Промовирани огласи »

Повторно поскапува паркингот во рамките на Комплексот клиники Мајка Тереза, вака одлучи претпладнево мнозинството предводено од СДСМ во Советот на Град Скопје и го усвои предлогот на градоначалникот.

Во време на светска пандемија кога здравствените услуги за многумина се неопходни цената на паркингот на Клинички се зголемува од 25 на 30 денари.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодмна се пофали со изгрдбата на новиот паркинг кај Гинеколошката клиника за кој граѓаните се шегуваа дека е единствената инвестиција на СДСМ во здравството изминатите три години. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да прими 150 возила, но очигледно граѓаните скапо ќе ги чини.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одржа координативен состанок со снабдувачите на топлинска енергија Снабдување со топлина БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Претставниците на енергетските компании разговараа с регулаторите за подготвеноста на топланите за снабдување со топлинска енергија во пресрет на новата грејна сезона 2020/2021 година.

„ БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона. Две опции се можни во однос на почетокот на грејната сезона. Според првата, грејната сезона започнува на 15 октомврии трае до 15 април наредната година. Според втората опција, по исклучок, снабдувањето може да започне и од 1 октомври доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква од 12 степени целзиусови, според податоците на УХМР. Инаку сите три топлани согласно препораките од Министерството за Здравство се соодветно организирани во тимови кои ќе работат на смени се со цел да им излезат во пресрет на потребите на потрошувачите. Во изминатиот период поради состојбата со Ковид 19 најголем дел од енергетските компании ги дигитализираа услугите, за информирање и пријавување на дефекти за сервис преку соодветни платформи на нивните веб страни.

Да ве информирам дека до 31 октомври поедноставени се условите за исклучување на корисниците на топлинска енергија од системот чии што станови се празни, односно не се користат. Граѓаните ќе треба да достават само барање за исклучување и изјава до Снабдувачот, кое практично и автоматски ќе се прифати, со што овие граѓани ќе го плаќаат фиксниот надоместок за топлинска енергија. Но, по завршувањето на грејната сезона овие граѓани ќе мора да потврдат дека станот бил празен во текот на грејната сезона со тоа што во мај наредната година ќе треба да приложат сметки за електрична енергија со максимална дозволена фактурирана потрошувачка до 50 kW/h месечно или максимално до 350 kWh за изминатата грејна сезона“ изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

Во Скопје вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија. Од почетокот на годината до сега има околу 1 000 нови потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на топлина.

Промовирани огласи »

Од први октомври, сите вработени во државната администрација ќе работат од 8 до 16 часот, односно се укинува флексибилното работно време.

Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, со која престанува да важи претходната одлука според вработените во државната управа можеа да почнуваат со работа помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот да биде помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Промовирани огласи »

Владата одобри целодневна настава во училиштата, откако ваква препорака вчера даде Комисијата за заразни болести. Според информации на Сител, на денешната владина седница во целост било прифатено мислењето на комисијата целодневната настава да биде до 15 часот и тоа за учениците кои се пријавени за физичко присуство и родителите не се во можност да ги земат од училиште во 11 или 12 часот кога завршуваат часовите согласно протоколот за работа. Владата се одлучила за целодневна а не за дневен престој за да не се мешаат групите на ученици и да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид 19. 

Како што дознаваме, на владината седница е одлучено и за отворање на дневни центри за лица со попреченост како и посебни протоколи за работа на игротеките.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »