Промовирани огласи »

Основање фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро, укинување на фирмарина за првите две години за новооснованите компании и драстично намалување на трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот, се дел од ветувањата на новата Влада што треба да се реализираат во следниот четиригодишен мандат.

Тоа значи дека граѓаните ќе можат да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку отворање на сопствени компании, а се најавува и целосна промена на системот за плаќање и за висината на фирмарина, согласно големината на претпријатието, бројот на вработени и годишните приходи.

– Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од политичките влијанија, намалување на административните процедури и бариери, а со целосно искористување на претприемачкиот дух и знаења на домашниот човечки капитал. Трансформацијата на економијата ќе биде следена со серија добро осмислени, практични и остварливи мерки за поддршка, кои реално ќе помогнат нашиот бизнис да биде растечки, развоен и одржлив. Како и досега, клучната поддршка ќе биде токму на движечката сила на нашата економија, на најголемиот сектор за вработување, создавач на вредноста и најсилниот потрошувач, а тоа се микро и малите компании, се вели во Програмата на Владата.

Олеснителна околност за новоформираните компании ќе биде и тоа што Централниот регистар задолжително ќе им издава т.н. „Информатор“ со сите важни информации за водење бизнис како што се документите што се потребни за едно трговско друштво, постапката за регистрација за ДДВ обврзник, можностите што ги дава државата за субвенционирање и поддршка, начините на пристапување и обезбедување на документација од државните институции….

Економскиот тим на Владата ќе треба да работи и на намалување на трошоците за добивање на потребната документација за потребите на бизнисот како што се документите од Централниот регистар, царината, документите за учество на тендери и.т.н., а во Програмата на Владата стои дека драстично ќе се намали цената за издавање на тековната состојба на претпријатијата.

Плановите на Владата се да биде укинат и данокот на личен доход за обуките, квалификациите и  добивањето на лиценци со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите.

Од Владата најавуваат и намалување на парафискалните давачки до 75 проценти и нивно нивелирање согласно големината на стопанските субјекти што е едно од барањата на стопанските комори. Неодамна на средбата со премиерот Зоран Заев, претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска изјави дека парафискалните давачки претставуваат поголемо оптоварување за компаниите, дури и од даночните давачки.

Планирано е да се укине надоместокот за поврзување на фискалниот апарат со серверите на УЈП и надоместокот за контрола на промет што го врши УЈП, а сервисирањето на фискалните апарати да биде бесплатно. Ќе се зголеми и временскиот рок за менување на СИМ-картичка од фискална каса од една на три години.

Владата планира да направи и регистар на парафискални давачки кој ќе биде редовно ажуриран и дополнуван, со што компаниите во секое  време ќе имаат увид и ќе може соодветно да ги планираат своите финансиски активности.

Промовирани огласи »

По 6 месеци, повторно се врати детскиот џагор во градинките. Почнаа со работа под посебни протоколи и мерки за заштита од корона вирусот. Поголемите деца веќе знаат дека нема гушкање и поздравување со другарчињата како порано.  

Новото нормално за градинките е при прием задолжително мерење на температура на детето, дезинфекција на раце и лекарска потврда дека е здраво. 

Негувателките и воспитувачките со маски и честа дезинфекција на подовите е сликата која ја видовме утринава на првиот работен ден. Родителите со коментар дека со почитување на протоколите, нивните деца ќе бидат побезбедни во градинките отколку во парковите.

- Не, нема страв бидејќи во градинките ќе биде побезбедно отколку во парковите и на лулашките. Добро е што ги отворија, со почитување на протоколите нема страв. Го земав внучето, секако не е сеедно, ама не може дете цело време дома со баба...велат родители.

Во градинката Буба Мара во Аеродром порано згрижувале 1100 деца во петте објекти кои ги имаат. Сега со ковид протоколите има место за 560.

- Добро е што повторно се гледа детската смеа во градинките, утрово се беше согласно протоколите, вели Елена Устамитова, директор на градинка Буба Мара.

Министерката за труд и социјална политика која ја посети оваа градинка, побара од вработените согласно препораките на Комисијата за заразни болести, да не се групираат во една просторија за време на пауза туку секој да си биде со одредената група. Има и посебен алгоритам доколку се појави сомнителен на корона.

- Пример, ако дете има зголемена температура, неователката го изолира во посебна просторија. Друго лице е задолжено да ги извести родителите или старателот и епидемиолошката служба. Согласно епидемиолошката анкета и реултатот од евентуално тестирање ќе покаже кој ќе оди во изолација, вели Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.

Во градинкитер има утврдено и време за прием и заминување на децата се со цел да не биде загрозено нивното здравје како и работниот процес во установата.

- До 6 деца кај најмалите и максимум 15 во поголемите групи. Ова е само дел од протоколот донесен од Комисијата за заразни болести за функционирање во услови на пандемија од корона вирусот.

Дел од градоначалниците се пофалија дека немаат проблеми, додека, пак, некои се пожалија на недостиг од кадар во градинките за нивно нормално функционирање. Од 19 000 места, досега интерес за згрижување пројавиле родители на 14 555 деца.

Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија денес објави Јавен повик до работодавачите и до невработените лица кои се корисници на гарантиран минимален приход за учество во мерката Субвенционирање на плати.


Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Промовирани огласи »

Владата предложи намалување на судската такса за физичките лица. 

Станува збор за намалување за седум пати на максималната судска такса за физичките лица.

Како што соопшти министерот за правда, Бојан Маричиќ, станува збор за предлог-измена на Законот за судските такси.

„Работиме во интерес на граѓаните за да ја направиме правдата подостапна“, напиша Маричиќ на Фејсбук. 

Со тоа, максималната судска такса за физичките лица се намалува од 48.000 денари на 6.000 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »