Промовирани огласи »

Од 1 април во Германија на сила стапи нов закон за привремена работа преку агенција. Според тој закон, работниците веќе нема да може да работат привремено подолго од 10 месеци, а после девет месеци работа мора да заработуваат слична плата каква што имаат и работниците на фирмите, фабриките или компаниите во кои работат, кои работат на слични работи.

Новиот закон предвидува и дека привремените работници повеќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој веќе повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.

– Едноставно агенциите човекот кој го изнајмиле после девет месеци ќе го оттргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така се почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, го повлечат работникот и го испратат во друга фирма – смета Бингула.

Според неофицијалните информации преку овој закон во Германија работат околу милиони луѓе, што е отприлика три посто од сите вработени во таа земја.Новиот закон предвидува и дека привремените работници повеќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој веќе повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.

Едноставно агенциите човекот кој го изнајмиле после девет месеци ќе го оттргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така се почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, го повлечат работникот и го испратат во друга фирма – смета Бингула.

Според неофицијалните информации преку овој закон во Германија работат околу милиони луѓе, што е отприлика три посто од сите вработени во таа земја.

Промовирани огласи »

Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека од вкупно 71.519 деловни субјекти во Македонија дури 8.057 се фирми без ниту едно вработено лице.

Од 1 до 9 вработени има во 56.725 фирми, 3.111 деловни субјекти имаат од 10 до 19 работници, 2030 фирми имаат од 20 до 49 работници, 1.363 фирми имаат од 50 до 249 работници, а 233 фирми имаат над 250 работници.

Податоците на ДЗС покажуваат драстично зголемување на бројот на таканаречени човек-фирми во кои освен основачот односно менаџерот нема ниту еден вработен. Имено, во 2014 година во земјава имало 3.972 човек фирми што значи дека за две години односно во 2016 година нивниот број пораснал на 8.057 или повеќе од два пати.

Промовирани огласи »

Од денес новата банкнота oд 50 евра на кирилица влегува во оптек, објави Европската централна банка.

Ова е трета банкнота од заедничката европска валута, на која натписот "евро" е испишан на кирилица, бидејќи бугарската азбука стана официјален во Европската унија, откако земјата се приклучи во Унијата во 2007 година.

Пред тоа, во 2013 година, прво беа заменети банкнотите од 5 евра, а потоа, во 2014 година, - оние од 10 евра.

Новата банкнота од 50 евра е со подобрена заштита против фалсификат. Ова се наложуваше, бидејќи само во Германија цели 61% од сите запленети фалсификувани банкноти се имено апоени од 50 евра.

Во оптек денес влегуваат 5,4 милијарди од новите банкноти, а тие прво ќе се појавуваат во земјите од еврозоната.

Старите апоени продолжуваат да се редовно платежно средство и не е потребно да се разменуваат. Тие ќе бидат повлечени постепено од банките. До крајот на 2018 година треба да бидат пуштени и нови банкноти со номинална вредност од 100 и 200 евра. Веднаш потоа од оптек ќе се извадат оние со номинална вредност од 500 евра.

Промовирани огласи »

Дека органски произведената храна  се бара и е добро платена, потврдува и Бранко Атанасов од Струмица, дипломиран земјоделски инженер, повеќегодишен сертифициран органски производител на овошје. 

Атанасов е фокусиран пред сè на прозиводство на органски јагоди. Вели дека органското производство бара многу труд и грижа, но му помагаат блиските. Тој е потпретседател и еден од оснивачите на локалното здружение на производители на органски производи „Органо-погистик“ и сертифициран советник за органско производство.

Атанасов раскажува дека со органското производство се занимава уште од почетоците на развојот на органското производство во Македонија, а многу поинтензивно тоа го прави во последниве години. Во неговата органска фарма која се наоѓа на 7 километри од градот имаат застапено повеќе видови на овошки, од кои најголем дел заземаат јагодите во пластеници и малините, секои од нив засадени на  околу 700 м2.

Јас сум вработен во тераписката заедница  „Покров“ која е рехабилитациона програма за одвикнување од зависности и на чии површини, и  исто така практикуваме органско производство. Ми помага сопругата која исто така е вработена, како и родителите кои скоро цела година престојуват на фармата. Органското производство е трудоинтензивно, па секоја помош е повеќе од добредојдена. Досега не сум имал проблем околу пласманот на сите производи, дури е евидентен и недостаток и зголемена побарувачка на истите. Сето производство го пласирам во Скопје кај Прва кооператива на потрошувачи на органска храна „Наша добра земја“, со која имам одлична соработка. Сертифицираните органски производи се многу поквалитетни од конвенционалните, не содржат резидуи од хемиски препарати и ѓубрива бидејќи се одгледуват на природен начин и со природни препарати за заштита и исхрана. Затоа и нивната цена е повисока и во зависност од културата и пазарните текови, се движи од 30-80% , а со тоа и заработувачката е поголема - вели Атанасов. 

Раскажува дека порано било многу потешко органски да се произведува храна бидејќи користеле ѓубрива и средства за заштита кои сами ги подготвувале. 

Сега веќе на пазарот сè повеќе има достапни средства за заштита и исхрана кои исто така од соодветни тела се сертифицирани за употреба во органското производство. Јас проблемите би ги идентификувал во сè уште недоволната едукација на производителите околу справувањето со потенцијалните или настанатите проблеми и нивно решавање. Затоа обавуваме обуки каде го спојуваме теоретското и практичното и споделуваме искуства како би можеле да ги превенираат или надминат проблемите - додава тој. 

Атанасов ги охрабрува производителите барем еден дел од своите површини да ги преориентират во органски и да направат споредба со конвенционалните. Објаснува дека ако можат јаболката и јагодите кои на некој начин се синоним за третирано овошје да бидат органски произведени, тогаш би можеле и другите култури.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »