Промовирани огласи »

Измени во законот за данок на имот е денеска на Владина седница.

Имено, како што беше претходно најавено од страна на премиерот Зоран Заев, во овој закон ќе има измени, па така данокот за втор стан, куќа или простор кој не се користи, ќе биде трипати поголем од оној за куќа, стан или простор кои се користат.

„Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата“, истакна Заев.

Тој посочи дека овој закон еднакво ќе важи и за физичките и за правните лица, кои имаат во посед имот кој не е во функција.

„На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во којашто се тие. Ако не, нека го продаде или нека го изнајми и нека го стави во функција“,потецнира Заев.

Даноците на имот ги наплатуваат општините. Стапката е пропорционална и се движи од 0,1 до 0,2 проценти од пазарната вредност, а данокот се намалува за 50 отсто за станот или за куќата во која се живее.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил соопшти дека возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки.

– Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50 проценти од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави Бектеши на својот Фејсбук.

Промовирани огласи »

Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година за што веќе се обезбедени средства во предлог-буџетот на Министерството за економија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија.

Министерот кажа дека досега се искористени 46.000 ваучери за домашен туризам, а податоците од Државниот завод за статистика за раст на бројот на домашни туристи во август и септември покажуваат дека мерката ги дала очекуваните резултати.

„Согласно Уредбта која што ја донесе Владата рокот за искористување на ваучерите за туризам кои ги доделивме во јули истекува на 15 декември, бидејки овие средства беа предвидени во Буџетот за 2020 година и средствата мора да бидат исплатени до 25 декември.

Но, во предлог – буџетот за 2021 година предвидовме средства за да продолжи мерката за ваучери за поддршка на домашниот туризам, по барање на туристичкиот сектор. Мерката ќе се продолжи, но можеби тоа нема да биде во јануари, тоа би можело да биде веќе во вториот квартал, односно во април. Но, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства за оваа мерка и за следната година“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека секторот туризам и угостителство беше најпогоден од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, затоа и најголем дел од мерките во сите четири сета кои што ги донесе Владата за поддршка на економијата беа креирани за поддршка токму на овој сектор.

„Ваучерите во вредност од 6.000 денари беа неменети за граѓани со ниски приходи за поддршка на домашниот туризам, а истовремено имаше и платежни картички во вредност од 3.000 денари кои што можеше да се користат во домашните угостителски и хотелски капацитети. Досега се искористени над 46.000 ваучери, а граѓаните имаат уште еден месец да ги искористат и ги повикувам да ги искористат што помасовно се со цел на тој начин да го поддржат секторот“, потенцираше Бектеши.

Министерот додаде дека хотелиерите и угостителите на располагање ја имаа и мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, каде што според податоците од Управата за јавни приходи најголем дел од компаниите кои што ја искористија оваа мерка се од туристичко-угостителскиот сектор и од транспортот, како и бескаматни кредити, што според податоците на Развојната банка на Северна Македонија, најголем дел на компании токму од овој сектор беа од оние кои добија бескаматни кредити. Целта на мерките е зголемување на ликвидноста на компаниите во државата за полесно да ја пребродат кризата, но и зачувување на работните места.

Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор до крајот на 2020 година треба да добијат исплата на регрес за годишен одмор, попознат како К-15.

Износот на К-15 секоја година се утврдува во зависност од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните три месеци пред датумот на исплата.

Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 проценти од висината на просечната бруто плата.

За вработените во приватниот сектор важи условот да бидат вработени најмалку шест месеци во тековната година кај ист работодавач.

Според последните информации за платите на Државниот завод за статистика, износот на К-15 за 2020 година треба да се движи од 10.956 до 16.349 денари.

Крајниот рок за исплата на регресот за годишен одмор за работодавците е 31 декември 2020 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »