Промовирани огласи »

Салатите освен што се здрави и вкусни за јадење носат и добра заработувачка. Сузан Ницовски која потекнува од Македонија, решила да направи своја компанија преку која ќе продава свежи салати.

Нејзината компанија се вика „Летни свежи салати “ (Summer fresh salads inc) и специјално е направена за гладни луѓе кои немаат многу време за јадење, а сакаат да се хранат здраво. Бидејќи Сузан има дипломирано хемија, воопшто не и било проблем преку хемиски процеси да ги задржи салатите свежи и квалитетни и по неколку дена.

Кога Сузан и нејзината мајка ја отвориле компанијата се наоѓала во едно мало просторче во Онтарио, за денеска да прерасне во гигантско здание од кое со зеленучук се снабдуваат Канада и Северна Америка.  Во „Летни свежи салати“ има 300 вработени и библиотека со преку 3000 рецепти за нивните производи.

Преку продажба на салати, Сузан одамна ја надмина заработката на над 100 милиони долари, а нејзината компанија прерасна во империја за здрава храна. Мега успешниот бизнис на Ницовски досега  има добиено повеќе награди од индустријата за храна, но и од бизнис секторот меѓу кои и наградата за најиновативна компанија.

Таа заедно со најуспешните македонски бизнисмени од земјава, но и од дијаспората е член на одборот во „Македонија 2025“- асоцијација на бизнисмени и професионалци.

Го напуштив светот на корпорациите и по дома со мајка ми почнавме да готвиме и сецкаме креативни јадења во кујната. Храната отсекогаш била дел од мојата фамилија. Моите баба, дедо и вујко поседуваа ресторани, а мојот татко е инжињер специјализиран за опрема за готвење и производство на храна. Јас уште од мали нозе обожував да готвам домати на скара. Останатото е веќе историја, вели Сузан.

Промовирани огласи »

Цените на горивата кај нас се прилично стабилни и нема некои поголеми промени поради фактот што цената на нафтата на светските пазари нема поголеми движења.

Поголеми промени на цените нема  ни на пазарите во регионот. Македонија има најниска цена на дизел горивата со цена од околу 0,85 евра за еден литар, потоа Романија со цена од околу едно евро. За дизел горивото иста цена од околу едно евро плаќаат и Босна и Херцеговина, 1,07 евра плаќа Бугарија, потоа следи Хрватска каде еден литар дизел чини 1,14 евра и во Црна Гора и Словенија е 1,15 евра за литар дизел гориво. Најскапо дизел гориво плаќаат во Грција- 1,28 евра, Албанија е одма позади нив со 1,25 евра и Србија со цена од 1,21 евро.

Нешто поинаква е сликата кај бензините.  Најскап бензин плаќаат Грците- 1,52 евра за литар, Црна Гора -1,29 евра, па следи Албанија со цена од 1,27 евра. Во Словенија и Хрватска за литар бензин треба да издвоите 1,25 евра. Најевтина цена на бензините има во Романија од околу едно евро за литар, потоа следи Македонија со цена од околу  1,06 евра, Бугарија со 1,07 евра и Босна и Херцеговина каде треба да се издвојат 1,09 евра.

Промовирани огласи »

Супер вести од Huawei, секој корисник, кој ќе го купи новиот модел во периодот од 1 – 15 април, добива подарок -надворешна батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод.

Oд Huawei најави дека започнува пред-продажба во Македонија на новиот модел P10, со подарок луксузна кутија со додатоци. Прелиминарните нарачки почнуваат од утре, 1 април, и ќе траат до 15 април во мрежата на мобилниот оператор Македонски Телеком и синџирот продавници Neptun. Така најстраствените корисници ќе се здобијат први со возбудливиот нов модел, уште пред неговото официјално трговско деби на 15 април. Покрај оваа можност, корисниците ќе бидат изненадени и со подарок стилски комплет со додатоци како надворешен батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод.

Huawei P10 пристигнува во Македонија со исклучителни технички и уметнички фотографски карактеристики – нова двојна главна камера од Leica (20 мегапиксели монохроматски сензор и 12 мегапиксели RGB сензор), како и предна 8 мегапикселна Leica камера за исклучителни селфи слики, прецизна 3D технологија за детектирање на лице, 5,1-инчен стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, сензор за отпечатоци веќе во предниот дел на телефонот, најмоќниот процесор Kirin 960 со најновата верзија на интерфејсот EMUI 5.1., голема 3,200 mAh батерија која поддржува SuperCharge технологијата за супер брзо полнење. Моделот ќе се нуди во боите Mystic Silver (мистично сребрена), Graphite Black (графит црна) Prestige Gold (престижно златна) и Dazzling Blue (сјајно сина). Информации за купување на новиот модел, начинот на испорака, како и на подарокот, ќе бидат достапни во сајтовите на партнерите од утре, како и на официјалниот сајт на Huawei http://huawei.happyendians.pl/p10-preorder/mk/p10preorder

Промовирани огласи »

Агенцијата Марили синоќа го организира  21-от избор на Топ најуспешни жени менаџерки за 2016 година.

Најуспешни 10  жени менаџерки се: Сузана Блажевска, генерален менаџер на „Афродита С“ – Скопје, Елена Василевска Ѓеоргиева, заменик-генерален менаџер на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје, Олгица Ѓоргиева, генерален менаџер на Модно ателјe „ГО Ѓоргиева Олгица“ – Скопје, Елена Антоновска Едизер, генерален менаџер во „Арс Луцида“ – Скопје, Билјана Караманолеска, генерален менаџер во „Светот на колорес“ – Скопје, Ена Норнилд, генерален менаџер во „Дан-Мак“ – Скопје, Енкеледа Стефановска, генерален менаџер во „Ад Вербум“ – Скопје, Елида Трајковска, генерален менаџер „Секјуриком“ – Скопје, Александра Марковиќ Цветановска, генерален менаџер во „Вардар Експрес Травел“ – Скопје и Викторија Шотароска, генерален менаџер во „П.И.К. Ко“ – Скопје.

Доаѓаат исклучиво од приватниот  сектор, од целата држава, а кога е можно се вклучива и дијаспората. Жените доминираат во услужните дејности и во областа на финансиите. Најчесто водат мали и средни бизниси.

Генералната менаџерка на агенцијата Лидија Трипуноска вели дека во конкуренција биле 30-40 жени и оти од избраните 90 отсто од  жените се на позиција генерални менаџери и оти на таа позиција се подолги години.

За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Според Трипуноска, овие избори придонесоа за подигнување на нивото на перцепција за жената во нашето општество и во бизнисот.

Таа традиција и прогласувањето на  најуспешни жени менаџери ги помести границите за тоа како се гледа на жената. На тоа дека всушност таа може да биде рамноправна, не само во работниот однос, туку и во делот на тоа да може да координира, да може да организира. Значи, се она што подразбира менаџирањето,  да биде одговорна и на неа да се гледа како на сериозен субјект во бизнисот, а верувам тоа е  препорака и воопшто за општеството и за високи позиции во општеството, истакнува Трипуноска.

Досега се избрани 210 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а минатата година по повод јубилејот 20 години беа избрани 20 .

Во рамки на манифестацијата трет пат по ред се одржа и тематски ден посветен не само на жените менаџерки, туку и на секоја современа жена.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »