Промовирани огласи »

Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат on-line, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Како што појасни, иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата.

-Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што on-line наставата треба да го даде максимумот што може со on-line настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.

Министерката најави и дека школската година ќе заврши на 10 јуни.

Промовирани огласи »

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека  остануваат средства за уште околу 1.800 барања за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата.

За добивање на овие субвенци граѓаните може да аплицираат онлајн.

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 3216 апликации.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. 

Промовирани огласи »

Плаќањето со платежните картички во трговијата во земјата пораснало за над седум проценти годишно, а вредноста на остварените трансакции се зголемила за повеќе од 17 проценти на годишно ниво и во услови на пандемија,соопшти Народната банка. 

Најголеме  растот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на местата на продажба на интернет, кој во вториот квартал од оваа година изнесува речиси 170 проценти. Тоа е за пет пати повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатaта година. Платежните картички на физички места на продажба во вториот квартал од 2020 година пораснале за 4,9 отсто кој е значително понизок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година.

„Негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, кои забележаа годишен пад од 13,3 проценти во однос на бројот и 17,4 отсто во однос на вредноста на трансакциите. Сепак, од започнувањето на корона-кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери извршени од страна на граѓаните во вториот квартал се зголемил за значителни 42,2 проценти на годишна основа, што е двојно повеќе споредено со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (20,9%). Граѓаните ги извршувале плаќањата најчесто преку компјутер. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во вториот квартал од 2020 година се забележува висок годишен раст од 32,9 отсто, кој е скоро двојно повисок од годишниот раст во вториот квартал од минатaта година, кој изнесуваше 14,7 проценти, стои во извештајот. 

Во вториот квартал од годинава продолжува трендот на зголемена употреба на мобилните телефони за извршување плаќања во земјата. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон пораснал за над 75 проценти.

„Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 отсто, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, заклучуваат од Народна банка

Промовирани огласи »

Се јавија банкарите, откако Народна банка им дозволи да се пролонгира отплатата на кредитните рати.

Тие ќе овозможат одложување на отплаќање на кредитните рати за уште шест месеци. Сепак, банкарите преку својот еснаф, МБА, нагласуваат дека ова одложување ќе важи не за сите, туку само за оние граѓани што имаат финансиски тешкотии, на пример останале без работа, им се намалиле приходите или имаат високи трошоци за лекување.

Заклучно со 30.9.2020 година завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата која деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ. 
Во меѓувреме, дел од клиентите одлучија да се вратат во редовна отплата на кредитите додека сите други согласно Договорите за кредитните производи почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските.

„Сепак, согласно со регулативата на Народната банка, имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, банките во Република Северна Македонија ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи,  само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати  сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата“, велат банкарите здружени во МБА. 

Детални информации, во рамки на своја постапка и методологија, секоја деловна банка ќе објави на својата интернет-страница во најкус можен рок околу процесот и постапката преку која ќе се овозможи вториот период на одложена отплата. Од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

Граѓаните се охрабруваат да пристапат до својата банка преку нејзината интернет-страница, или преку други канали за комуникација определени од банката, и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата. Притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука.

Со оваа активност, граѓаните ќе бидат во можност да користат до 6 месеци продолжување на рокот на отплата на своите кредитни обврски, за сите или за дел од кредитните производи кои ги користат, во зависност од пристапот и понудата на секоја банка.

„Секако, граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци“, велат од НБА.

Ова следува откако НБМ дозволи пролонгирање, но побара банките тоа да го направат со јасни критериуми.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »