Промовирани огласи »

Сите пензионери кои не стасаа да отворат сметка во нова банка, а ја земале пензијата преку пошта ќе останат без пензија но тоа ќе имаат можност да го сторат и во други рокови -  до 7, 14 или 25 септември.

Тогаш кога ќе отворат тогаш и ќе ја земат пензијата, односно нема да останат без пари и цел месец. Од Фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните нова трансакциска сметка да извадат што е можно побрзо.

Околу 30.000 пензионери кои земаа пензија преку Македонска пошта отвориле сметка во друга банка, до завчера до кога и имаа рок да го сторат тоа за да ја земат следната пензија. 

Останатите 20.000 кои не успеале да го сторат тоа впрочем нема навремено да ги добијат месечните приходи по овој основ. 

Проблемот се јави по затворањето на Еуростандард банка која имаше договор со банката. Сега се бара нова банка која ќе опслужува на шалтерите на пошти. 

Промовирани огласи »

Уште последниот месец во кој граѓаните не треба да ги плаќаат замрзнатите кредити. Од октомври секој од граѓаните кои има кредит, а кои не го плаќаше поради корона кризата до сега, ќе треба да се врати на старата обврска. Дали ќе има можност за продолжување на пролонгираната отплата? Сите опции се отворени - гуверенерката Анита Ангеловкса Бежоска во интервју за вечер вели дека наскоро ќе се донесе и конечениот став.

„Постојано го следиме развојот на случувањата и притоа, секако, подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните, и за стабилноста на банкарскиот систем, вели Ангеловска Бежоска.

Почнувајќи од април годинава, македонските граѓани кои изразија таква желба, а тоа беа дури 70 отсто од кредитокорисниците, беа ослободени од плаќање на ратите и каматите за своите кредити кон банките. За периодот во кој не плаќаа ќе им се пресметува камата.

Промовирани огласи »

Повеќе нема потреба од картички и кеш пари, во иднина хотелите ќе прифаќаат и криптовалути. Интернет-платформата за патувања Agoda (дел од Booking Holdings) се здружи со слична крипто-услуга, Тravala.com. Сега повеќе од 600.000 хотели во скоро 200 земји можат да се резервираат so криптовалути.


Bitcoin, Ethereum, Binance Coin и повеќе од 25 дигитални валути се прифаќаат за плаќање. На почетокот на јули, travala.com ги здружи силите со Експедиа, втора туристичка платформа која нуди можност за резервација и изнајмување на повеќе од 700.000 хотели, сместување и други објекти.
Оттогаш, АВА започна да расте брзо, а на почетокот на јули се тргуваше нешто над нивото од 0,3 американски долари. До денес, стапката на алткоин се искачи на 450% на 1,65 $, накратко се искачува на 2 американски долари.
За седум дена, вкупната капитализација на пазарот за криптовалути покажа импресивен раст – за скоро 16 проценти. Во моментов цената на биткоинот на берзите е над 10.000 евра за 1 биткоин, додека Етериумот се тргува за цена од околу 333 евра.
Oд 2021 година и швајцарската банка Баслер Кантоналбанк ќе започне со обезбедување услуги за тргување и складирање со криптокорисници преку филијала на Клер банка. Ова е првпат швајцарска компанија поддржана од владата да влезе во пазарот на дигитални недвижнини.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се промени, и изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,244 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,365 ден/кг.

Останува денеска да видиме дали не очекува поскапување или пад на цените.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »