Промовирани огласи »

Држави од целиот свет го промовираат претприемништвото и претставуваат добри услови за бизнис. Ова покажува  го индексот на Универзитетот Вартон (Wharton University) и истражувачката компанија Y & R. 

Претходно ви претставивме и 10-те земји каде најлесно се стартува бизнис, а меѓу нив преовладуваа европските држави.

Студијата за претприемништвото ги зема предвид факторите како квалитет на животот, отвореноста за бизнис, образовното ниво, професионалните вештини на работната сила, транспарентноста на управување и развој на инфраструктурата.

Еве ги земјите кои се во Топ 9 за претприемништво:

9. Австралија

Во Австралија се развива силен стартп екосистем, иако трошоците за стартување на бизнис се релативно високи поради високото ниво на надоместоци. Земјата сепак заработува силен пласман поради добра конекција, развиена инфраструктура и транспарентни бизнис практики.

8. Сингапур

Сингапур со години е сочен како пример за развиена држава со високи стандарди и квалитет на живот, како и одлично место за водење бизнис. Ги додаваме развиената инфраструктура и најдобри транспортни врски.

7. Канада

Високиот резултат се должи на нејзината развиена инфраструктура, транспарентните деловни практики и образованата работна сила. Во 2015 година земјата го претстави иновативниот систем „Стартап Виза“, која прифаќа имигранти-претприемачи со канадски организации од приватниот сектор.

6. Шведска

Нордиската држава вообичаено е на челните позиции поради добрите бизнис практики и високо образованата работна сила. Главниот град Стокхолм е водечки центар на стартап индустријата на глобално ниво.

5. Швајцарија

Една од најбогатите земји во светот, Швајцарија може да се пофали како со образованието и развиените вештини на работната сила, така и со атрактивноста за претприемачите, ниските даночни стапки, лесниот пристап до капитал и добро развиената правна рамка за бизнис.

4. Велика Британија

Само на еден чекор од почесното скалило останува Велика Британија, која е со виоск резултат за развиена инфраструктура, транспортни врски и одлична правна рамка за бизнис.

3. САД

САД е водечки центар за иновации и претприемничка активност во последниве години, особено во светски познатата Силиконска долина во Калифорнија, каде се јавуваат брендови како Facebook и Google. Америка добива полни 10 поени од 10 можни за транспортни врски и лесен пристап до капитал.

2. Јапонија

Јапонија е една од земјите со највисоко ниво на образование и технолошки напредок, што пак ја прави многу атрактивна за претприемачите. Таа добива 10 поени за инфраструктура.

1. Германија

Германија е најдобра земја за претприемништво поради високо развиената инфраструктура, одличните транспортни врски, со работна сила со одлични вештини и обезбедува лесен пристап до капитал.

Промовирани огласи »

Во Хонг Конг, бирото полно со документи покажува напорна работа.

Во Европа тоа означува несреденост и неорганизираност.

Во Америка значи презафатеност.

Тимот на КАРИЕРА.мк состави интересни слики кои прикажуваат различни типови на бироа и што тоа зборува за луѓето кои работат на нив.

Интересно е да се проучува како некои мали работи толку многу зборуваат за нас.

Пронајдете го подоле и вашето работно биро:

Промовирани огласи »

Салатите освен што се здрави и вкусни за јадење носат и добра заработувачка. Сузан Ницовски која потекнува од Македонија, решила да направи своја компанија преку која ќе продава свежи салати.

Нејзината компанија се вика „Летни свежи салати “ (Summer fresh salads inc) и специјално е направена за гладни луѓе кои немаат многу време за јадење, а сакаат да се хранат здраво. Бидејќи Сузан има дипломирано хемија, воопшто не и било проблем преку хемиски процеси да ги задржи салатите свежи и квалитетни и по неколку дена.

Кога Сузан и нејзината мајка ја отвориле компанијата се наоѓала во едно мало просторче во Онтарио, за денеска да прерасне во гигантско здание од кое со зеленучук се снабдуваат Канада и Северна Америка.  Во „Летни свежи салати“ има 300 вработени и библиотека со преку 3000 рецепти за нивните производи.

Преку продажба на салати, Сузан одамна ја надмина заработката на над 100 милиони долари, а нејзината компанија прерасна во империја за здрава храна. Мега успешниот бизнис на Ницовски досега  има добиено повеќе награди од индустријата за храна, но и од бизнис секторот меѓу кои и наградата за најиновативна компанија.

Таа заедно со најуспешните македонски бизнисмени од земјава, но и од дијаспората е член на одборот во „Македонија 2025“- асоцијација на бизнисмени и професионалци.

Го напуштив светот на корпорациите и по дома со мајка ми почнавме да готвиме и сецкаме креативни јадења во кујната. Храната отсекогаш била дел од мојата фамилија. Моите баба, дедо и вујко поседуваа ресторани, а мојот татко е инжињер специјализиран за опрема за готвење и производство на храна. Јас уште од мали нозе обожував да готвам домати на скара. Останатото е веќе историја, вели Сузан.

Промовирани огласи »

Цените на горивата кај нас се прилично стабилни и нема некои поголеми промени поради фактот што цената на нафтата на светските пазари нема поголеми движења.

Поголеми промени на цените нема  ни на пазарите во регионот. Македонија има најниска цена на дизел горивата со цена од околу 0,85 евра за еден литар, потоа Романија со цена од околу едно евро. За дизел горивото иста цена од околу едно евро плаќаат и Босна и Херцеговина, 1,07 евра плаќа Бугарија, потоа следи Хрватска каде еден литар дизел чини 1,14 евра и во Црна Гора и Словенија е 1,15 евра за литар дизел гориво. Најскапо дизел гориво плаќаат во Грција- 1,28 евра, Албанија е одма позади нив со 1,25 евра и Србија со цена од 1,21 евро.

Нешто поинаква е сликата кај бензините.  Најскап бензин плаќаат Грците- 1,52 евра за литар, Црна Гора -1,29 евра, па следи Албанија со цена од 1,27 евра. Во Словенија и Хрватска за литар бензин треба да издвоите 1,25 евра. Најевтина цена на бензините има во Романија од околу едно евро за литар, потоа следи Македонија со цена од околу  1,06 евра, Бугарија со 1,07 евра и Босна и Херцеговина каде треба да се издвојат 1,09 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »