Промовирани огласи »

Сè уште има такви кои не се подготвени да се вратат во добрата, стара канцеларија.

Дојче банка им соопшти на своите работници во Њујорк дека најверојатно ќе продолжат со работа од дома до средината на 2021 година, за разлика од ривалските банки кои сакаат да ги вратат своите работници во своите канцеларии.

Во своето соопштение, банката изрази разбирање за своите колеги кои се соочуваат со постојано синхронизирање на работата и училишниот распоред на децата, како и загриженост за јавниот превоз, чистотата и квалитетот на животот.

Вработените можат да работат од дома до јули, кога компанијата планира да го премести своето седиште од Волстрит во нови канцеларии на Менхетен.

– Ќе ве замолиме да се вратите во канцеларијата кога ќе се преселиме во нашата нова зграда, под претпоставка дека тогашното опкружување ќе овозможи безбедно враќање на работното место – рече Матијас Круз, шеф на американскиот огранок.

Другите компании сакаат што поскоро да ги вратат своите работници во своите канцеларии, а ЈП Морган Чејс им соопшти на своите вработени дека крајниот рок е денес.

Од друга страна, некои работници ширум светот се толку навикнати да работат од дома што сакаат да продолжат со тоа темпо, доколку е можно барем два дена во неделата.

Промовирани огласи »

Џеф Безос го објави првиот оглас за вработување во Amazon во август 1994 година и тој е целосно во согласност со начинот на кој Безос и денес ја води својата технолошка империја.

Името на компанијата во тоа време беше Cadabra, скратена верзија на волшебниот израз Абракадабра. Откако адвокатот на Безос му рекол дека Cadabra звучи како леш преку телефон, Безос го сменил.

Во огласот на Безос се наведува дека тој бара исклучително талентирани програмери кои ќе помогнат во отворање на онлајн продавница. И со истите високи стандарди што ги бара Безос денес, тој напиша дека кандидатите треба да можат да градат големи сложени системи.

Во своето прво писмо до акционерите во 1997 година, Безос го опиша своето претпазливо вработување како најважниот елемент за успехот на компанијата.

“Високите стандарди во нашиот пристап кон вработувањето беа и ќе бидат најважниот елемент за успехот на Amazon“, рече Безос.

Промовирани огласи »

Основачот на познатиот ланец супермаркети „Лидл“, Дитер Шварц е најбогатиот Германец.

Ранг-листата на дневниот весник „Билд“ покажува дека овој 80-годишен основач на „Лидл“ и ланецот „Кауфланд“ има имот вреден 41,8 милијарди евра.

На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите „Јакобс“ и „Коти“ со проценет имот вреден 21,45 милијарди евра, а на трето е семејството на Волфганг Порше, сопственик на автомобилските гиганти „Порше“ и „Фолксваген“, со имот вреден околу 20 милијарди евра.

Вкупниот имот на 1.000 најбогати Германци, според „Билд“, во моментов достигнува вредност од 1,1 трилиона евра, што е за 0,76 проценти повеќе од минатата година.

Весникот наведува и дека во Германија има 251 милијардер, што е за осум помалку од минатата година.

MИА

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека  на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот е 49,50 ден/лит, а на на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС
изнесува 25,311 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »