Промовирани огласи »

Падот на економијата годинава ќе биде 4,9 oтсто. 

Европската комисија ја коригираше стапката на пад на бруто домашниот производ во Македонија.

Во пролет излегоа со прогноза која предвидуваше пад од -3,9 осто од БДП, а сега падот на БДП се проектира на -4,9 отсто. 

Закрепнувањето на економијата ќе биде бавно и неизвесно.

„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“, вели Фрек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања на ЕУ.

За 2021 година се предвидува раст на БДП за 3,8 отсто, а за 2022 година 3,5 отсто.

ЕК предвидува дека невработеност во земјава ќе остане стабилна. 

Државниот долг најверојатно ќе надмине 50 отсто од БДП, и тој ќе порасне идната година. 

Поради пандемијата многу граѓани ги изгубија работните места. 

Деновиве од угостителскиот сектор најавија дека се можни затворања и откази. 

Промовирани огласи »

МојДДВ #МојаНаграда: Извлечени 15-те добитници на 20.000 денари

Проверете дали сте и вие еден од нив

Вчера се одржа деветтото месечно извлекување на 15 награди од 20.000 денари од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда.

На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

Ова се добитниците: Ивана Митрески – Неготино, Весна Стаменковска Митковска – Скопје, Станко Јовановски – Македонска Каменица, Татјана Гнип Катароска – Прилеп, Ѓоре Гиновски – Охрид, Габрјела Николиќ – Скопје, Нели Нелковска – Ресен

Неџмије Алиу – Тетово, Татјана Руневска Ѓоргиевска – Скопје, Сања Станишковска – Куманово, Александра Смилевска – Скопје, Игор Цветковски – Скопје, Марко Наумовски – Скопје, Елена Катранова – Велес, Ивана Митковска – Теовска – Скопје.

Промовирани огласи »

Грција ќе оди во едномесечен целосен карантин?

30 дневен карантин за справување со ситуацијата

Епидемиолозите и предложија на грчката влада да воведе 30 дневен карантин во целата држава, откри министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас говорејќи вечерва за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

–ПРЕПОРАКАТА НА КОМИСИЈАТА НА ЕПИДЕМИОЛОЗИ ДО ВЛАДАТА Е LOCKDOWN ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ЗА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ. ПРЕМИЕРОТ НА ЗЕМЈАТА, ЌЕ ИЗЛЕЗЕ УТРЕ СО СООПШТЕНИЈА, ОЧИГЛЕДНО ЗЕМАЈЌИ ЈА ПРЕДВИД ОВАА ПРЕПОРАКА, РЕЧЕ КИКИЉАС.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, утре напладне ќе излезат со соопштенија за справување со епидемијата, а ќе одговараат и на новинарски прашања.

Во Грција денеска беа регистрирани рекордни 2.646 нови случаи.

Извор:МИА

Промовирани огласи »

Сега е вашата шанса да инвестирате: Најбогатиот во светот ги „распродава“ акциите !

Најбогатиот во светот ги „распродава“ акциите !

Шефот на Амазон, Џеф Безос, оваа недела продал акции на неговата компанија, во вредност од над три милијарди долари, според „ОпенИнсајдер“.

Безос ја забрза продажбата на своите акции во последната година. Во август акциите на Амазон стигнаа вредност од над 3,1 милијарди долари, откако во февруари им продаде акции во вредност од над 4,1 милијарди долари.

Оваа недела, нејзината вкупна продажба во 2020 година изнесува повеќе од 10,2 милијарди долари, што е значителен скок од 2019 година, кога Безос продаде акции во вредност од „само“ 2,8 милијарди долари.

Дури и по последната продажба на акции, Безос сепак поседува над 53 милиони акции во вредност од скоро 170 милијарди долари, што го прави најбогата личност на светот.

Трансакциите беа извршени како дел од однапред договорен план за тргување 10б5-1. Амазон одби да ја коментира најновата продажба. Безос претходно изјави дека продава акции на Амазон во вредност од околу милијарда долари секоја година, за да го финансира својот стартап „Blue Origin“.

Покрај тоа, извршниот директор на Амазон во февруари лансираше Earth Fund од 10 милијарди долари за борба против ефектите од климатските промени, што ќе додели грантови на научници, активисти и други организации.

Иако сè уште не ги објави примателите на Фондот, Атлантик во вторникот објави дека се очекува Безос да даде 100 милиони УСД на следниве организации: Заштита на природата, Фонд за одбрана на животната средина, Совет за одбрана на природните ресурси и Светски фонд за диви животни”.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »