Промовирани огласи »

Наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

-За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ по здравствената криза, Владата го најавува четвртиот пакет на економски мерки со кој платежни картички ќе им бидат доделени на пензионерите со пензии до 15.000, на пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители, велат од СДСМ.

Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а ќе продолжи и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.

Од СДСМ тврдат дека со навремените и ефикасни мерки и политики успеале да ги ублажат првичните удари врз економијата, а сега целта е „да се изгради развојна економија подготвена да одговори на сите предизвици и што ќе обезбеди шанса за сите“.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за координација со економските сектори Фатмир Битиќи денеска изјави дека не се откажуваат од проектот „Викенд без ДДВ“ и оти се разгледуваат законските можности и здравствените аспекти кога тој може да се реализира.

– Веќе ги гледаме последните законски можности кога во најбрз временски период и во координација со здравствените институции, тоа може да се направи. Мислам дека наскоро со четвртиот пакет веќе ќе имаме став и за „Викенд без ДДВ“, рече Битиќи.

Коментирајќи ги мислењата на одредени експерти дека мерката повеќе ќе им помогне на поимотните отколку на посиромашните граѓани и оти таа води кон сивата економија, Битиќи со став дека има механизми со кои би се идентификувале и елиминирале евентуалните вакви појави.

– Има начини на креирање на механизми со кои ќе овозможите или ќе оневозможите некој тоа да го употреби или злоупотреби. Таков пример беше начинот на трошење на средствата за субвенционирање на плати од 14.500 денари. Самата држава беше таа која ги идентификуваше фирмите кои не ги испорачаа парите до граѓаните. Самата држава воспостави механизам кој покрена постапки за секој од нив. Покажавме дека државата треба да креира механизми со кои овие нус појави ќе ги идентификува. Така што мислам дека за „Викенд без ДДВ“ не треба никој да се оптоварува со тоа дали и кој ќе злоупотреби, туку дали и колку граѓаните ќе можат да ја искористат оваа можност, рече Битиќи. 

Промовирани огласи »

Граѓаните и претпријатијата се во исчекување на четвртиот пакет на еконосмки мерки за справување со последиците од корона кризата по составувањето на новата Влада, инаку најавен уште пред изборите дека ќе се реализира во септември, но за тоа прво ќе треба да се направи вториот ребаланс на буџетот годинава.

Одлуката се очекува да биде донесена следната недела кога ќе се види колку средства се останати помеѓу институциите кои може да се повлечат назад во буџетот, колку непродуктивни трошоци дополнително ќе бидат намалени и колку средства ќе бидат потребни за евентуално задолжување.

Крешник Бектеши, министерот за економија, вчера пред средбата со Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека од следната недела ќе започне процесот на ребалансирање на буџетот поради корона-кризата и најавениот четвртиот пакет на економски мерки.

- Ќе има ребаланс на буџетот, одлука следната недела ќе се донесе, кога го очекуваме и предлогот од Министерството за финансии, изјави Бектеши, при тоа не откривајќи какв мерки од четвртиот сет за справување со економските последици од коронавирусот ќе бидат донесени.

Бектеши најави дека главно ќе се работи за даночни олеснувања и директни субвенции за претпријатијата, особено од секторите кои се најмногу погодени и кои се уште немаат дозвола за работа од државата.

Данела Арсовска, претседателката на ССК, рече дека државата од сите останати во регионот процентуално најмалку одвоила од своето БДП за економска помош и дека голем број на дејности се уште не смеат да работат, а немаат право на субвенции уште од јули месец.

Првото прекројување на државната каса се случи во мај на безмалку два месеци по појавата на пандемијата во земјава со кој се дополнија буџетите на одредени министерства како клучни за борба со Ковид-19, а се укинаа одредени мерки кои се сметаа за ирелевантни и се редуцираа одредени трошоци.

Платежни картички за категориите граѓани како самохраните родители и пензионерите со ниски пензии, односно за категориите кои не беа претходно опфатени, се новините кои се најавуваат за четвртиот пакет економски мерки. 

Ова го најави вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи во своето гостување за ТВ 24, нагласувајќи дека ќе има и други таргетирани мерки за оние кои не можат без помош во третиот и четвртиот квартал.

Според Битиќи, средства за четвртиот пакет ќе бидат обезбедени со ребаланс на Буџетот и со префрлања на заштедените пари кои некои институции не ги потрошиле. 

Одлуката за тоа кога ќе биде ребалансот ќе се знае за десетина дена. 

Тој нагласи дека фокусот на Владата е економијата, интензивно се одржуваат средби со сите чинители, а владините проекции за рецесијата остануваат исти, односно дека таа нема да биде подлабока од четири отсто. 

Битиќи нагласи дека и со четвртиот пакет мерки ќе покажат дека Владата сака секој еден денар на граѓанинот што се дава за даноци, да отиде каде што треба. 

Промовирани огласи »

Во интервјуто на МТВ, премиерот Зоран Заев најави одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години, додека дамите ќе може да одберат да се пензионираат на 62 години.

Заев истакна дека се предвидува можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен профил не се јави никој и тогаш се отвора можноста за вработување стручни луѓе над 64 години.

„Втората важна компоненета во рамките на реформите на пензискиот систем е пред полнење на 64, односно 62 години, да може да се докупи стажот – истакна Заев, додавајќи дека се отвора можноста граѓаните за тие пет години да ги платат придонесите за пензиско осигурување и може да заминат во пензија.

Заев појасни дека сумата на придонесите за пезниско осигурување за тие пет години е 18,4 проценти од платата, односно до 2.500 евра.

„Ние мораме да го заштитуваме пензискиот фонд и истовремено отвораме нови работни места, пензискиот фонд мора да го држиме стабилен да дава редовно пензии, но и да обезбедува пензии за идните пензионери – нагласи Заев.

На крајот на септември ќе го имаме викендот без ДДВ.

– Викендот ќе биде воведен пред почетокот на школската година бидејќи тогаш знаеме дека родителите повеќе трошат за дечињата, изјави Заев.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »