Промовирани огласи »

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Медиумската информативна агенција (МИА) денеска (04.02.2019) потпишаа колективен договор со кој покрај повеќето придобивки вработените добиваат работна седмица од 36 часа, платен дополнителен ангажман, заштита од арбитрарно отпуштање, загарантирана слобода на информирање и други клаузили кои обезбедуваат подобри услови за работа.

Колективниот договор беше финализирани минатата недела, по речиси две годишни преговори и е прв колективен договор на ССНМ со медиум во Македонија.

По потпишувањето, в.д претседателот на ССНМ, Звездан Георгиевски рече дека ова е историски момент кој ја отвора вратата за пошироко и посеопфатно подобрување на условите за работа на новинарите. Според него, овој колективен договор е гарант дека без членовите на Синдикатот нема да може да се чепка по правата на новинарите.

„Се надевам дека многу брзо добивките од овој договор ќе бидат видливи, не само за вработените туку и за раководството на МИА, дека ќе стане добар пример што ќе го следат и другите медиуми за да дојдеме до нашата дефинитивна цел на колективен договор на ниво на гранка“, рече Георгиевски.

Директорот на МИА, Драган Антоновски, пак, смета дека секогаш може подобро, но дека во моментов ова е решението кое двете страни успеале да го испреговараат, но и дека од имплементацијата на колективниот договор ќе се увиди во кои делови е потребно подобрување.

„Може да се постигнуваат големи успеси со задоволни новинари кои ги имаат своите права, очекувам дека како МИА ќе добиеме поголема ефикасност и ќе бидеме подобри од тоа што сме“, рече Антоновски по потпишувањето.

Промовирани огласи »

Ќе воведеме европски стандарди во осигурувањето од автомобилска одговорност преку намалување на цената на чинење на зелениот картон, како производ на либерализирањето на цената на автоодговорност и решaвање на проблемот со неосигурени возила. Ова стои во најновата програма на Владата која денеска беше пратена во Собранието.

Сепак нема детали за колку и кога ќе биде оваа мерка. Има и други најави поврзани со автомобилите.

„Ќе продолжиме да го унапредуваме системот за поддршка на еколошки возила (со фокус на електрични и хидроген возила) и за возилата со пониска до средна вредност преку укинување или намалување на даночните и неданочните давачки (како данок за возила, ДДВ, царина, трошоци за регистрација, патарини итн...). Силно ќе се посветиме на регулирање на пазарот на половни возила и заштита на потрошувачите преку систем за проверка на квалитетот и декларираните параметри на возилото, како и воведување казнена одредба поврзана со измами на поминатиот број километри на возилото, пишува во програмата.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на Град Скопје во просек незначително се намалува.

„Со овие одлуки со кои има незначително  намалување на цената на топлинската  енергија, сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на  БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот  период во кој се наоѓаме со пандемијата Ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки најоправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје  да го користат овој енергенс.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

На централните  системи за греење на  трите компании  кои се во градот Скопје приклучени се околу 58.000 потрошувачи.

Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи зџа прв пат се огласи со свој коментар откако од СДСМ беше предложен за нов вицепремиер за економски прашања и порача дека во неговиот кабинет ќе им ги отвори вратите на сите професионалци кои сакаат да работат со него.

Денес предлогот за новата Влада е официјално предаден на Собранието. Голема благодарност до мандатарот г-дин Зоран Заев за довербата за мојот предлог за вицепремиерот за економски прашања во Владата.

Им благодарам и на членовите на Централниот одбор на СДСМ, на сите членови, соработници и пријатели за нивната поддршка.

Ова е голема чест за мене, но пред се ГОЛЕМО ОДГОВОРНОСТ да бидам на функција на сите граѓани на Република Северна Македонија и можам јавно да ветам дека ќе го ставам во функција целиот мој интегритет, знаење и искуство за да ги постигнам нашите заеднички цели. Во таа насока најавувам отворени врати за сите професионалци, пријатели и добронамерници активно да се вклучат во развојот на нашата земја и сите заедно да направат чекори што ќе го трасираат патот за значаен економски напредок на нашата татковина!“, напиша Битиќи на Фејсбук.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »