Промовирани огласи »

Почетокот на учебната година остава отворени многу прашања. Родителите нервозни и во паника се прашуваат како да обезбедат компјутери за секое дете со потребните перформанси? Како на еден компјутер две деца да следат онлајн настава? Кој ќе им помага на децата, кога родителите се на работа? Овие прашања кои засега се без одговор, го мачат речиси секое семејство, чие дете од први октомври треба да почне со онлајн настава.

Дополнително, постојат родители кои не знаат да им помогнат на учениците, како полесно да се вклучат на платформата, преку која ќе се изведува настава, а на мака се и голем број наставници кои не се многу вешти со ИТ технологијата.

Дополнителен проблем на учениците и родителите им создаде и тоа што платформата вчера не функционираше.

На мака се и родителите на учениците од прво до трето одделение кои ќе следат настава во училишните клупи. Тие дечиња ќе морат задолжително да носат заштитна маска додека се во училиште. Дали со постојаното носење на маска нема да се доведе во прашање здравјето на децата, но и како ограничувањата и протоколите ќе се одразат врз психичкото здравје не најмладите!?

Досега никој од надлежните не кажа колку е здравствено безбедно носењето маска подолг период, во случајот од најмалку три часа непрекинато.

Се на се`, почетокот на новата учебна година од 1 октомври,  во време на пандемија,  носи многу нервози за родителите, но и многу дополнителен трошок, кој ретко кое семејство може да го покрие без проблем.

Промовирани огласи »

За најавениот „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ само за купени производи со македонско потекло. Ќе се добијат пари назад ако се купи облека, бела техника, санитарија, храна, мебел и друго, само ако се направени во земјава. Исклучок ќе биде само ИТ производите, како компјутер, лаптоп или друга опрема, за кои, без разлика каде се произведени, ќе се враќа ДДВ.  

Според пратеничката Сања Лукаревска ,со новиот сет мерки, се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

„Викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ. 350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ“, рече таа на прес конференција.

Oд Владата сметаат дека мерката е креирана да се излезе во пресрет на граѓаните преку поврат на ДДВ, како и преку набавка на производи кои им се потребни во ковид – кризата (ИТ опрема), да се инјектираат средства во домашната економија, а воедно и да се придонесе кон сузбивање на сивата економија.

Според УЈП, наместо за сите граѓани, Викендот без ДДВ кој е на 10, 11 и 12 октомври, ќе може да го користат само тие кои ќе скенираат сметки во овие три дена.

„Потоа УЈП ќе го враќа ДДВ – то. Оние кој немаат ваква апликација ќе мора да се регистрираат за да може да ја искористат оваа мерка.

Сите оние даночни обврзници кои што ќе сакаат да ја користат оваа мерка ќе мора најпрво доколку немаат апликација Мој ДДВ,  да се регистрираат во системот е – персонален данок. На веб страната се внесуваат генералите, име и презиме, матичен број, и валидна e – mail адреса, се отвара барањето го отпечатуваат, го носат во  канцелариите на УЈП каде што нашите вработени го одобруваат ова барање“, изјавил Михајло Михајлов од Управата за јавни приходи.

Промовирани огласи »

Eдна валута ќе излезе како победник после пандемијата на коронавирусот, а тоа нема да биде ниту еврото, ниту доларот. 

Аналитичарите во банка Голдман Сакс велат дека тоа ќе биде руската рубла. 

Зад оваа валута се  јужноафриканската валута и мексиканскиот пезос на списокот на најатрактивни.

Тие истакнаа колку се чувствителни валутите кон поширокиот економски циклус и приносите на пазарот. Тргувањето со девизи е стратегија каде високо-приносна валута финансира тргување со ниски приноси со валути за да им овозможи на трговците да ја соберат разликата помеѓу стапките.

Иако пезосот е „најдобриот избор на банката“, со оглед на комбинацијата на макро услови кои ја поддржуваат валутата, во извештајот стои дека другите сепак можат да ја водат трката со неа.

Промовирани огласи »

Во кои институции ќе се спојуваат функции а во кои ќе се крати ќе се знае кон крајот на годината.

Јетон Шаќири во својата прва прес-конференција како нов министер за информатичко општество и администрација посочи дека анализите во јавниот сектор се почнати, се прават во соработка со Европската унија а конечната слика со конкретните чекори ќе се знае во декември.

Не сакаше предвреме да калкулира колку со овој процес ќе се олабави пренатрупаниот административниот кадар.

Прашан за статус-кво ситуацијата со вработените по Рамковен договор кои земаат плата а не одат на работа, Шаќири даде збор дека најбрзо што може ќе ги укине договорите на тие кои ќе одбијат да бидат распределени.

Токму спојувањето на повеќе функции во една беше еден од најспоменуваните можни методи за решавање на слабостите во јавниот сектор. Премиерот Заев вети дека до крајот на мандатот ќе ги намали административците за 20 проценти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »