Промовирани огласи »

Плаќањето со платежните картички во трговијата во земјата пораснало за над седум проценти годишно, а вредноста на остварените трансакции се зголемила за повеќе од 17 проценти на годишно ниво и во услови на пандемија,соопшти Народната банка. 

Најголеме  растот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на местата на продажба на интернет, кој во вториот квартал од оваа година изнесува речиси 170 проценти. Тоа е за пет пати повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатaта година. Платежните картички на физички места на продажба во вториот квартал од 2020 година пораснале за 4,9 отсто кој е значително понизок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година.

„Негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, кои забележаа годишен пад од 13,3 проценти во однос на бројот и 17,4 отсто во однос на вредноста на трансакциите. Сепак, од започнувањето на корона-кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери извршени од страна на граѓаните во вториот квартал се зголемил за значителни 42,2 проценти на годишна основа, што е двојно повеќе споредено со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (20,9%). Граѓаните ги извршувале плаќањата најчесто преку компјутер. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во вториот квартал од 2020 година се забележува висок годишен раст од 32,9 отсто, кој е скоро двојно повисок од годишниот раст во вториот квартал од минатaта година, кој изнесуваше 14,7 проценти, стои во извештајот. 

Во вториот квартал од годинава продолжува трендот на зголемена употреба на мобилните телефони за извршување плаќања во земјата. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон пораснал за над 75 проценти.

„Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 отсто, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, заклучуваат од Народна банка

Промовирани огласи »

Се јавија банкарите, откако Народна банка им дозволи да се пролонгира отплатата на кредитните рати.

Тие ќе овозможат одложување на отплаќање на кредитните рати за уште шест месеци. Сепак, банкарите преку својот еснаф, МБА, нагласуваат дека ова одложување ќе важи не за сите, туку само за оние граѓани што имаат финансиски тешкотии, на пример останале без работа, им се намалиле приходите или имаат високи трошоци за лекување.

Заклучно со 30.9.2020 година завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата која деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ. 
Во меѓувреме, дел од клиентите одлучија да се вратат во редовна отплата на кредитите додека сите други согласно Договорите за кредитните производи почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските.

„Сепак, согласно со регулативата на Народната банка, имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, банките во Република Северна Македонија ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи,  само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати  сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата“, велат банкарите здружени во МБА. 

Детални информации, во рамки на своја постапка и методологија, секоја деловна банка ќе објави на својата интернет-страница во најкус можен рок околу процесот и постапката преку која ќе се овозможи вториот период на одложена отплата. Од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

Граѓаните се охрабруваат да пристапат до својата банка преку нејзината интернет-страница, или преку други канали за комуникација определени од банката, и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата. Притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука.

Со оваа активност, граѓаните ќе бидат во можност да користат до 6 месеци продолжување на рокот на отплата на своите кредитни обврски, за сите или за дел од кредитните производи кои ги користат, во зависност од пристапот и понудата на секоја банка.

„Секако, граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци“, велат од НБА.

Ова следува откако НБМ дозволи пролонгирање, но побара банките тоа да го направат со јасни критериуми.

Промовирани огласи »

Изминатата ноќ во ЗОО Скопје пристигнаа Арктички бели волци од Чешка. Мажјакот и женката се млади единки на возраст од една година, а поради тоа што се поларни животни во текот на летото се митарат, а во зимските денови имаат сјајно и густо бело крзно.


Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд.

Арктичките волци се познати и како поларни волци или бели волци.
Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот, туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.

Промовирани огласи »

Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 202/2021 година од 1 октомври, што го усвои денеска Владата на својата прва седница.

Општините заедно со директорите на училиштата кои сметаат дека ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство најдоцна до 10 септември треба да достават образложенија за тоа до Комисијата што ја формираше Владата и која ќе прави проценка и ќе го прифати или одбие барањето.

Владината одлука за Планот за новата учебна година на Министерството за образование и наука ја соопшти на прес-конференција новата ресорна министерка Мила Царовска, потенцирајќи дека тој се  базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19.

Убедена сум, рече Царовска, дека со посветена работа и заеднички напори и покрај епидемијата ќе имаме успешна учебна 2020/2021 година која ќе стартува на 1 октомври.

-Во овој план нудиме комбиниран модел на настава. На општините и училиштата им даваме можност  да организираат он-лајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко прустсво во училиштата. За успешна реализација на учењето во далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста. Сепак планот нуди опција и за почнување настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласност со протоколите, рече Царовска на заедничка прес-конференција со министерот за здравство.

Потсетувајќи дека при нормални услови денеска по правило ќе започнеше учебната година посочи дека  панедмијата со КОВИД-19  наметна нови правила на кои мора да се прилагодиме сите ние, како и дека  ваквите услови бараат  да се заштити јавното здравје, но истовремено  и да се обезбеди учење.

Таа ги повика општините, директорите на училиштата и наставниците внимателно да ги разгледат новите правила и да ги информираат родителите и децата за него.

-За децата од прво до трето одделение  е многу важно наставата да ја следат со физичко присуство  во просториите на училиштето со максимално искористување  на просторните и кадровските капацитети  во училиштата и со задолжителна примена на сите заштитни  епидемиолошки мерки утврдени со  протоколот за физичко присуство и во согласност со родителите или старателитена учениците, наведе Царовска.

Исто така, укажа, даваме право на избор на следење на наставата за овие деца за што со писмена изјава ќе треба да се изјасни родителот. За учениците чии родители старатели поднеле изјава  до училиштето за следење на настава на учениците на далечина училиштето мора да им организира учење од далечина на  истите тие ученици.

– Во паралелките  кои има ученици кои следат настава со учење од далечина, наставникот согласно условите, можностите и специфичностите на наставната единица во рамките на одреден наставен предмет може додека го држи часот да ги вклучи и учениците коишто следат настава од далечина, што значи дека оние коишто нивните родители дале изјава да следат настава со физичко присуство да им се приклучат оние коишто родителите одбиле физичко присуство или да продолжат да следат настава онлајн додека наставникот држи настава со физичко присуство во училиштето. Да го сними реализираниот наставен час и да го испрати на учениците коишто следат настава од далечина, да изготви печатени материјали кои ќе ги преземат родителите во соработка со наставникот или класниот раководител или одреден образовен асистент, или да одржи час само за учениците коишто следат настава од далечина, појасни министерката за образование.

Наставата со физичко присуство ќе се одвива во група до 20 ученици, како што е пропишано во протоколот и физичка дистанца помеѓу учениците од најмалку 1,5 метри, како и со задолжително почитување на протоколите за настава – дезинфекција и носење на заштитни маски. Наставниот час во основните училишта ќе трае 30 минути  во наставата со физичко присуство или 30 минути од час и 5 минути за приклучување за оние коишто ќе следат настава од далечина. Во средните училишта часовите времетраењето ќе изнесува 35 минути. После секој наставен час се користи мал одмор од траење од пет минути, а после вториот и третиот наставен час големиот одмор е во траење од 15 минути за оние со физичко присуство и за оние коишто се со онлајн присуство и се под надзор на класниот или предметниот наставник за оние коишто избрале да одат со физичко присуство.

Според Царовска, во Планот воделе сметка и за квалитетот на образовниот процес кој ќе се одвива од далечина. Предвидена е проверка или валидација на знаење на учениците со физичко присуство во училиштата за што Бирото за развој на образование веќе изготвува план и начин на којшто тоа ќе се спроведува.

За училиштата кои ќе организираат настава на далечина наставниците ќе треба да бидат присутни во училницата во училиштето и предавањата да ги организираат на националната платформа. Исклучок се само наставниците со хронични и ретки болести кои ќе треба да поднесат барање до директорот за давање дозвола за држење онлајн настава или настава од далечина во нивниот дом. Директорот на училиштето се грижи за целосна покриеност на интернет корекција на сите уличници во училиштето. Во овој случај доколку училиштето нема добра интернет конекција наставниот час може да се одржува и од дома по претходно добиена согласност од страна на директорот само доколку нема услови тој интернет да се обезбеди во училиштето во сите училници.

Како што укажа Царовска, при подготовка на планот водена е грижа и за учениците кои немаат пристап до уреди за следење на настава од далечина или ИКТ уреди или немаат интернет. За тие ученици училиштето организира настава со физичко присуство во училиштето во согласност со родителите и старателите. Доколку родителот не се согласува наставата да се случува со физичко присуство оние коишто немаат ИКТ опрема тогаш училиштето изготвува печатени материјали кои ги преземаат родителите во соработка со наставникот, класниот раководител или образовниот асистент. Покрај ова, во интерес на децата училиштето во договор со родителите договара најбезбеден начин за давање и преземање на учебните материјали, домашните задачи и други училишни обврски на учениците.

-Наша врвна цел е обезбедување инклузивно образование пристапно за сите деца, дури и во услови на КОВИД -19. Планот овозможува учениците со попреченост во паралелките од прво до трето одделение да бидат вклучени во настава во училиште и да им се обезбеди поддршка од страна на наставниците и училишните работници како дефектолог, психолог, педагог и сл., односно инклузивен тим. Сепак, родителите и старателите на учениците со попреченост имаат право да одлучат дали нивните деца ќе следат настава со физичко присуство или ќе учат од далечина и од дома. Учениците со попреченост кои имаат поддршка од образовен или личен асистент продолжуваат со поддршката на образовниот процес на учениците во училиште или во самиот дом на ученикот и треба да бидат во постојана координација и комуникација со инклузивниот тим во училиштето и родителите, рече Царовска.

Хроничните и болни деца и децата со ретки болести наставата треба да ја следат исклучиво од далечина или во нивните домови и за што треба да имаат потврда од лекар дека нивната здравствена состојба не дозволува следење на наставата со физичко присуство.

-Наставата за учениците од средно образование се реализира со учење од далечина и со физичко присуство. Само училиштата коишто ги исполнуваат условите во протоколите за настава со физичко присуство и планот може да побараат од основачот Министерството да достават барање за согласност до Владата да реализираат настава со физичко присуство за сите ученици коишто се во средно. Средните училишта покрај редовна настава која што ја имаат и општите предмети организираат и стручна настава и стручни предмети за што овозможуваме посебни протоколи за следење на оваа настава со физичко присуство во училиштата или во компаниите доколку се спроведува дуално образование секако по посебни протоколи пропишани, информира министерката за образование.

Министерот Филипче, кој на прес-конференцијата ги претстави протоколите за одвивање на наставата од 1 октомрви, порача дека искуството од досегашната примена на сите протоколи даваат резултати само ако сите ги почитуваат и доследно се применуваат сите мерки за заштита.

-Протоколите не штитат само ако сите се придржуваме до нив. Верувам дека и во овие исклучително комплицирани услови може да одржиме успешна учебна година, а оние ученици кои ќе посетуваат настава ќе бидат заштитени, а ризикот за зараза ќе биде сведен на минимум, рече Филипче, апелирајќи до сите родители, наставници и целиот менаџмент на образовните институции да пристапат кон примена на мерките за заштита од КОВИД-19 за да не се дозволи ескалација на болеста.

Тој ги повика родителите чии деца ќе посетуваат настава со физичко присуство во училиштата да разговараат со децата за новите правила и да ги подготват на новиот начин за одржување на настава.

Филипче истакна дека ги разбира оние што можеби се незадоволни од моделот за настава и оти го почитува нивниот став, но им порача дека предложениот модел ги штити сите, како и дека оваа состојба не е избор, туку е нужност и е во интерес на здравјето и на ништо друго. Ова, потенцира,  мора да се разбере и да се почитува од сите. Состојбата нема да трае вечно, се поблиску сме до намдинување и пронаоѓање на вакцина, а со тоа и постепено врачање на животот во нормала, но ќе има дотогаш мора да се навикнеме на овие нови правила, се може да се надомести, но здравјето и животот не, бидете трпеливи, рече Филипче.

Надзор на примената на протоколите и планот за учебната година ќе врши Просветниот државен инспекторат и Државниот здравствен санитарен инспекторат согласно надлежностите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »