Промовирани огласи »

Заврши исплатата на повратот на дел од ДДВ за сметките кои граѓаните ги скенираа во втроото тримесечје, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Оттаму инфорираат дека во месеците април, мај и јуни 2020 годинасметки скенирале  304.472 лица. Скенирани се 41.650.814 фискални сметки со штоби остварен промет од 21.414.380.426 денари.

„За ова тримесечје исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236.493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ. За корисниците на апликацијата  кои имаа наведено трансакциска сметка од Еуростандард Банка исплатата на повратот беше стопирана, истата ќе се изврши откако ќе ги ажурираат податоците односно ќе наведат трансакциска сметка од друга банка, стои во соопштението.

Управата за јавни приходи апелира и до сите граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би  се извршила исплатата на повратот на дел  од  ДДВ искажан во фискалната сметка.

Напоменуваат и дека најчести причини поради кои не е извршена исплатата се -  погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице, а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво од минатата недела.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и ќе изнесува 26,531 ден/кг.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.08.2020 година .

Од 01.09.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  60,00(денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС -98  62,00(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  52,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  51,50(денари/литар)

Мазут М-1 НС  26,531(денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,533%, кај дизелот има намалување за 1,317%, кај екстра лесното масло се регистрира намалување за 0,014%, додека кај мазутот има зголемување за 0,737% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,558%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 01.09.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Промовирани огласи »

Укинување на сегашното право заминувањето во пензија да се одложи до 67-годишна возраст, најави премиерот Зоран Заев. Во Собранието тој изјави дека уште во првите сто дена од мандатот на новата Влада ќе се донесе закон со кој пензионирањето ќе биде задолжително на 64 години за мажи и на 62 години за жени. Оние кои ќе сакаат ќе можат да се пензионираат и пред време и тоа пет години, но пензијата ќе им биде помала.

Според тие најави лицата кои се пензионираат годинава ќе бидат последните кои ќе ја искористат можноста во пензија да одат на 67 години.

-Законот ќе биде изгласан во првите сто дена, а ќе биде со важност од 1 јануари следната година. Тоа значи задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Исклучок од тоа ќе бидат здравствените работници, лекарите и медицинските сестри и вработени во високото образование кои се навистина дефицитарни кадри, истакна старо-новиот премиер.

Досега само со поднесување писмено барање до работодавецот, најдоцна до 31 август во годината пред остварување на правото на пензија работникот, можеше да си го продолжи работниот однос за една година. Такви барања кои работодавецот мораше да ги прифати, вработените можеа да понесуваат секоја година сè додека не наполнат 67 години.

Од друга страна, новиот закон ќе биде поволен за оние кои едвај чекаат да се пензионираат.

– Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија, стои во програмата за работа на новата Влада.

Заев уверува дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување може да го издржи тоа.
-Фондот за пензиско осигурување е во добра кондиција, приходите се до осум проценти зголемени во корона-кризата. Пред кризата приходите растеа 12 до 13 проценти. Фондот сега е стабилизиран, истакна тој.

Тој вели дека за сите економски мерки ќе бидат консултирани синдикатите, работниците и коморите.
Исто така, најавено е зголемување на минималната пензија од нешто помалку од 9.000 денари на најмалку 10.700 денари.

- Ве информираме дека од утре, вторник (1.09.2020 год) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз, објавија од ЈСП - Скопје. 

Потсетуваме дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »