Промовирани огласи »

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци.

Според информацијата од Град Скопје, Авионската дезинсекција (вонредна) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 25.08.2020 (вторник) и 26.08.2020 (среда), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Промовирани огласи »

Вкупно 309.337 граѓани ја искористиле домашната платежна картичка, а вкупниот реализиран промет изнесува 26,5 милиони евра, објави попладнево министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил.– Ова е најобемната мерка од ваков тип која се спровела кај нас, која воспостави нов начин на имплементација. Како антикризна мерка, главни цели на домашната платежна картичка беа да се поддржат целни категории на граѓани во соочувањето со Ковид-кризата и економската активност преку поттикнување на приватната потрошувачка на домашни производи и услуги и на кус рок да се амортизира ударот врз економијата. Но, домашната платежна картичка беше димензионирана и осмислена со цел да донесе и многу други бенефити и системски промени во општеството: креирање свест за купување домашни производи, поттикнување на безготовинско плаќање и промена на навиките, а со тоа дејствување кон сузбивање на сива економија и современа администрација – услуга кон граѓаните без шалтери, документи и поднесување барања, вели Ангеловска.

Според сумираните податоци што ги објави Ангеловска, од околу 330 илјади кои биле на листите, платежната картичка ја зеле 309 илјади граѓани, додека од вкупно префрлените 28,3 милиони евра кон банките, искористени се 26,8 милиони евра за издадени картички. Од нив, 26,5 милиони евра се потрошени за купување на домашни производи. Разликата, како што пишува Ангеловска, ќе биде вратена во Буџетот.

Гледано по групи на граѓани, најголема реализација или 97 проценти има кај невработените лица и здравствените работници, а најниска кај младите лица (90 проценти). Поточно, на 113 илјади невработени и приматели на социјална помош им се доделени 16,5 милиони евра, на 111 илјади вработени со ниски примања – 5,4 милиони евра, на 81 илјада млади – 4 милиони евра и на 4 илјади здравствени работници – 900 илјади евра.

Со проектот „Домашна платежна картичка” забележан е раст од околу 20 проценти кај бројот на издадени платежни картички и раст во бројот на трансакции за околу 40 проценти. Поставени се и над 1.200 нови ПОС терминали.

Според Ангеловска, растот на безготовинските трансакции значи намалување на нерегистрираните трансакции кои се дел од сивата економија, а со проектот поставени се и нови стандарди во имплементацијата за поефикасна администрација.

Граѓаните кои ги имаат домашните платежни картички ќе можат и понатаму да ги користат како нормални дебитни картички.

– Верувам дека истите ќе најдат примена и во иднина при дизајнирање на идни проекти и програми на Владата. Да купуваме домашно, да плаќаме безготовински, да се стремиме сите заедно за подобро и посовремено општество, пишува Ангеловска на Фејсбук.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ“ бр.21/98 и 18/07), 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.

Промовирани огласи »

Сите пензионери кои не стасаа да отворат сметка во нова банка, а ја земале пензијата преку пошта ќе останат без пензија но тоа ќе имаат можност да го сторат и во други рокови -  до 7, 14 или 25 септември.

Тогаш кога ќе отворат тогаш и ќе ја земат пензијата, односно нема да останат без пари и цел месец. Од Фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните нова трансакциска сметка да извадат што е можно побрзо.

Околу 30.000 пензионери кои земаа пензија преку Македонска пошта отвориле сметка во друга банка, до завчера до кога и имаа рок да го сторат тоа за да ја земат следната пензија. 

Останатите 20.000 кои не успеале да го сторат тоа впрочем нема навремено да ги добијат месечните приходи по овој основ. 

Проблемот се јави по затворањето на Еуростандард банка која имаше договор со банката. Сега се бара нова банка која ќе опслужува на шалтерите на пошти. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »