Промовирани огласи »

Регулаторната комисија донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека  на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот е 49,50 ден/лит, а на на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС
изнесува 25,311 ден/кг.

Промовирани огласи »

Кој ќе може  да оди во пензија со 64 години? Во владата различни ставови по ова прашање.

Според министерката за труд Шахпаска, задолжителното пензионирање на работниците на 64 години  ќе  важи за сите вработени во јавниот сектор , не и за оние во приватните фирми. 

Работиме на законот за пензионирање со возраст со 64 години и 15 години стаж кој ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност во реалниот сектор работникот и работодавецот со заемен интерес да се договорат за продолжување на работниот век, вели министерката за труд Шахпаска.

Пред извесно време пак премиерот Заев посочи дека се носи одлука за задолжително пензионирање со 64 години и ова да важи за сите вработени, освен за дефицитарните кадри кои не може да  се надополнат. 

 Се носи одлука за задолжително пензиопнирање за сите на 64 години, освен за дамите кои можат да изберат  да одат во пензија и на 62. Се размислува за одредени  кадри да не важи како за дефицитарните, сестри доктори.., рече Зоран Заев.

Во новиот закон ќе се даде можност во пензија да се оди пет години порано од 64 и 62, но работникот ќе треба сам да си го докупи стажот. Ова правило сеуште не се знае за кои дејности ќе важи, не се знае ниту колку ќе треба да платат работниците за докуп, ако сакаат да одат порано во пензија.

Од ССМ сметаат дека не може работници од различни дејности со различна тежина на работата да се пензионираат под исти услови. Тие бараат жените во пензија да може да одат со 35, а мажите со 40 години работен стаж без разлика на нивната возраст.

Меѓународните инситуции ММФ и Светска банка  неколку пати советуваа да се зголеми старосната граница за пензионирање. 

Според податоците во земјава има 327 илјади пензионери.

Промовирани огласи »

И во услови на пандемија, во Агенцијата за вработување во моментов има над 5.500 слободни работни места. 

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата. 

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти, адвокатски приправници и слично.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.

Промовирани огласи »

Бизнисот во Македонија преку Сојузот на стопански комори на Македонија упати до државата 25 барања за помош за надминување на економската криза предизвикана од епидемијата, меѓу кои едно од нив е и засилено доделување на грантови до претпријатијата како една од најпотребните мерки.

„Приоритетна мерка треба да биде директна таргетирана финансиска поддршка преку доделување на грантови за помош за најпогодените сектори, за да се ублажат негативните ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата, бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање.

Неопходно е да се креираат прецизни протоколи за работа за сите дејности од Националната класификација на дејности, со цел да им се овозможи на сите право подеднакво да функционираат во контролирани услови по квалитетно утврдени правила. Исто така, од голема важност е да се предвиди можност за одложување или репрограмирање на постоечките кредити за оние претпријатија кои се борат со одржување на ликвидноста за да се превенира пропаѓање или одземање на имотите од страна на банките“, изјави Данела Арсовска, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Од таму бараат државата дополнително да обезбеди олеснет пристап до бескаматни кредити за како што велчат - покривање на варијабилните трошоци, како што се оние за тековните оперативни потреби, но и да им се овозможи на сите на кои им се потребни да имаат можност за пристап до овие средства преку национална гарантна шема за поддршка на претпријатијата при кредитирањето.

Се бара продолжување на мерката од 14.500 денари до март 2021 година, како и одложување на сите даночни долгови за 2020 година и истите да се плаќаат на рати, без камата.  Од Сојузот информираат и дека доставиле до Владата предлози за финансиски мерки за секторите угостителство, туризам и транспорт.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »