Промовирани огласи »

Германски угостител им дал на своите вработени кои не пушат цигари, пет дена повеќе одмор во споредба со пушачите.

„Претходно, меѓу вработените имало расправија под мотото „овој оди повторно да пуши“. Ова не е критикувано без врска, бидејќи кога ќе ги додадете сите паузи за пушење, ќе добиете неверојатно време”, објаснил угостителот Хелмут Глас од Нојштад.

Тој вели дека ги ставил своите вработени пред одлука дали да прават трајни паузи за пушење или пет дена повеќе одмор.

Според медиумите, тоа е законски потполно исправно, а неговиот систем наиде на големо одобрување во Германија.

Патем, тој има 12 вработени, од кои пет се пушачи и седум непушачи, исто како него.

Еден вработен рекол дека ќе престане да пуши поради неколкудневниот одмор, но шефот го „уловил“ како пуши во подрумот, па морал да се откаже од одморот.

Готвачот, пак, кој по 15 години сега сака да се откаже од пушењето, сепак храбро се држи до непушачки живот.

Промовирани огласи »

„Кутијата цигари треба да има кубоидна форма. Една кутија цигари вклучува најмалку 20 цигари. Пакетчињата на тутун за виткање треба да имаат кубоидна или цилиндрична форма или форма на торбичка. Треба да содржат тутун со тежина не помала од 30 g.“ Ова е содржината на член 14 од Директивата 2014/40 на Европската Унија, донесена во април 2014 година со која се изврши приближување на законите, регулативите и административните одредби на земјите-членки на ЕУ во врска со производството, презентацијата и продажбата на тутунски и сродни производи.

Со нашиот  Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи се изврши усогласување со оваа Директива на ЕУ. Законот беше донесен во мај минатата година, при што на производителите и увозниците на цигари им беше оставен рок од 18 месеци да го усогласат своето производството во поглед на пакувањата и бројот на цигарите.

Основна причина поради која земјите членки на ЕУ, но и над 50 други земји во светот меѓу кои и земјите од регионот на Југоисточна Европа (Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина) имаат воведено услов за минималната големина на пакувањето да биде 20 цигари е тоа дека отсуството на правила за големината на пакувањето ја зголемуваше пристапноста до тутунските производи за возрасните, но што е уште поважно, за младата популација.

Немањето на регулатива за големината на пакувањето на цигарите претставуваше значаен ризик во поглед на заштитата на јавното здравје и е во спротивност со залагањата на здравствените институции за намалување на пушењето, а кои произлегуваат од Стратегијата за борба со незаразни болести. Истовремено, дополнителна причина за ваквата одредба беше и фактот што отсуството на правила за големината на пакувањето со себе носеше и ризик од загуба на јавни приходи и предизвикуваше неоправдани компликации во поглед на администрирањето на акцизите и го попречуваше ефективното планирање на јавните приходи.

Воедно, со Законот се воведува и забрана за продажба на цигари на парче што исто така има улога да ја намали достапноста на тутунските производи кај младите луѓе. Ваква одредба исто така постои и во европското законодавство.

Законот во член 71 го утврдува форматот и изгледот на здравствените предупредувања за штетноста на пушењето на цигарите и другите сродни тутунски производи. Меѓу другото, во него е наведено: „Општите предупредувања освен на македонски јазик и кирилско писмо можат да бидат напишани и на друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, во зависност од проценката на производителот или увозникот“.

Станува збор за одредба која постои во нашето законодавство веќе 10 години наназад, односно оваа одредба е реплицирана во новиот закони од претходните закони за тутун. Меѓутоа, досега ниту еден производител или увозник на цигари ја нема применето оваа можност која ја дава Законот.

Промовирани огласи »

Не се менува цената на горивата. 

Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика. 

РКЕ донесе одлука со која малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат како минатата недела.

Еуросупер БС-95 повторно ќе се продава за 60,50 (денари/литар), Еуросупер БС-98 за 62,50 денари, Еуродизел (Д-Е V) за 49,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,50 денари. 

Но, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе порасне за 0,355 ден/кг и ќе биде 25,666 ден/кг.

Промовирани огласи »

И по 1 октомври нема да можеме да патуваме кај јужниот сосед. 

Грција донесе одлука границите да останат затворени за граѓани oд трети земји, пишува „Новости“.

И по 1 октомври, Грција нема да биде отворена за нашите граѓани. Тоа значи дека е продолжена забраната за влез во Грција на државјани од трети земји, во кои спаѓа и Македонија. 

Поради неповолната епидемиолошка состојба во земјата, грчките власти забранија влез на наши граѓани на почетокот на јули, а таа одлука е продолжувана во неколку наврати.

Денеска во земјава има помал број на заболени. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »