Промовирани огласи »

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го анализира појавувањето на т.н. кластери, во овој случај групи од најмалку две заразени со коронавирус, во различни работни средини, за да ги охрабрат државите да обрнат внимание на специфични групи на работници и работни услови што овозможуваат ширење на инфекцијата.

Според податоците од анализите, најголем ризик за инфекција со коронавирус имаат вработените во домови за стари лица, како и медицински работници во болници.

Иако лекарите и медицинските сестри се помалку болни од луѓето кои работат во старечки домови, нивната смртност е поголема.

Од друга страна, продавниците се покажаа како прилично безбедни работни околини.

На второ место во однос на бројот на пациенти се погони за преработка и пакување на храна, како што се кланици, земјоделски работи, и фабрики.

На дното на скалата се продавниците и образовните институции, додека баровите и рестораните забележале само пет појави на групирање на заразените. Како и да е, треба да се забележи дека во текот на пролетните месеци работата на секторот образование и на гостопримството, беше ограничена.

Дури 95% од извештаите на групите на пациенти доаѓаат од затворен простор, што само по себе е проблем затоа што повеќе од 80% од работите се прават во затворено.

Извор: kurir.mk

Промовирани огласи »

Вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата, соопшти Народна банка на Македонија. 

Годишната стапка на раст изнесува 7,9 отсто, како резултат на растот на депозитите на двата сектори, поизразен кај секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, главно заради зголеменото кредитирање на домаќинствата. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 8,2 отсто и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 9 отсто и 8,4 отсто, соодветно.

На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 7,1 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 проценти, информираат од централната банка. 

Промовирани огласи »

Платите во Соединетите држави се зголемија за 13,7 проценти од 1978 година, и платите на генералните директори за значителни 1,167 проценти, па директорите заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник, пишува порталот Fast Company.

Во извештајот на Институтот за економска политика се утврдува дека просечната плата на директорите во некои од најдобрите американски компании е 21,3 милиони долари, и дека типичен работник во една од водечките компании сега заработува 67.000 долари годишно.

Ваквите „прекумерни“ плати на генералните директори се претежно проблем затоа што придонесуваат за растечката нееднаквост меѓу раководителите и просечните работници.

Соодносот на платите на директорите наспроти работниците во 1965 година беше 21 на 1, потоа во 1989 година се искачи на 61 на 1, а во 2019 година беше 320 на 1, што јасно покажува дека нееднаквоста во платите стабилно се зголеми во последните 50 години.

Надоместокот на извршниот директор сега многу се потпира на акции и награди поврзани со цената на акциите на компанијата, така што заработката на директорите со децении имаше раст на пазарот.

Решението за овој проблем е данок на богатство, се вели во извештајот. Ова вклучува повисоки стапки на данок на добивка, корпоративни даноци за компании кои имаат поголеми нееднаквости во платите помеѓу директорите и работниците и т.н. „луксузни даноци“.

Покрај оданочувањето, владата би можела да донесе закони со кои ќе се промени структурата на корпоративното управување, се вели во извештајот на Институтот за економска политика.

Промовирани огласи »

Сите родители на деца на возраст до 10 години и по почетокот на учебната година ќе бидат ослободени од одење на работа како и досега, во рамки на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Одлуката на Владата за ослободување на работа на еден родител на дете до 10 години ќе се продолжи и од септември и ќе важи и за оние родители чии деца ќе одат на училиштe, дознава „СДК.мк“

„Часовите во основните училишта ќе траат 30 минути. Целодневна настава не е предвидена, со оглед на одлуката родителите да бидат ослободени од работа со присуство на своето работно место“, велат од Министерството за образование.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »