Промовирани огласи »

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се воведе нова авионска линија од Будимпешта до Скопје. 

На оваа релација ќе може да се патува со авионската компанија „Виз ер“.

Новата авионска линија ќе биде промовирана во среда, а на настанот најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директот на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и унгарскиот амбасадор Дукс Ласло Иштван.

Промовирани огласи »

Во градот се појави нова прекрасна и впечатлива продавница за козметика - златно црната реклама и прекрасните стаклести лустери ги измамија погледите на поминувачите во близина на Ramstore - КАРИЕРА.мк ви ја открива тајната - во Скопје најпосле пристигна светската козметика KEDMA.

Приказната за овој бренд е уште поинтересен бидејќи се работи за желба и посветеност на млад тим предводен од Елена Тасевска - жена претприемач која со голема страст кон убавината реши да и го претстави овој бренд на Македонија и да го доближи до луѓето кои целосно се грижат за своето лице и тело.

KEDMA е нова линија на пазарот, кажете ни повеќе за тоа?

Согледувајќи ги ревитализирачките ефекти на минералите врз кожата, КEDMA козметиката има развиено сеопфатна линија на козметика, која вклучува нега на кожата,  нега на коса, и спа производи - сите базирани врз основа на минерали од Мртвото Море. KEDMA се развива и продава козметика и терапевтски производи врз основа на соли од Мртво Море, минерали и црна кал. Бескомпромисниот квалитет, иновативниот дух и напорната работа ја позиционираат Kedma козметиката и нејзините производи од Мртвото Море како лидер во индустријата на природни производи за здравје и убавина на жените и мажите.

Од каде идејата и потребата за бреднот KEDMA во Македонија?

За време на едно патување, имав можност да ја откријам и пробам Kedma козметиката. Она што најмногу ме привлече, покрај прекрасниот изглед на производите, беше ефектот кој што имав прилика моментално да го почувствувам. Токму поради тоа решив да го донесам тој бренд во Македонија затоа што сфатив дека нема да имам од каде да го купам како би можела постојано да го користам.

Колку беше комплицирано како жена претприемач да успеете во својата желба да им ја донесете Кедма на жените во Македонија?

На почетокот се соочив со мали проблеми и луѓето се обидуваа да ме предомислат од идејата да почнам свој бизнис, но во ниту еден момент никој не успеа да ме поколеба поради мојата решителност и поддршката која што постојано ја добивав од моите најблиски. Благодарение на себе, а и на нив, денес KEDMA козметиката можете да ја најдете во Скопје.

За колку време сметате дека еден ваков бренд ќе стане тренд во Македонија и за каков тип на жени е всушност наменет?

Козметиката на KEDMA, не е наменета само за жени. Таа има и линија за мажи , но исто така има производи кои можат да ги употребуваат тинејџери и лица со проблематична кожа. Сето ова се должи на фактот дека целата козметика е без парабен и е базирана на природни состојки, вода од Мртво Море која содржи 21 минерал и кал од Мртво Море кои ја регенерираат и ѝ ја враќаат виталноста и природна свежина на вашата кожа. Имајќи го сето ова во предвид, сметам дека ефектот кој што го дава KEDMA многу брзо ќе се рашири меѓу потрошувачите. Првичните наши анализи покажаа дека Kedma би станала тренд за период од околу шест месеци, но ние се надеваме дека тоа би било и побрзо.

За крај, KARIERA.mk е занимава со сите аспекти на HR индустријата, како вие го одбравте тимот на KEDMA и што сметате дека е најважно за еден тим на ваков бренд?

Јас како млад претприемач, кој започнува свој бизис, морам да нагласам дека цврсто верувам дека она што е клучно и најважно за еден проект да биде успешен е да го имате вистинскиот тим од луѓе покрај себе. Многу сум благодарна што ја имав таа среќа да изградам тим од млади, кративни и посветени луѓе кои заедно со мене го прифатија предизвикот и визијата за успешност.

На крајот, би сакала да се заблагодарам на мојот тим и на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Таа е македонската гордост што ја стави нашата земја на официјалната мапата каде се обележани земјите низ светот што имаат едуциран парфимер и е единствената со македонско потеколо.

Професионалната парфимерка Марија Аслимоска изминатите неколку години живее во Даблин заедно со својот сопруг и двете дечиња. Таму е од  2006 година, кога добила понуда за работа. Марија  има диплома и од престижниот  Grasse Institute of Perfumery од Франција каде учела од врвни мајстори на својот занает, а се образовала  и во Хрватска. Македонската јавност преку медиумите ја запозна пред неколку години, кога ги создаде нотите на првиот македонски парфем со дизајнерски потпис.

Неодамна стана мајка по вторпат, па повеќе е посветена на бебенцето, но ужива и додека создава мирисна магија во сопствената парфимерија во Даблин.

Марија секоја година доаѓа во Македонија, некогаш и по неколку пати затоа што носталгијата и приврзаноста кон родното место е посилно од неа.

-Најмногу ми фалат пријателите, седенките со кафе, ќебапчињата од „Дестан“, наши други традиционални македонски јадења, Скопје, Охрид, журките, слушањето на македонскиот јазик секаде каде што одам и уште многу, многу други работи. Дома си е дома!, изјави Марија во едно интервју за порталот Stylist.mk.

Во своето досегашно искуство работела на доста необични проекти, има изработено и специјален парфем за распрскување низ целиот град, како дел од соработката со музејот на парфемите оттаму, а создала и многу формули по лична нарачка.

Ѕирнете во магичниот свет  на Марија:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »