Промовирани огласи »

Мепсо нема да се откаже од покачувањето на струјата. Од компанијата велат дека  електричната енергија не е социјална мерка и покрај тоа што има субвенции за ранливи категории. Не се знае ниту дали зголемувањето ќе помогне да ги покријат сите потребни иневстиции на компанијата затоа што добиле минимално покачување иако побарале многу повеќе. Според директорката Шуклева не се знае ниту дали Мепсо идната година повторно ќе побара нов раст на цената. Електричната енергија во август поскапе за 7,4 проценти. Од регулаторна тогаш посочија дека ќе ја повлечат одлуката за зголемувањето само ако државните енергетски компании се сложат на таков чекор. 

Освен  со повисоката цена на струјата на самиот старт на грејната сеозна скопјани проблеми имаат и со греењето. Од вчера граѓаните се со поладни радијатори.  Револтот го изразија и на социјалните мрежи. Велат дека  цела година плаќаат сметки, а кога ќе дојде време да се грејат радијаториоте се ладни. Од БЕГ пак појаснуваат дека редуцираното снабдување со топлинска енергија е поради ограничувањето на испораката на природен гас од Бугарија. Смируваат дека  намалената испорката нема да влијае на конфорот во домовите на потрошувачите.

Промовирани огласи »

Microsoft во третиот квартал од оваа година прикажа добивка од 37,2 милијарди долари, додека експертите очекуваа позитивен финансиски резултат од 35,72 милијарди долари.

Според Ројтерс, во голема мера профитот на Microsoft се должи на трендот на работа од дома, како одговор на мерките против пандемијата.

Акциите на Microsoft во вторникот на њујоршката берза пораснаa за 1%, на 215,40 долари.

Најголем пораст на приходите има во сегментот Intelligent Cloud и тоа за 20% на 13 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

Исто така, известуваме дека Министерството за образование и наука веќе го повлече  учебникот по Македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина. Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандардно јазична норма.

Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието како и со обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.

Промовирани огласи »

Сопственик на хрватска компанија ги казнува вработените кои ќе завршат во самоизолација поради коронавирусот. 

Ѓуро Хорват е сопственик на компанијата „Техникс“ кој на сите свои вработени им упатил допис дека ќе ги казнува доколку завршат во самоизолација.

На овие работници платата ќе им ја намали за 10 отсто. 

„Донесовме мерка за дестимулирање на луѓето кои се во таков однос кон сопственото здравје и кон компанијата затоа што нѝ недостасуваат 20 луѓе. Истовремено, тие пари ги насочуваме на оние вработени и менаџери кои се здрави и кои одговорно се однесуваат, сакаме микроорганизација на свеста на сопствена одговорност. Сите мораме да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рекол Хорват за ХРТ.

Неговата компанија навистина ги казнила со 10 отсто од плата оние кои завршиле во самоизолација. Вели дека ако некој оди во кафуле и се зарази, тогаш сам го предизвикал тој дел од нездравиот живот. 

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.378 нови случаи на инфекција со коронавирусот, а имаат и рекорден број на смртни случаи – 23. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »