Промовирани огласи »

Кои возила ќе се легализираат со новиот закон? Државата пресмета точно дека од мерката ќе заработи над 20 милиони евра, но нема конкретен одговор на прашањето кои се тие автомобили кои ќе добијат македонски таблички.

Законот кој синоќа го усвои Владата предвидува 50% попуст на давачките за регистрација на возила на странски таблички во сопственост на лица кои имаат двојни државјанства. Тие возила треба да се внесени до 1-ви октомври годинава и да се со стандард ЕУРО 4. Мерката ќе важи една година.

Но остануваат две дилеми, што значи датумот 01 октомври и колку од овие возила кои претежно се со косовски и бугарски таблици се со стандардот ЕУРО 4.

Засега  е нејасно дали 01 октомври е датум на прв или последен влез на автомобилот во земјава. Хипотетички, дали возило кое е купено во август и влегло во Македонија, а државата ја напуштило по 1 октомври и пак е вратено во Македонија ќеможе да подлежи на регистрација? Официјално објаснување во владата немаат, но неофицијално од Економија велат ќе се смета датумот на купување на возилото, кое треба да биде пред 1 октомври. Но, јасно е што со тие што нема да ја искористат мерката.

Екологистите реагираат дека ова е уште една мерка со која повторно ќе се полни земјата со автомобли кои загадуваат.

Согласно предлог законот, со барањето за легализација ќе треба да се поднесе и доказ за потекло, за сопственост, за регулирани даночни и царински обврски и докази за техничка исправност и за издувни гасови.

Промовирани огласи »

Мила Царовска, министерката за образование, презентирајќи го ресорниот буџет за следната година, рече дека во него се предвидени и пари за бесплатниот студентски оброк, проект кој започнува да се имплементира во 2021.

- 900 милиони денари се предвидени за 50.000 студенти и ученици. Овдека влегуваат пари за стипендии и сместување, како и бесплатниот студентски оброк, рече Царовска.

Законот за субвенциониран студентски оброк беше донесен на почетокот од годината, но ќе започне да се применува од 15 септември 2021.

Студентите од државните и приватните универзитети секој ден од министерството ќе добиваат по 120 денари, или месечно вкупно 2.400 денари, за приготвена храна од понеделник до петок од рано претпладне до 20.00 часот навечер од 15 септември до 1 јули.

Министерството за образование треба да склучи договори со угостителите кои ќе ја приготвуваат храната.

Промовирани огласи »

Измени во законот за данок на имот е денеска на Владина седница.

Имено, како што беше претходно најавено од страна на премиерот Зоран Заев, во овој закон ќе има измени, па така данокот за втор стан, куќа или простор кој не се користи, ќе биде трипати поголем од оној за куќа, стан или простор кои се користат.

„Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата“, истакна Заев.

Тој посочи дека овој закон еднакво ќе важи и за физичките и за правните лица, кои имаат во посед имот кој не е во функција.

„На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во којашто се тие. Ако не, нека го продаде или нека го изнајми и нека го стави во функција“,потецнира Заев.

Даноците на имот ги наплатуваат општините. Стапката е пропорционална и се движи од 0,1 до 0,2 проценти од пазарната вредност, а данокот се намалува за 50 отсто за станот или за куќата во која се живее.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил соопшти дека возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки.

– Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50 проценти од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави Бектеши на својот Фејсбук.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »