Промовирани огласи »

Банките и овој месец предвремено ќе ја исплатат на августовските пензии, соопштија од Македонската банкарска асоцијација. 

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година,преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија. 

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

-во среда, 26 август – пензии во висина до 11.000 денари;

-во четврток, 27 август  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

-во понеделник, 31 август  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

-во вторник, 1 септември  –  пензии во висина над 18.000 денари.

Овој распоред важи и за корисниците на пензии од Еуростандард банка“ АД Скопје кои до 21.8.2020 година отвориле трансакциска сметка во банката преку која што би сакале во иднина да им се врши исплата на пензијата.

За корисниците на пензии кои од „Еуростандард Банка“ АД Скопје ќе се префрлат во друга банка по 21 август  банките ќе обезбедат дополнителни  исплати на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година.

Промовирани огласи »

Уште нешто помалку од 15.000 пензионери се уште немаат отворено сметка во нова банка за да ја земат августовската пензија навреме, откако Еуростандард ја загуби лиценцата за работа.

Тие имаат рок до крајот на септември да се префрлат во друга банка за да ја добијат августовската плата, односно Фондот за пензиско и инвалидско осигурување определи уште три термини.

На почетокот бројот беше околу 50.000 пензионери, но до денес 36.000 отвориле нова сметка. пензии ќе добијат сите, а роковите се до 7, 14, и 21 септември, рече Шаип Занели, директорот на ПИОМ во изјава за Сител.

Пензионерите од руралните средини на кои Македонска пошта, која имаше договор со Еуростандард,  им ја доставува пензијата ќе мора да почекаат се додека не се склучи спогодба со друга банка.  Владата треба утре на седница да разгледа поштата преку која која банка да ги доставува пензиите

Рок за отварање на нова сметка во друга банка заради навремено добивање на пензијата заврши во петокот. Ова значи дека оние кој што не успеале да отворат нова сметка, ќе ја добијат пензијата во текот на следниот месец. 

Од Фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вордедни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните нова трансакциска сметка да извадат што е можно побрзо.

Промовирани огласи »

Нов ценовник, ама цените на бензините, дизелот и екстралесното масло остануваат исти. Од полноќ за 0.323 отсто ќе биде намалена цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,5 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,5 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52 денари за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ ќе изнесува 26,280 денари по килограм.

Промовирани огласи »

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци.

Според информацијата од Град Скопје, Авионската дезинсекција (вонредна) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 25.08.2020 (вторник) и 26.08.2020 (среда), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »