензор), како и предна 8 мегапикселна Leica камера за исклучителни селфи слики, прецизна 3D технологија за детектирање на лице, 5,1-инчен стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, сензор за отпечатоци веќе во предниот дел на телефонот, најмоќниот процесор Kirin 960 со најновата верзија на интерфејсот EMUI 5.1., голема 3,200 mAh батерија која поддржува SuperCharge технологијата за супер брзо полнење. Моделот ќе се нуди во боите Mystic Silver (мистично сребрена), Graphite Black (графит црна) Prestige Gold (престижно златна) и Dazzling Blue (сјајно сина). Информации за купување на новиот модел, начинот на испорака, како и на подарокот, ќе бидат достапни во сајтовите на партнерите од утре, како и на официјалниот сајт на Huawei http://huawei.happyendians.pl/p10-preorder/mk/p10preorder

Промовирани огласи »

Агенцијата Марили синоќа го организира  21-от избор на Топ најуспешни жени менаџерки за 2016 година.

Најуспешни 10  жени менаџерки се: Сузана Блажевска, генерален менаџер на „Афродита С“ – Скопје, Елена Василевска Ѓеоргиева, заменик-генерален менаџер на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје, Олгица Ѓоргиева, генерален менаџер на Модно ателјe „ГО Ѓоргиева Олгица“ – Скопје, Елена Антоновска Едизер, генерален менаџер во „Арс Луцида“ – Скопје, Билјана Караманолеска, генерален менаџер во „Светот на колорес“ – Скопје, Ена Норнилд, генерален менаџер во „Дан-Мак“ – Скопје, Енкеледа Стефановска, генерален менаџер во „Ад Вербум“ – Скопје, Елида Трајковска, генерален менаџер „Секјуриком“ – Скопје, Александра Марковиќ Цветановска, генерален менаџер во „Вардар Експрес Травел“ – Скопје и Викторија Шотароска, генерален менаџер во „П.И.К. Ко“ – Скопје.

Доаѓаат исклучиво од приватниот  сектор, од целата држава, а кога е можно се вклучива и дијаспората. Жените доминираат во услужните дејности и во областа на финансиите. Најчесто водат мали и средни бизниси.

Генералната менаџерка на агенцијата Лидија Трипуноска вели дека во конкуренција биле 30-40 жени и оти од избраните 90 отсто од  жените се на позиција генерални менаџери и оти на таа позиција се подолги години.

За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Според Трипуноска, овие избори придонесоа за подигнување на нивото на перцепција за жената во нашето општество и во бизнисот.

Таа традиција и прогласувањето на  најуспешни жени менаџери ги помести границите за тоа како се гледа на жената. На тоа дека всушност таа може да биде рамноправна, не само во работниот однос, туку и во делот на тоа да може да координира, да може да организира. Значи, се она што подразбира менаџирањето,  да биде одговорна и на неа да се гледа како на сериозен субјект во бизнисот, а верувам тоа е  препорака и воопшто за општеството и за високи позиции во општеството, истакнува Трипуноска.

Досега се избрани 210 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а минатата година по повод јубилејот 20 години беа избрани 20 .

Во рамки на манифестацијата трет пат по ред се одржа и тематски ден посветен не само на жените менаџерки, туку и на секоја современа жена.

Промовирани огласи »

Кога станува збор за разговорот за работа, главно се потпираме на советите од истражувањата, подготовките, знаењето, но и среќата. Меѓутоа, Петер Ропер, директорот за мобилна стратегија во Google, истакнува дека е најважно да се поврзете со потенцијалниот работодавец.

Кои се вашите слабости? Каде се гледате за пет години?, се прашањата на кои е најлесно да одговорите, но според Ропер, тие воопшто не се важни.

Наместо тоа, тој тврди дека поврзувањето со рабодавецот е значително поважно. Ропер преферира прашања како што се најомилената боја, најлудата работа која сте ја направиле и работи кои се наоѓаат на листата со нешта кои сакате да ги направите.

Овие невообичаени теми на разговорот за работа ги охрабруваат луѓето да ги споделат своите страсти и желби, што разговорот го прави интересен.

Работодавецот по разговорот ќе има прилика навистина да разбере каква е личноста, кои се нејзините страсти и што ја интересира. Нашите најпродуктивни работници се оние кои се среќни, вели Ропер.

Значи, при наредниот разговор за работа неместо извежбаните одговори потрудете се работодавецот навистина да ве запознае и да му понудите нешто уникатно.

Промовирани огласи »

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој претстојува во работна посета во Турција, денеска во Истанбул имал средби со Билал Екси, генерален менаџер на авиокомпанијата Туркиш ерјалнс, и со менаџментот на ТАВ, на кои се разговарало за можностите за воспоставување интерконтинентална авиолинија од Република Македонија до САД и Канада.

Мисајловски, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, ја образложил потребата од воспоставување ваква авионска линија со цел Република Македонија да има можност директно да се поврзе со прекуоакеанските земји, притоа нагласувајќи ја отворената соработка и партнерскиот однос на македонската Влада кон авиокомпаниите што оперираат во Република Македонија.

Имајќи предвид дека авиокомпанијата Туркиш ерлајнс е една од водечките авио компании во светот, а веќе извесен период оперира од македонските аеродорми, се отвора можност прв пат да се воспостави еден интерконтинентален лет,  што ќе ги задоволи барањата на македонските граѓани од дијспората. Воведувањето на ваков лет, воедно ќе овозможи и зголемување на бројот на патници кои ќе транзитираат низ домашните аеродроми, како и можност аеродормот „Александар Велики” да стане водечки регионален центар, наведуваат од Министерството за транспорт и врски.

Во однос на процедурите и билатерланите договори, укажуваат дека Република Македонија има поптишано спогодби со Канада и САД, како и со трети земји за воспоставување воздушен сообраќај.

– Владата на Република Мкедонија во континуитет инвестира во подобрување на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетот на авионскиот сообраќај во земјата. Како резултат на таквите политики, авионскиот сообраќај бележи во последните неколку години бележи зголемување преку 100%, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »