На Волстрит во понеделникот берзанските индекси се лизана од највисоките нивоа во историјата, бидејќи дел од вложувачите се решија на повлекување на заработките од пазарите по трите седмици постојан пораст на цените на акциите.Индексот Dow Jones ослабе за 0,28 отсто, на 19.097 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,53 проценти, на 2.201 поен, а Nasdaq индексот падна за 0,56 отсто, на 5.368 индексни поени.
Од 8-ми ноември, кога Доналд Трамп победи во трката за Белата куќа, цените на акциите на Волстрит без престан растеа бидејќи се очекува дека плановите на Трамп за зголемување на фискалната потрошувачка, намалувањето на даноците, вложувањата во инфраструктурата и олбавената регулација во поединечните сектори позитивно ќе влијае на економијата.
Поради тоа во петокот сите поважни индекси достигнаа највисоки нивоа во историјата. Во понеделникот, меѓутоа, дел од инвеститорите се одлучија за повлекување на заработката од пазарот, па затоа, меѓу другото, под притисок се најде финансискиот сектор.
Откако по победата на Трамп цените на акциите на банките во просек пораснаа за повеќе од 10 отсто, во понеделникот акциите на „Wells Fargо“, „Citigroup“ и „Bank of America“ поевтинија меѓу 2 и 2,7 отсто.
Цените на акциите силно пораснаа по изборите, особено во секторите кои се најчувствителни на движењата во економијата, како што е финансискиот. А сега дел од вложувачите се одлучија за повлекување на заработката, додека се чека нов силен придвижувач на пазарите“, вели за Reuters Петер Јанковскис, директор во компанијата „OakBrook Investments.
Обемот на тргувањето и во понеделникот беше под просекот, каки и претходните трговски денови. На американските берзи сопствениците во понеделникот ги заменија 6,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 денови изнесуваше 7,8 милијарди акции.