Промовирани огласи »

Во тек е исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третото тримесечје односно за месеците јули, август и септември.

Овој пат, исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ. Сепак дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве. Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките.

УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

По овој основ, според податоците Управата треба да им исплати речиси 430 милиони денари.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 сппред податоците, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Промовирани огласи »

Happy Shelter е организација за спасување на животни бездомници, кои се обидуваат да најдат соодветни домови во Северна Македонија и во странство. Happy Shelter се наоѓа во Скопје, на површина од 2800 м2.

Ова прибежиште, идејно и финансиски, е створено од страна на една личност и со помош на неколку донации. Работи единствено благодарение на донациите и волонтерската работа. Љубителите на животни можат и да волонтираат на ова прибежиште. Доколку сакаат, може и да донесат куче и да се грижат за него барем еднаш неделно, но под услов тоа да биде чипирано, вакцинирано, стерилизирано или кастрирано. На овој начин може да се спаси што поголем број на бездомни животни но и да се зголеми свеста кај луѓето, дека и тие се живи суштества со свои потреби како и сите нас.

Во продолжение ви ја пренесуваме пораката од тимот на „Happy Shelter“, кои исто така можете да ги најдете на Фејсбук: https://www.facebook.com/HappyShelterSkopje/ или да ги контактирате на емаил: [email protected] и тел: 071 303 750.

Другари,

Денес одлучивме во кратки црти да ви ја раскажеме нашата приказна, прилично е нова, но сите ние во Happy Shelter напорно работиме за да трае уште многу долго!Нашиот шелтер постои од 15.09.2020. Но, како дојдовме до идејата за него?

Ние сме мала група на луѓе кои постојано помагаме на уличните животни и се грижиме за нив.

Па така еден ден нешто светна во нашите глави...

Зошто да не ги здружиме нашите сили и да не помогнеме на многу поголем број на четириножни другарчиња кои талкаат низ нашата земја?!

Тие ќе бидат happy, ќе бидеме и ние happy, и така се отвори Happy Shelter...

Сите ние бевме свесни колку ова ќе биде тежок пат за сите нас, колку време, труд и лични средства ќе треба да вложиме за да го изградиме целиот шелтер, од боксови па се до соби за мачињата.

Нашата цел е да згрижиме што повеќе животни и да им го олесниме животот, особено во студениот период кој доаѓа. Како што знаете, сега за сега, сè уште сме на самиот почеток и немаме доволно средства за сами да ја водиме оваа битка. Но, тука сте и вие! Ни помагате вие на нас, за да можеме и ние да ви помогнеме вам.

И сето ова со една цел, помош за животните!!!

Промовирани огласи »

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) вчера реагираше на најновиот заклучок на Владата со кој на болните од Ковид нема да им се исплаќа 100 проценти плата.

Синдикатот бара да се врати старата одлука и да се изјаснат сите синдикати дали е вистина дека по нивна иницијатива е скратено ова право. Од министерката за труд и социјална политика се бара да каже кои граѓански организации барале кратење на ова право.

– Недозволиво е министерката за труд и социјална политика да се повика на сидикатите и невладините организации за да го оправда овој крајно срамен потег, со кој едно од основните права на работниците се кратат само со заклучок на Влада. Уште потрагично е да не се консултираат социјалните партнери за ваква круцијална одлука  за која што одговорно тврдиме дека никој не не консултирал или пак прашал, велат од КСС.

Потсетуваат дека од почетокот на пандемијата бараат Ковид-19 да биде прогласено за професионално заболување и апелираат да се направи ажурирана проценка на ризик на работните места согласно новата биолошка штетност како што повикува и Законот за безбедност и здравје при работа и правилникот за биолошки штетности.

Промовирани огласи »

Шопинг манија наречена „Блек Фрајдеј“ (Црн петок) низ светот доаѓа од САД, а во последниве неколку години е многу актуелна и во Македонија.

Кај нас „Црниот петок“ станува традиција од пред неколку години, поточно со отворањето на големите трговски центри во Скопје. Со попусти настапуваат сите модни марки и продавници, а тие се движат од 20 до 50 или дури 70 отсто во зависност од актуелноста на производите и „староста“ на колекциите. Како и во светот, ретко ќе налетате на овој ден на големи попусти на моделите од актуелните колекции, секако ќе можете да најдете супер модно парче по супер цена.

Причината од која настанал „Црниот петок“во САД се распродажбите со цени до дури 70 отсто попуст, како најава за почеток на шопингот за божиќните и новогодишните празници.

Во прилог на американската манија за шопинг за време на „Блек Фрајдеј“ зборува и тоа дека многу луѓе кампираат по неколку дена пред продавниците за да бидат први во редот.

Но, дали и годинава ќе е така, со оглед дека владее пандемија на ковид 19. 

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер ги повика супермаркетите и трговците на интернет да го одложат таканаречениот „Црн петок“, што привлекува голем број клиенти поради значителни попусти.

„Црниот петок“ е на 27 ноември, а во Франција, продавниците што не продаваат есенцијални стоки се затворени поради ограничувачките мерки за борба против коронавирусот.

Помалите продавници, што не работат поради одлуката на Владата, стравуваат дека ќе претрпат загуби од конкурентите, големите онлајн компании како „Амазон“, кои можат да работат и да испорачуваат стоки за време на втората блокада во Франција.

Дали следниот петок е навистина вистинското време да се организира „Црн петок“? Мојот одговор е не, нагласи Ле Мер во Сенатот.

Тој најави дека ќе побара од супермаркетите и продавачите на интернет да ги истражат сите опции за одложување на настанот. Директорот на „Амазон“ за Франција претходно изјави дека компанијата забележала зголемување на активноста до 50 проценти за време на второто заклучување.

Иако, Блек Фрајдеј не е службен празник во САД, многу од работодавците на своите вработени им даваат слободен ден за да можат без пречка да купуваат.

Името Црн Петок доаѓа оттаму што поради огромната гужва на улиците ( од над 220 милиони луѓе кои одат на шопинг), полицајците во САД како и таксистите тешко се снаоѓаат во сообраќајот тој ден поради неверојатните метежи. Всушност, во 60-те години за време на „Блек Фрајдеј“ полициските службеници се жалеле на тотален колапс на сообраќајот предизвикан од овој ден на големите попусти, кој започнува на првиот ден после Денот на благодарноста- еден од најважните американски празници.

За време на овој ден, неретко се случува стампедо пред продавниците кое предизвикува и фатални исходи. Познат е случајот за смртта на 34- годишниот продавач во САД кога над него паднале влезните врати кои попуштиле пред навалата на масата купувачи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »