Промовирани огласи »

Марко Бислимоски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика се дрзнува да ја споредува Македонија со Германија каде просечната плата е 3,800 евра или 238,464 денари, а во Македонија се движи околу 25 илјади денари.

„Голфот има иста цена и во Германија и во Македонија, а скоро сите имаме автомобили, а од друга страна цената на електричната енергија во Германија е многу повисока, додека ние после Косово и Србија имаме најниска цена на електричната енергија во Европа“, ова го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски на телевизиско гостување пред два дена.

Дел од јавноста иако со потсмев го прифати ова споредување на Бислимоски главно поради фактот што тој не е дилер на автомобили, а цената на автомобилите е засебна област која зависи од опремата која се користи и колку чинат деловите за еден автомобил, многу ќе се сложат дека ваквото тврдење е смешно.

Понатаму, ако ја споредиме цената на струјата со просечната месечна плата, податоци кои беа достапни од Евростат, а ги анализираше Рефлектор, од графиконот може да се види дека Македонија е четврта земја во Европа каде граѓаните плаќаат 19.1% од просечната плата само за сметки за струја, што не лансира на врвот од Европа од земјите кои најмногу прават издатоци за сметки за електрична енергија од својот приход. Па по ова, Бислимовски не е во право кога вели дека Македонија има најефтина струја, затоа што граѓаните издвојуваат скоро 20 проценти од платата само за сметки за струја. Германците плаќаат 11,7% од просечната плата за еден мегаватчас електична енергија, кој во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата.

Дополнително, споредбата со Германија е исто нелогична затоа што според Канцеларијата за федерална статистика на Германија последните податоци говорат дека годишната просечна плата на еден германец е 46,560 евра, а месечната просечна плата е 3,880 евра или 238,464 денари. Додека пак во Македонија според последните податоците на Државниот завод за статистика од јули месец, просечната плата е 442 евра или 27.231 денари.

Со дополнителното зголемување на цената на струјата од 7,4% сега граѓаните за сметка од 6,000 денари за електична енергија ќе плаќаат 400 денари повеќе или на годишно ниво уште една дополнителна 13-та сметка за струја.

На големо негодување од страна на граѓаните, реакциите кон изјавата и споредбата со Германија на Бислимоски, граѓаните беа немилосрдни во коментарите од емијата, во револт и големо незадоволство затоа што после дваесетина протести за цената на струјата само овој месец, одлуката на Регулаторна и Владата останува со последното поскапувањето од 7,4 %.

Промовирани огласи »

Профункционира Единствената национална платформа за онлајн учење. Веќе е достапна на адресата www.schools.mk. 

Министерството за образование испратило насоки до училиштата и ги задолжило да достави лозинки до учениците и тоа ако може да се стори до крајот на викендов. 

На платформата ќе треба да се приклучат сите, без оглед дали ќе посетуваат настава со физичко присуство или он лајн.

На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини. 

Официјално учебната година почнува на 1 октомври. Препораката беше учениците од 1 до 3 одделение да посетуваат настава со физичко присуство додека останатите да бидат он лајн. Сепак има училишта копи исполнија услови и каде настават ќе биде во училиштата. 

Промовирани огласи »

Наставници што предаваат на деца од прво до трето одделение, се жалат дека оваа учебна година од нив се бара да држат и двојно повеќе наставни часови од она што е предвидено со закон. Проблемот, велат за Радио МОФ, настанал во повеќе скопски училишта каде има голем број пријавени деца за настава во училница, а протоколите дозволуваат најмногу 15-20 ученици истовремено да следат настава. Затоа, овие одделенија потоа се делат во две групи, па наставникот место еднаш, истиот час од први октомври ќе треба да го држи двапати, па дури и трипати, ако се земе во предвид дека дел од децата во едно одделение може да одберат и онлајн настава.

„Наместо 24 наставни часа неделно, сега од мене бараат да држам 48. Но, не се само часовите, каде се подготовките, административите работи, дневникот, спремањето материјали за учениците кои следат настава онлајн… Држењето час не е едноставно, посебно кога работите со најмладите. Моја колешка на пример имаше 25, сега треба да држи 50 наставни часа“, вели наставничка која предава на најмладите основци во едно од чаирските основни училиште.

Томислав Гиевски, претседателот на Независниот синдикат за образование и наука, укажува дека фондот на часови на наставниците изнесува од 20 до 23 наставни часови на неделна основа, и е јасно и недвосмислено наведен во Законот за наставници и стручни соработници.

„Секој акт на работодавачот (усно или писмено укажување) со кој наложува просветниот работник да извршува двапати од законски предвидениот неделен фонд на часови е незаконски и за истиот се сноси правна одговорност. Ги охрабрувам колегите да се придружат во НСОН и да ги пријават сите проблеми со кои се соочуваат со цел истите заедно да ги надминеме. Наставниците повеќе не се сами, сега има кој да им помогне, да им подаде рака за секој проблем со кои се соочуваат. Пандемијата не може и не смее да биде причина за да не се почитуваат законите како и правата на просветните работници. Независниот синдикат за образование и наука ќе ги искористи сите механизми на располагање доколку детектира незаконско работење на работодавачот а со истото се нарушуваат правата на членовите на синдикатот, на тој начин функциониравме до сега, така и ќе продолжиме во иднина“, вели Гиевски.

Тој додава дека нивни членови досега немаат пријавено до синдикатот дека од нив било побарано од страна на работодавачот двојно да ги извршуваат своите работни задачи, но тврди и дека во училиштата каде што НСОН има синдикални подружници, работодавачите се претпазливи и должни да ги почитуваат правата на работниците.

Од СОНК, Самостојниот синдикат за образвание, наука и култура го потврдуваат постоењето на овој проблем кој настана поради новите протоколи за држење настава во училница, а со цел спречување на ширењето на Ковид 19. Оттаму за Радио МОФ велат дека се информирани за овој проблем, имаат добиено и конкретни претставки, а во моментов заедно со засегнатите институции работат на надминување на проблемот. Уверуваат дека за кратко време ќе се дојде до решение.

Со новите протоколи за организирање настава со физичко присуство, се ограничи бројот на ученици во училница, но се намали и наставниот час, за 10 минути.

„Во основните училишта во учебната 2020/2021 година воспитно-образовниот процес се реализира согласно Календарот за организација и работа на училиштата, според скратена наставна програма согласно Наставниот план за учебната 2020/2021 година, во група до 20 ученици (во училница со стандардна големина) и физичка дистанца меѓу учениците од најмалку 1.5 метри, како и со задолжително почитување на Протоколот за настава со физичко присуство“, стои во протоколот за настава во пандемија.

Наставата во основното образование може да се реализира со физичко присуство на учениците во училиште или со учење на далечина. Наставниот час ќе трае 30 минути во наставата со физичко присуство или 30 минути час со 5 минути приклучување за наставата со учење на далечина.

Извор:Радио МОФ

Промовирани огласи »

На интернет-страницата на Владата се објавени измените и дополнувањата на општиот дел од протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој се однесува на редовното работење на кината, театрите, балетските претстави, оперските претстави, филмските проекции, концертите, мултимедиумските проекти, фестивалите и манифестациите од дејноста на културата.

Во согласност со протоколот и измените и дополнувањата, за време на одржувањето на овие настани задолжителни се носењето заштитна маска за сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржувањето физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење поставени на дистанца од 1,5 до 2 метра и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката.

Задолжителното одржување физичка дистанца од два метра се однесува и на сите членови на тимовите задолжени за организација. Според препораките, ограничен е капацитетот на посетителите, и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број посетители, до максимум 1.000, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број посетители, до максимум 1.000.

За сите други прашања, за организаторите и за публиката важат веќе утврдените препораки во протоколот за начинот и условите за организација на настани.

Со овој протокол и со измените и дополнувањата не се опфатени приватните веселби.

На интернет-страницата на Владата објавен е и протоколот за активности во градинките по укинување на вонредната состојба, вклучително и измените според кои е предвидено воспитните групи за деца до двегодишна возраст да имаат максимум по 12 деца (наместо досегашните 6) и двајца вработени во смена.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »